RE: Вештачко оплодување VII дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


SOLE -> RE: Вештачко оплодување VII дел (4.4.2015 13:37:27)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Kassy

Zdravo na site...
Jas denes imav uspeshna punkcija so priroden ciklus..[sm=bravo.gif]. imame 1 ama vredno, oplodeno e denes i cekame da se razvie.
Se nadevam na dobri vesti narednite denovi...
Pozdravce do site i so sreka neka ni e...


super Kassy, sega daj Boze uspesen transver i se razbira [sm=rozacrtici.gif] i [sm=duda.gif]

Lena i tebe ti posakuvam uspeh [sm=bravo.gif]




lena7 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (4.4.2015 16:55:45)

fala vi na site daj boze site da vidime dve crtki sto poskoro




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.4.2015 16:36:39)

Beba, Kass и lena7, среќнo женски и се нaјубaвo, чекaме дa не изрaдувaте[sm=bravo.gif]




Bea -> RE: Вештачко оплодување VII дел (6.4.2015 8:28:37)

Друшки, полека но сигурно, пристигнав и јас во оваа тема :)
Во петокот (03.04) ја имав првата консултација кај Димитров во Ремедика, започнавме со Метформин 2x500мг. Во четврток одам пак и ако е се во ред од сабота (22 ден од циклус) започнувам со терапија. Уште не знам што и како.
Првиот коментар на Димитров беше дека кај мене постои можност за хиперстимулација и дека на тоа треба да внимаваме. Од друга страна ми вика - ќе имаш ти многу јајца :), ќе има и за замрзнување.
Оффф, хаос ми е во главата уште на почеток, ама пробувам да се средам, да не се замарам премногу и да оставам на докторот и на Божја воља.
Инаку сакав да прашам, дали тие што сте пиеле, имавте гадење од Метформинот? Јас после 4 испиени таблетки, сабајлево баш скоро и да повратив...




kapina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (6.4.2015 8:35:35)

Jas gajle nemam pijam i bromergon plus i metaformin ama jadam nasabajle jabolko




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (6.4.2015 10:19:24)

Bea, со среќа почеток на терапија [sm=smiley1.gif]
Сигурно сега се ти делува збунувачки и комплицирано, но не е до толку, само слушај си го докторот и се ќе биде ок, само мисли позитивно. Лошењето е стандардно, ќе се прилагодиш наскоро. Те чекаме со убави вести [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (6.4.2015 10:43:16)

Цика, имаме ТЕМА за трансфер со смрзнати ембриони. Кога ќе правиш? Bea, среќно, пишувај како ќе тече постапката.[sm=bravo.gif]

*******2014*******
[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif] АКТУЕЛНО[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif]

11.03 - Beba1-почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
07.04 - skopjance-почеток со терапија (New Born Clinic, Скопје)
00.04- vazna- пoчетoк сo терaпијa (Адaмoвскa, Систинa)
00.04 - lena7- почеток со терапија (Петановски, Ремедика)
11.04 - Bea -почеток со терапија (Димитров, Ремедика)
06.04 - Kassy -трансфер со смрзнати ембриони(Димитрoв, Ремедикa)
00.04- Kvisko- трансфер со смрзнати ембриони(Димитрoв, Ремедикa)
00.04 -MademoiselleNina - ИВФ на природен циклус (Ивановски, Систина)


=========================
[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]

31.03- Beba1= пункција 02.04 = ЕТ
03.04- Kassy = пункција 06.04 = ЕТ
10.04- lena7= пункција 13.04 = ЕТ


=========================

14.04-Beba1= ТЕСТ
20.04-Kassy= ТЕСТ
27.04-lena 7= ТЕСТ


2015 година

nadesh[sm=9nebesa.gif] mery [sm=9nebesa.gif] almushka [sm=9nebesa.gif] srekna2[sm=9nebesa.gif] Jeni80[sm=9nebesa.gif]




scared RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (6.4.2015 11:46:58)

Среќно на сите во постапката [sm=bravo.gif] Да вроди со многу бебчиња [sm=bravo.gif]
Bea нормално е првите денови да ти се гади можеш и дијареа да имаш, се додека се навикне организмот е така после е полесно. Зимај и б-комплекс заедно мене тоа ми помагаше доста.




Kvisko -> RE: Вештачко оплодување VII дел (6.4.2015 19:40:42)

Bea метформинот секакко на почеток предизвикува гадење ама брзо ќе се навикнеш на него. Има пишувано за енго во темата за полицистични јајници. Го подобрува квалитетот на јајце клетките и донекаде може да помогне во спреќување на хиперстимулација.
Со среќа и со лесно.

Kassy стискам палци за успешен трансфер и висока бета.




Kassy -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.4.2015 8:30:25)

Zdravo na site...
Vi blagodaram na poddrskata, vcera imav uspeshen embriotransfer, sega sum domce, poleka si odmoram.
Sega sum po relaksirana od minatiot pat, od terapija sum na utrogestan, aspirin i tifol...

Ve pozdravuvam site i so sreka neka ni e...[sm=smiley1.gif]




skopjance -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.4.2015 20:12:33)

Deneska pocnav so terapija. Suprefact po 0.5 na den, pa zdravje slednata treba da dobijaam i zapocnuvam so merional.Jas sum vo novata turska boplica privatno. Prethodno bev kaj Ivanovski I poslednoto kaj Petanovski.




kapina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.4.2015 20:31:59)

Skopjance kako odat cenite vo novata turska bolnica jas vcera stapiv vo kontakt so bahcedzi klinikata vo istambul iako slednoto ivf ke go pravam kaj lazarevski no mi se pogodi prilika da stapam vo kontakt




skopjance -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.4.2015 0:41:00)

Kapina IFV privatno vo turskata bolnica newborn clinic e 2000 evra plus lekovi. Mene midado popustzasto sum tamu megu prvite i plakam 1800 evvra. Inaku kolku e vo bahcedzi vo istambul.Mi rekoadeka vo turska eposkapo ama zatoa lekovite bile poeftini. Nemate prestava kolku se evtini lekovite vo grcija za IFV skoro upola cena.Blaze niv a sporedi plati.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.4.2015 9:25:19)

Kassy, супер вести, ајде те чекаме наскоро, овој пат природно да бидне. [sm=bravo.gif] Скопјанче, со среќа во Клиниката, известувај како ќе тече терапијата со кои инекции, како ќе бидеш задоволна од докторот/ката, услугите, персоналот и сл.

Прашањата за клексан инекции се префрлени во соодветната ТЕМА. Позз




lena7 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.4.2015 16:50:18)

mi zakazaa vo petok za vadenje jajce kletki bas na veliki petok so Gospod napred imam 7 zreli j.k.so 20mm golemina vecer primam pregnil utre bilaks zadutre zabajle vo 8 vadenje...Srekno na site ve izvestuvam naskoro..




SOLE -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.4.2015 20:29:54)

Lena super [sm=bravo.gif] so sreka na punkcija, neka bidat kvalitetni jajcekletkite pa da stanat super embrioncinja [sm=duda.gif][sm=duda.gif] [sm=bravo.gif]




skopjance -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.4.2015 20:32:21)

Lena 7 ti stiskam palci za petok. So sreka neka e punkcijata . Ubava brojka




kapina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.4.2015 21:07:23)

Neznam skopjance kolku e cenata ako sakas ke ti dadam broj od bahcedzi a jas denes im pisav na fb i gi prasav kolku e ivf kaj niv a za lekvite vo grcija znam oti se poevtini jas dostinex si kupuvav od grcija mi gi nosea




Bea -> RE: Вештачко оплодување VII дел (9.4.2015 13:23:00)

Еве ме мене со нови информации.
Дефинитивно во сабота почнувам со терапија.

22 ден од циклус, Suprefact 0.5, откако ќе добијам 0.3. За понатаму + 3 пурегона.
Продолжувам со метморфинот и со бромергонот како и до сега.
Ќе се боцкам во Ремедика, планирам околу 19h, кога ќе се растеретам од сите обврски.

Луѓе не ми се верува дека сум во процедура :)
Да прашам, каде можеда ги најдам претходните делови од темата V и IV?




lukajana RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (9.4.2015 13:41:25)

Веа ти посакувам успешна постапка и две живи и здрави бебиња,за претходните делови од темата Вештачко оплодување пиши горе десно на пребарувачот Вештачко оплодување и кој сакаш дел и ке ти го даде.Позз




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (9.4.2015 15:22:15)

Лена7, супер пиши ни како ќе поминеш. Беа исто среќно во постапката, јас во сличен тајминг се боцкав и најдобар е за да се организираш со сите обврски и потоа дома кога ќе се вратиш, таман навечер да одмараш. Пишувај ни и ти како ќе ти оди постапката, како ќе се чувствуваш од терапијата и сл. Во врска со темите кои прашуваш за Вештачко оплодување, еве ја ПЕТТИ ДЕЛ, а еве ја ШЕСТИ ДЕЛ




Bea -> RE: Вештачко оплодување VII дел (9.4.2015 15:32:34)

Фала девојки, ги најдов темите.
Жива збунка сум :)
А дали користевте суплементи/мултивитамини во текот на постапката? Мене матичната ми препорача уште пред поставпкава да дојде на ред, да пијам Ogestan. Составот е: фолна, витамин Е, витамин Д3, јод и рибино масло со DHA.
Јас ги пијам некое време, пред се заради фолната и јодот. TSH-то ми беше 3.6, па откако ги почнав, се намали на 2.6. Не знам сега дали да продолжам со нив?
Иначе Димитров мислам дека не ги ни погледна вредностите на хормоните, ни ТСХ, ни пролактин... ништо. Ај, нека е на арно само. Пробувам да не се замарам од старт, ама пустото само ме тера да читкам по нешто :)




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (9.4.2015 15:57:56)

Bea, со среќа терапијата, пишувај ни како оди [sm=smiley1.gif] Во однос на суплементите, прочитај и во двете претходни теми, а и овде имаме пишувано многу на оваа тема. Битен е имунитетот, но внимателно - ни преслаб, ни прејак, нежна рамнотежа е во прашање. Читни и за исхрана, физичка активност и други техники што помагаат, и со среќа [sm=smiley1.gif]

Лена, со среќа утре на пункција, да има што повеќе квалитетни јајце клетки! [sm=bravo.gif]




Maic. -> RE: Вештачко оплодување VII дел (10.4.2015 10:21:56)

Здраво девојки, ете ме и мене после подолго време......честитки за сите нови [sm=nosecka.gif], среќа и успех за сите кои сакаме да си видиме [sm=rozacrtici.gif] и нормално [sm=duda.gif] во мешето [sm=smiley1.gif]...
Денес мие 8ми ден од трансфер а 13 ден од пункција, сабајле направив домашен тест и излезе негативен а за утре (сабота) ми рече ембриологот (14ти ден од пункција) да направам bhcg, е сега прашањето ми беше дали многу рано е за тест, некако според трансферот е рано но од пункција е 13 ден....ве молам за ваше мислење. Инаку ова мие второ IVF, за жал првото неуспешно. Ве [sm=smiley31.gif] сите, оптимистички само напред [sm=smiley1.gif]




Kassy -> RE: Вештачко оплодување VII дел (10.4.2015 11:09:09)

Maic.. so sreka.. no sekako, test za beta na 14 den od transfer...mene mi e 4 den od transfer, isto i jas sum po 2 pat so ivf,
pa tamu na 20-ti ke pravam beta.. so sreka i so lesno...




Страница: <<   < Претходна страница  18 19 [20] 21 22   Следна страница >   >>