LoveableMe RR -> RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ (24.2.2015 16:36:58)
|
Јас конкретно ја гледав првата емисија, се работи за парови во Полска кои се подложуваат на ИВФ третман, во емисијата што ја гледав кај парот проблемот беше ендометриоза и адхезии, беа подвргнати на третман кој одеше слично како кај нас, лелее кога ги гледав боцкање од папок лево десно, абе цел филм ми се врати, многу работи кога ги гледате во емисијата, како за вас да зборува, си наоѓате сличности, како анонимус алкохоликс, се пронаоѓаш во многу случаи и си бараш сличности. Исчекувањето, радоста за оплодувањето, нервозата, промена на расположение од хормоните, на ден на трансфер се си работеше по дома, дури и на сопругот кошула му испегла, а тој пак само се гледаше како му стоела небаре на забав ќе оди, пусти мажи, жената секогаш појака во вакви моменти....... ИВФ кај парот беше неуспешно и покрај тоа што им вратија само една бластоциста, значи не како кај нас повеќе и она што ми падна во очи беше дека на трансфер беше облечена во своја облека, не носеше облека од болницава и по трансферот со соппругот седеа на кауч, не лежеше.[sm=smiley1.gif] Исто за ембрионите им ги покажуваа на екран и ги прашуваа кој ембрион да го одберат, а правеа комбинирана метода природно и ИСЦИ, не само една или друга метода, така што имаа ембриони од двата процеса и ги смрзнаа останатите. Не кажаа во емисијава дали ќе ги дават во иднина или пак со нови парови ќе продолжат. Па рингерајки, пишувајте впечатоци и предлози [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|