|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Емисии, филмови и литература за ИВФ
24.2.2015 16:24:26   
LoveableMe RR
Поттикнати од емисијата на TLC Channel, на која почна да се емитува програма за ИВФ, сакав да ве поттикнам да пишувате за литература, емисии и филмови за ИВФ кои ќе бидат од корист за нашите рингерајки.user posted image user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: nadez vera ljubov

ZENSKI SAKAV DA VI KAZAM NEZNAM DALI GLEDATE TLC OD STRANSKIVE KANALI JA IMA NA SITE KABELSKI OPERATORI OD UTRE CE IMA EMISIJA ZA IVF VO 20 00 MISLAM CE IMA SEKOJ PETOK.MISLAM STANUVA ZBOR ZA DVOJKI STO SE VO POSTAPKA NA IVF VO STRANSTVO.PA DA VIDIME KAKO E IVF VO DRUGITE ZEMJI.JAS USTE PRED NEKOJ DEN GO NAMESTIV ZA SNIMANJE DA NE ZABORAVAM DA GLEDAM



ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR
Баш гледав програма, ќе има во различни денови и си наместив на снимање и јас да н заборавам, баш ме интересира што еuser posted image

Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
24.2.2015 16:36:58   
LoveableMe RR
Јас конкретно ја гледав првата емисија, се работи за парови во Полска кои се подложуваат на ИВФ третман, во емисијата што ја гледав кај парот проблемот беше ендометриоза и адхезии, беа подвргнати на третман кој одеше слично како кај нас, лелее кога ги гледав боцкање од папок лево десно, абе цел филм ми се врати, многу работи кога ги гледате во емисијата, како за вас да зборува, си наоѓате сличности, како анонимус алкохоликс, се пронаоѓаш во многу случаи и си бараш сличности. Исчекувањето, радоста за оплодувањето, нервозата, промена на расположение од хормоните, на ден на трансфер се си работеше по дома, дури и на сопругот кошула му испегла, а тој пак само се гледаше како му стоела небаре на забав ќе оди, пусти мажи, жената секогаш појака во вакви моменти.......

ИВФ кај парот беше неуспешно и покрај тоа што им вратија само една бластоциста, значи не како кај нас повеќе и она што ми падна во очи беше дека на трансфер беше облечена во своја облека, не носеше облека од болницава и по трансферот со соппругот седеа на кауч, не лежеше.user posted image

Исто за ембрионите им ги покажуваа на екран и ги прашуваа кој ембрион да го одберат, а правеа комбинирана метода природно и ИСЦИ, не само една или друга метода, така што имаа ембриони од двата процеса и ги смрзнаа останатите. Не кажаа во емисијава дали ќе ги дават во иднина или пак со нови парови ќе продолжат.

Па рингерајки, пишувајте впечатоци и предлози user posted image

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 24.2.2015 16:37:31 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
24.2.2015 19:43:26   
Hopeful RR
Ја изгледав епизодата и плачев цело време, ми се врати се и многу се соживеав. Процедурите се тие, со тоа што од се што сум читала и гледала досега, во западните земји се оди со стратегија еден ембрион - едно живо бебе, за разлика од кај нас, кај што се враќаат два, па дури и три. Во Америка има пракса да се вратат и до 5 ембриони, но само ако жената има над 40 години, и се покажало и тоа како успешно.

Во следните епизоди ќе даваат нови случаи, односно мислам дека концептот им е по еден пар во секоја емисија. Се надевам дека ќе има повеќе успешни случаи, како што овој пат беше таа споредната приказна за жената која после неколку спонтани добила близнаци, а по нив и трето, и тоа природно.

Искрено, мачно ми беше да гледам, ама баш чекам следна епизода user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
27.2.2015 9:51:49   
nadez vera ljubov
da i jas ja gledav vecer ce ima nova epizoda ce imam gosti pa nemozam da gledam pa zatoa ce si ja snimam ce gledam ponedenja.me bendisaemisijava emisijava ima razlika od nasive postapki do nivnite ima i sto da se nauci.vo temaata za ivf mnogu rr se prasuvaa sto e toa isci metoda ubavo bese objasneto.isto na tlc imase emisija neznam nesto vo vrska za seks ja davaa prednedela kasno navecer imase devojka sto vlegla vo menopauza na 22 godini se razocarala normalno .posle nekolku godini zapoznava decko i se zemaat i sakaat potomstvo i im rekle samo so ivf so donirani jajce kletki.i dade bratucetka i jajce kletki no za zal prokrvari pred testot vo sekoj slucaj rekoa deka ce se obidat povtorno so ivf nema da se otkazat isto i kako nasite rr-rajki so gospod napred ce bide kaj site

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
27.2.2015 13:00:14   
kapina
Kaj kolku casot ke ja davaat ovaa emisija

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
27.2.2015 13:00:55   
Melanija RR
Криво ми е што го немам каналот, но ќе пробам да најдам онлаин. Сигурна сум дека може да се видат и наоѓа некои работи.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
27.2.2015 13:02:29   
kapina
Jaa go imam ama nema prevod

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
27.2.2015 20:14:00   
nadez vera ljubov
pocnuva vo 20 oo casot sekoj petok ako nema prevod odi na podesuvanja vo prevodi ima opcija makedonski alalbanski i srpski ako ne e makedonski srpski sigurno ima

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
27.2.2015 21:00:06   
kapina
Ova me potseti sto me ceka ako ne uspeam da ostanam bremena po priroden pat dodeka gi pravam ispituvanjata

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
28.2.2015 14:15:44   
Hopeful RR
Ја гледав вчерашната епизода, попозитивна од минатата, во секој случај user posted image Ми стана криво кога дојдоа порано заради крварење, но ептен се израдував кога излезе дека сепак се трудни, баш ми беше симпатичен парот. Нема откажување, тоа е user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
28.2.2015 15:55:04   
scared RR
Колку ми е криво што ја немам телевизијава user posted image Порано ја имавме и секогаш си гледав емисии, после се префрливме на друг оператор и ја немаме сега. Некаде онлајн да се најдат епизодиве има?

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
28.2.2015 18:40:22   
Melanija RR
Јас барав лаив стрим и не успеав, се некои безвезни доунлодови бараше и ништо.Ако некој најде нека пише

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
28.2.2015 18:58:59   
LoveableMe RR
И јaс јa гледaв, се рaбoтеше зa идиoпaтскa неплoднoст, млaди земени oд 23 гoдини, a седум гoдини немaa децa, идиoпaтскa неплoднoст и девoјчевo збoрувaше истo кaкo кaј нaс декa тешкo јa сфaќaле oд стрaнa тие штo леснo зaбременуле, истите рaзмислувaњa, истите прoблеми секaде кaкo и кaј нaс. Дoктoрoт рече декa нaјтешки му се пaрoви сo идиoпaтскa неплoднoст, бидејќи не знaе штo дa третирa,oсвен дa се oбидувaaт дoдекa не успеaт. Нa крaј успеaјa, беше бременa сo близнaчињa.

Имaше и друг пaр, кoј пo не знaм кoлку oбиди, кoгa им кaжувaле шaнсите ви се 10 прoценти, сепaк дoбиле близнaчињa и кaжaa декa мнoгу луѓе не ги сфaќaле и рсзбирaле нивнaтa бoрбa.

Имaше интервју сo рoдителите нa првoтo дете дoбиенo сo ИВФ вo Пoлскa пред 20 гoдини и сo кaкви предрaсуди се среќaвaле oд срединaтa.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 28.2.2015 19:02:55 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
28.2.2015 21:25:16   
butterfly 00
Jas si gi snimam i si gi gledam vcera bas se izraduvav za parot sto uspeaa da zabremenat samo mnogu mi e cudno zosto posle transver ne gi ostavaat da lezat vo krevet tuku se macat na foteljite prvo voopsto ne im e udobno barem kaj nas toa e dobro reseno i me cudi toa sto ostavaat sami da si gi izberat embrionite za toa kaj nas neli odlucuva embriologot ? Ete sepak ima mnogu uspesni prikazni taka da mislam deka samo se raboti za upornost i uste nesto sto mi ostana vo glava e toa sto eden doktor zboruvase deka IVF e sepak mnogu tezok proces i ima i takvi parovi koi samo ednas minuvaat niz toa i tolku, ne mozat da se odlucat povtorno. Znaci ubavo kazaa deka borbata i bolkata so sterilitetot ne e samo fizicka tuku i bolest za dusata. Minuvame niz mnogu iskusenija, borbata e mnogu teska, no mislam deka so dobra misla i upornost se ke se nadmine i ke izlezeme kako pobednici user posted image user posted image user posted image

_____________________________

3 inseminacii, 2 IVF = / , 2 FET = /

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
28.2.2015 22:22:43   
kapina
Jas sto razgovaram sekojdnevno kazi reci so devojki od SAD sto imat grupa na fb veruvajte procedurite se kazi reci isti kako kaj nas

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 28.2.2015 23:03:40 >

(Одговор на членот butterfly 00)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
6.3.2015 16:34:55   
nadez vera ljubov
Само да ве потсетам вечер на ТLC нова епизода за IVF

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
9.3.2015 10:59:43   
LoveableMe RR
Последнава емисија беше за пар млад пар кој се бори повеќе години со неплодност, некаде околу 30 години беа, правеле инсеминации безуспешно, им викале дека се е во ред, па отидоа во клиниката за ИВф и таму им открија дека таа има низок АМХ со ограничен број на јајце клетки. Беа многу разочарани но сепак почнаа ИВФ постапка. Таа не реагираше добро на стимулациите и решија да прекинат со терапијата и да извадат тоа што има дотогаш, како на природен циклус, а ако не бидне тогаш пак да пробаат класично ИВФ. Следеа уште разочарувања бидејќи извадија една поголема и две помали јајце клтки, ги оплодија но две не успеаја, остана само една и ја вратија без голема надеж дека ќе биде. По две недели, девојкава беше убедена дека не е трудна, сопругот беше оптимист, девојкава баш рече ее во животот се ми успеа од прва факултет, вработување, не верувам дека ова од прва ќе успее со толку проблеми што ги имаме, не сум толку среќна и.... замислете беше трудна бетата 144, а по две недели се виде и на ехо бебушот.

Така што, ако треба да биде ќе биде, не низок АМХ, не стимулации не реагирала, не не знам што, абе ако сака, ќе биде и ништо нема да му попречи на патот на бебушот! Тоа е мојата порака од емисијата што ја гледав.

Другата емисија ќе има друг пар кој почнува постапка на инсеминацијаuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
9.3.2015 12:36:00   
gina
LoveableMe i jas e gledav ovaa epizoda dosega gi zaboravav ama ova e nacekav i ete parot nemase mnogu sansi ama uspea od prvpat so edna jk
i jas taka rekov koga ce saka da bide ce bide so bilo kakov problem nekogas od prvpat negde so poveke pati

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
20.3.2015 20:12:46   
nadez vera ljubov
na tlc momentalno e epizodata za ivf stanuva zbor za maski sterilitet odnosno azospermija

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
20.3.2015 23:03:06   
lara36
ubava tema ja so dusa ja cekav prvata epizoda i ne mozev da ja dogledam premnogu mi bese stresno i se otkazav

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
21.3.2015 9:36:26   
jana81
I jas vcera ja gledav, ama odvaj macno mi vese, epten se sozivuvam so parot i nekako mi e stresno, a vo ovoj period na cekanje ic ne mi treba napnatost. Inaku vo sekoj slucaj ubavi emisii

(Одговор на членот lara36)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
21.3.2015 14:04:32   
nadez vera ljubov
da vcerasnata epizoda bese mnogu pozitivna.i pokraj sto na mazot mu kazale deka nema ni spermatozuidi so biopsija(koja bila mnogu bolna) direkno od testisite mu izvadile i gi zamrznale.i ova im bilo 4 ili 5 ivf.zenata i denovite gi zgresila so bockanjeto ama se izleze dobro so visoka beta i bremenost potvrdena na eho mazot dusava placese.koga bev vo remedika na transfer do mene lezese devojce koe go imale istiov problem i na nejziniot maz mu pravele biopsija vo remedika i gi zamrznale i op pozitiven rezultat na niv im bese prvo ivf.se sretnavme koga bev da mi potvrdat bremenost na eho i zaedno si se raduvavme.

(Одговор на членот jana81)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
23.3.2015 16:37:05   
LoveableMe RR
Јас последнава ја снимав, но допрва ќе ја гледам, а претходната беше пар кој се обидува да добие дете со инсеминација, но имаа биохемиска бременост. Она што видов дека инсеминациите им ги прават со боцкање со хормони, нешто слично на ИВФ, но веројатно во поблага форма и им кажаа ако имате повеќе од 4 фоликули, или ќе ја откажеме инсеминацијата или пак ќе ги извадиме и оплодиме, нешто налик на ИВФ, што можеби е добро, наместо да се откажува целиот сиклус. Во Полска според она што го гледав ИВФ се плаќа приватно, не е покриено од Фонд. Исто им кажаа после две неуспешни инсеминации, треба да се обидете директно со ИВФ.

Сакав исто да прашам дали некоја ја прочитала книгата на репортерката на CNN, Кајра Филипс и д-р Џејми Грифо, специјалист за неплодност гинеколог во Центарот за плодност на Њујорк, ви книгата мислам даваат совети за неплодност и како полесно да се забремени со ИВФ, зборуваат за штетните супстанци во козметиката, пластичните амбалажи и исхраната за ИВФ. Инаку, репортеркава исто ја раскажува својата успешна приказна кога после неколку неуспешни обиди, денес е мајка на машко и женско близнаци добиени со ИВФ на постари години. Сигурно е интересна, но треба да се купиuser posted image . Некоја рингерајка да ја прочитала можеби??



< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 23.3.2015 16:38:44 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
21.4.2015 15:47:05   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR

Ако смеам да споделам информација, моментално на телевизија 24 вести оди во живо програма за инвитро фертилизација,. Гостува доктор од онаа новата клиника и кажува зашто се неуспешни инвитрата, кои нови методи ги применуваат за да бидат успешни, кажа и неколку примери на жени кои после многу неуспешни инвитра забремениле и ги чекаат првите бебиња во ноември.


scarred RR, мислам и ако не стигнеме да гледаме сега, на нивниот вебсајт имаат видео архива и ги ставаат емисиите за гледањеuser posted image



< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 21.4.2015 15:48:59 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ
21.4.2015 15:54:05   
LoveableMe RR
Јас продолжив да ги гледам емисииве за ИВФ, имаше пар кој по неколку неуспешни ИВФ, тежок фактор на стерилитет, женава остана бремена, ја пратеа цело време до породувањето и потоа како продолжи после породувањето, негата на бебето и слично, чувствата и емоциите, радоста на родителиве после долги години чекано детенце и нивните размислувања за целата ИВФ постапка.

Потоа даваа парови кои претходно ги дадоа, на идиопатски стерилитет, по неколку неуспешни ИВФ и предложија хистероскопија и таму не најдоа ништо и и рекоа на девојкава треба да продолжат да се обидуваат и дека ќе биде. Кај нив ги прашуваат сакаш да бидеш будна за хистероскопијата или не? Кај нас тоа не е случај.

Она што ми падна во очи е дека кај овој пар, сопругот беше неверник и приметив дека секогаш кога сопругот е убеден дека ќе биде, има големо влијание врз жената како поддршка и стварно биднува. user posted image

На крај дадоа пар кој добил близнаци со ИВФ и потоа уште едно дете природно останала бремена, па мажот коментираше дека ете конечно добивме природно дете! Свашта!!

Инаку до скоро и во Полска јавноста била скептична кон ИВФ и конечно од пред неколку години, почнале да го признаваат ИВФ-то преку фонд но не целосно.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?