Hopeful RR
|
Kvisko, добар ти е планот. Одмарање по дома, без многу луѓе, умерено движење и постепено враќање на секојдневни активности, без многу драма правење. Секако нема да чистиш или да се качуваш по планини, ниту пак да се врзеш за кревет, туку целта е да се релаксираш и да се исполниш со убаво расположение. Ние овде на РР сме повеќе уплашени, па си викаме строго лежење за секој случај, но искуствата се различни. Реално, битно е да се однесуваш на начин што нема да ти направи стрес и нервоза. За некои лежењето е ок, за некои пак е понапорно од движењето. Во странство некои продолжуваат не само со нормален живот, туку и со интензивни физички активности, и нема правила кај кого ќе се фати, кај кого не. Движењето е битно и заради циркулација, посебно ако си динамичен тип на човек. Јас лежев од шубе, но искрено и од мерак 3-4 дена, после низ дома се врткав, и втората недела си отидов најнормално на работа, инаку ќе се мрднев дома. Дури бев и на журка-свадба, кај што се потепав од играње Во однос на контактите, не примавме гости и им кажавме и на моите, и на родителите на мм да не олабават и да не ни доаѓаат, и никој ништо не ни искоментира, туку излезе се ок. Побитно е да се изолираш од многу луѓе, за да не закачиш нешто, скраја било, а по дома само лабаво
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|