Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (17.3.2015 10:42:59)
|
jana81, со среќа на пункција, да извадат што повеќе квалитетни јајце клетки! [sm=bravo.gif] vazna, читни наназад во темата, ова прашање ептен го имаме разговарано. Во принцип, нема правила - секој во консултација со својот доктор одлучува за степенот на активност после ЕТ. Обично се препорачува првите 3-4 дена да се лежи и мирува по дома, некои тоа го прават строго (како јас, на пример), некои само седат дома и избегнуваат физички активности и контакти со луѓе. После тие неколку дена може да се вратиш во нормала. На некои пак, кои се поактивни по карактер, им е поголем стрес лежењето и веднаш си продолжуваат со активен живот. Не се знае кое повеќе делува, индивидуално е, но јас лично сметам дека добро е да се одмори човек и да подреме дома неколку дена, не мора баш да се лежи, но да се смири телото - да.
|
|
|
|