profesorica -> RE: Повраќање кај бебињата (30.11.2009 9:52:09)
|
ДАЛИ Е НОРМАЛНО БЕБЕТО ДА ПОВРАЌА Повраќањето кај бебињата во првите седмици од животот е многу честа појава. Ова повраќање се јавува затоа што телото на бебето се развива и се навикнува на исхраната. Има разлика помеѓу вистинско повраќање и она кога бебето исфрла мало количество на млеко (по неколку чаени лажички). Количината на млеко која ја исфрла бебето при повраќањето е доста поголема. Повраќањето е честа појава кај бебињата и најчесто поминува само од себе. Доколку бебето не покажува други знаци на болест и нормално ја качува тежината, нема потреба да се загрижувате. Кога бебето ќе добие напад на повраќање, најчесто тоа прекинува во рок од 6 – 24 часа, без никаква потреба од интервенција. КОГА ИМА ПОТРЕБА ОД ЗАГРИЖЕНОСТ Во првите месеци од животот на бебето, повраќањето најверојатно е предизвикано од прејадување. Но после неколку месеци, ако бебето почне да повраќа, најверојатно се работи за некој стомачен вирус и ова повраќање често е пропратено и со пролив. Други причини за повраќање кај бебето може да бидат: настинка, уринарна инфекција или воспаление на увото. Повраќањето кај постаро бебе може да биде знак на сериозна болест, затоа веднаш појдете на лекар, ако ги забележите следните симптоми: *Знаци на дехидратација: сува уста, плачење без солзи, намалување на зачестеноста на мокрењето и сл. *Покачена температура. *Ако одбива да јаде. *Ако е поспано или нервозно. *Ако има краток здив. Ако мешето му е потечено. Ако бебето редовно повраќа, во рок од пола саат после хранењето. Осип на кожата, кој останува и кога местото ќе го притиснете со прстот, по тргнувањето на прстот. Ако повраќа подолго од 8 часа или ако повраќа со силно исфрлање. Понекогаш кај малите бебиња (од неколку недели, па до 4 месеци) може да дојде до задебелување на мускулот кој ја пропушта храната од желудникот до црева. Тоа може да предизвикува силно повраќање на храната. Ако во она што го повраќа приметите крв или зеленкасто (жолчка). Ако приметите крв најчесто нема причина за загриженост, веројатно се работи за мала пореда на крвните садови во езофагусот, предизвикана од повраќањето. Но секогаш е подобро да се провери. Зеленото исто така мора да се испита, затоа што понекогаш може да значи блокада на цревата. ШТО МОЖЕТЕ ДА НАПРАВИТЕ КОГА БЕБЕТО ПОВРАЌА Давајте му да пие течности. Со повраќањето бебето губи многу течности, затоа е многу важно да ги надополнува за да не дојде до дехидратација. Сепак немојте да му давате овошни сокови или други засладени напивки. Наместо тоа дојте го или давајте му од вештачкото млеко (доколку не го доите). Можеби лекарот ќе ви препише електролитски раствор, кој ќе треба да му го давате по малку на секои 15 минути или пола час. Ако повраќањето на бебето престанало, по 12-24 часа можете да почнете да го враќате на нормалната исхрана, но започнете со полесна храна: јогурт, житарки и сл. Продолжете и понатаму да му давате доста течности. Обидете се да го успиете. Додека спие, желудникот полесно се празни во цревата и се намалува нагонот за повраќање. НАПОМЕНА: Никако немојте да му давате на бебето медикаменти против повраќање, освен ако не му ги препишал неговиот лекар.
|
|
|
|