Повраќање кај бебињата (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


pacuvce -> Повраќање кај бебињата (12.11.2009 20:36:26)

Dragi Ringerajki,ajde edna tema koja momentalno mene me preokupira pa sakam da gi cujam Vasite mislenja.Imeno moeto bebe ima dva i pol meseci i se hranime so vestacka hrana.Vo posledno vreme mnogu mi povraka.Postojano sme so ligavcinja i peleni po krevetite zatoa sto nikogas ne se znae koga ke povrati.Iako sekogas propisno podzdrignuva posle jadenje,povtorno znae da povrati.I jas mile panika od se pravam film,pa sega pocnuvam da razmisluvam sto se moze da mu bide .Ima li nekoj vakvo iskustvo???




Еца -> Повраќање кај бебињата (12.11.2009 20:53:19)

Драга Пацувче јас мислам дека е можно да се работи за рефлукс каде  многу убаво е опишан КЛИКНИ ТУКА




pacuvce -> RE: Повраќање кај бебињата (12.11.2009 20:57:09)

Mila Eca,ogromna blagodarnost za tvojot odgovor i pomosta.ke go sledam ovie nekolku dena kako ke seodnesuva,pa ako nema promeni ke odime i na doktor.Uste ednas golemo blagodaram.




ripce -> RE: Повраќање кај бебињата (12.11.2009 22:59:22)

ако не се работи за обилно повраќање во млаз тогаш не е страшно. Повраќањето или блуцкање после јадење е нормална појава и кај нас беше така, се додека не се воведе цврстата храна




mis. -> RE: Повраќање кај бебињата (13.11.2009 9:48:06)

ИЗВОРНА ПОРАКА: anica

ако не се работи за обилно повраќање во млаз тогаш не е страшно. Повраќањето или блуцкање после јадење е нормална појава и кај нас беше така, се додека не се воведе цврстата храна

Се согласувам со Аница не е ништо страшно освен ако повраќањето не е во млаз.најчесто бебињата го повраќаат вишокот млеко во вид ва блуцкање не класично повраќање и тоа зависи до бебето.Сите бебиња не се исти.Има доста бебиња кои се склони кон повраќање како мојот поголем син но и деца кои воопшто не повраќаат како мојот помал син.Со тек на време кога ќе почнеш со дохрана тоа ќе се исгуби.Бидејќи сте на вештачка храна може и млекото не му осговара па заради тоа повраќа или е прејадено.




niki -> RE: Повраќање кај бебињата (13.11.2009 9:49:47)

Мојата керка исто така многу повраќаше како бебе, обилно, после секој подој, во млаз. Напредуваше но сепак послабо, на графиконот за тежина секогаш по најниската линија, а за висина по најгорната. Во четврти месец педијатарот ни препорача да почнеме со цврста храна, со образложение дека неа ќе и биде полесно да ја задржи. Но и тоа не помогна. Сепак повраќањата престанаа кога почна да седи. Консултирај се со вашиот педијатар, но без паника. Стручњаците велат дека обично повраќањето трае додека бебето не почне да седи, кај некои може да продолжи и до година дена, а ако и после вториот роденден детето и натаму повраќа тогаш постојат оперативни зафати со кои ке се корегира состојбата на хранопроводот и мускулот кој го затвора. Не се секирај сигурно нема да дојде до таму бидејки тоа се многу ретки случаи.




mis. -> RE: Повраќање кај бебињата (13.11.2009 9:59:27)

За повраќањето можем цела страна на напишам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]Мартин многу повраќаше и одбиваше и храна.Кога наполни 2 год ни дадоа упут на гастро во детска клиника.Бевме кај др.Стефанка и таа ни даде за снимаше на цел хранопровод желудник и се онаа што опфаќа системот за варење на храната.Требаше да голта една каша и со снимањето се покажа дека нема никаков преоблем туку такво е детето склоно кон повраќање.Тоа се изгуби само од себе на 3 год но сеуште е склон кога е болен обавезно повраќа или ако храната го надразне веднаш го тера на повраќање.




pacuvce -> RE: Повраќање кај бебињата (13.11.2009 10:33:50)

Dragi RR mamicki,iskreno blagodaram za site vasi soveti do sega.Kako i sekoja majka i jas mozebi od nisto pravam nesto,ama pusto...ne rekle za dzabe-majka si e majka.Vcera vecer procitav niza napisi vo vrska so ova na razni sajtovi i sekade naidov na razni upatstva.Edno od niv e da go hranam na 45 stepeni podignata pernica,kako i da mu  davam pomali kolicini ,a pocesto za da moze polesno da ja svari hranata.Od utrovo pocnav so toj nacin,pa ke vi pisam vo tekot na slednite nekolku  dena dali ima promeni.Pozdrav...




niki -> RE: Повраќање кај бебињата (13.11.2009 10:44:57)

ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce

Edno od niv e da go hranam na 45 stepeni podignata pernica,kako i da mu  davam pomali kolicini ,a pocesto za da moze polesno da ja svari hranata.Od utrovo pocnav so toj nacin,pa ke vi pisam vo tekot na slednite nekolku  dena dali ima promeni.Pozdrav...


Ете и ова беше еден од советите кој го добив од патронажните сестри и педијатарот, а го имав заборавено. Мене ме советуваа така да ја ставам да седи после подој, на висока перница полу легната за да не го враќа млекото. Се надевам кај вас ќе има резултат, кај нас немаше.
Исто така гледај секогаш пелената да и е лабава кај стомачето, да не и го притиска таа стомачето па да ја тера на повраќање.




profesorica -> RE: Повраќање кај бебињата (30.11.2009 9:52:09)

ДАЛИ Е НОРМАЛНО БЕБЕТО ДА ПОВРАЌА
Повраќањето кај бебињата во првите седмици од животот е многу честа појава. Ова повраќање се јавува затоа што телото на бебето се развива и се навикнува на исхраната. Има разлика помеѓу вистинско повраќање и она кога бебето исфрла мало количество на млеко (по неколку чаени лажички). Количината на млеко која ја исфрла бебето при повраќањето е доста поголема. Повраќањето е честа појава кај бебињата и најчесто поминува само од себе. Доколку бебето не покажува други знаци на болест и нормално ја качува тежината, нема потреба да се загрижувате. Кога бебето ќе добие напад на повраќање, најчесто тоа прекинува во рок од 6 – 24 часа, без никаква потреба од интервенција.

КОГА ИМА ПОТРЕБА ОД ЗАГРИЖЕНОСТ
Во првите месеци од животот на бебето, повраќањето најверојатно е предизвикано од прејадување. Но после неколку месеци, ако бебето почне да повраќа, најверојатно се работи за некој стомачен вирус и ова повраќање често е пропратено и со пролив. Други причини за повраќање кај бебето може да бидат: настинка, уринарна инфекција или воспаление на увото. Повраќањето кај постаро бебе може да биде знак на сериозна болест, затоа веднаш појдете на лекар, ако ги забележите следните симптоми:
*Знаци на дехидратација: сува уста, плачење без солзи, намалување на зачестеноста на мокрењето и сл.
*Покачена температура.
*Ако одбива да јаде.
*Ако е поспано или нервозно.
*Ако има краток здив.
Ако мешето му е потечено.
Ако бебето редовно повраќа, во рок од пола саат после хранењето.
Осип на кожата, кој останува и кога местото ќе го притиснете со прстот, по тргнувањето на прстот.
Ако повраќа подолго од 8 часа или ако повраќа со силно исфрлање. Понекогаш кај малите бебиња (од неколку недели, па до 4 месеци) може да дојде до задебелување на мускулот кој ја пропушта храната од желудникот до црева. Тоа може да предизвикува силно повраќање на храната.
Ако во она што го повраќа приметите крв или зеленкасто (жолчка). Ако приметите крв најчесто нема причина за загриженост, веројатно се работи за мала пореда на крвните садови во езофагусот, предизвикана од повраќањето. Но секогаш е подобро да се провери. Зеленото исто така мора да се испита, затоа што понекогаш може да значи блокада на цревата.

ШТО МОЖЕТЕ ДА НАПРАВИТЕ КОГА БЕБЕТО ПОВРАЌА
Давајте му да пие течности. Со повраќањето бебето губи многу течности, затоа е многу важно да ги надополнува за да не дојде до дехидратација. Сепак немојте да му давате овошни сокови или други засладени напивки. Наместо тоа дојте го или давајте му од вештачкото млеко (доколку не го доите). Можеби лекарот ќе ви препише електролитски раствор, кој ќе треба да му го давате по малку на секои 15 минути или пола час. Ако повраќањето на бебето престанало, по 12-24 часа можете да почнете да го враќате на нормалната исхрана, но започнете со полесна храна: јогурт, житарки и сл. Продолжете и понатаму да му давате доста течности. Обидете се да го успиете. Додека спие, желудникот полесно се празни во цревата и се намалува нагонот за повраќање.

НАПОМЕНА: Никако немојте да му давате на бебето медикаменти против повраќање, освен ако не му ги препишал неговиот лекар.




mis. -> RE: Повраќање кај бебињата (5.12.2009 13:10:47)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami
Повраќање во млаз
Овој симптом е прилично забележлив- бебето може да ја исфрли несварената храна со таква силина, што ви се чини дека е невозможно од едно такво мало човече да излезе нешто толкујако. Доколку повраќањето се повтори на два подоја по ред, веднаш на лекар, бидејќи може да се работи за пилорична стеноза.
Тоа е задебелување на мускулниот прстен кој го поврзува желудникот и тенкото црево. Поради оваа физичка пререка млекото неможе да се спушти од желудникот во тенкото црево и бебето мора да поврати. Симптомите обично се манифестираат неколку недели по раѓањето, а се јавува почесто кај момчињата отколку кај девојчињата. Се работи за сериозно заболување, кое ако не се среди брзо може да го доведе организмот  до дехидрација. Затоа мора брзо да реагирате, и додека не се реши ситуацијата, почесто да го доите малото но со помали количини млеко.
Симптоми:
освен повраќањето, бебето веројатно ке покажува дека е многу гладно. Ќе забележите дека поретко и оскудно мокри и пати од запек. Истотака напредокот во тежина ке стагнира или пак ке оди во -
За време на прегледот, лекарот ке го набљудува додека го доите, дали му се грчи стомачето- во обид да го потисне млекото кон цревата. Освен тоа, лекарот ке го опипа неговото стомаче и ако се посомнева дека е стеноза ке ве прати на дополнителни испитувања
Како се лечи?
Терапијата подразбира хируршки зафат, со кој се проширува отворот меѓу желудникот и тенкото црево. Во случај да е бебето дехидрирано, пред операцијата ќе му биде дадена инфузија. Во подготовката за операцијата спаѓа и празнење на неговиот желудник што се прави со вовлекување на сонда преку носот до желудникот
Експлозивното повраќање е најчесто последица на пилорична стеноза. Сепак во некои случаи може да станува збор и за гастроентеритис, вирално заболување или инфекција. Затоа е исклучиво важно брзо да реагирате бидејќи малото може да дехидрира





cevlice -> RE: Повраќање кај бебињата (13.1.2010 16:31:38)

Мене ме интересира дали мозе бебенцето да поврака од прејадуване .мислам дека моето бебе
е премногу лакомо и се случува неколку пати после цицане да блуцне по малце. иначе редовно го кревам после секој подој да ждригне ама некогаш заспива одма. ...
и уште ме интересира дали тоа што ке блуцне така го викаат патронажните сестри е погусто млеко.ВО МОЈОТ СЛУЧАЈ ДА
ПИШЕТЕ!




mis. -> RE: Повраќање кај бебињата (13.1.2010 20:06:38)

Така ми кажуваа на мене кога Мартин после цицање блуцнуваше млеко дека е вишокот млеко.Некогаш беше погусто како кисело млеко(млеко кое почнало да се вари во желудникот) и мислам дека не е страшно.Загрижувачки е ако бебето повраќа во млаз.




Палешка РР -> RE: Повраќање кај бебињата (13.1.2010 20:27:21)

Миа ретко блуцка после подој и ако тоа се случи, бара повторно да цица-ништо не сака да оди фира [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




MOJA DUSICKA -> RE: Повраќање кај бебињата (13.1.2010 20:31:09)

iako bebeto povraka no ako kacuva vo kilaza ne e strasno kaj mene sinceto povrakase do 6mesec i jas kako majka se zagriziv da ne go imame zadebeluvanjeto no vo kilaza dobro napreduvavme koga pocnavme so pogusta hrana toa se namali sega e 8 mes i ponekogas znae pak da povrati ako se prepie naednas




mis. -> RE: Повраќање кај бебињата (5.3.2010 12:32:22)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Бебињата често повраќаат за време или после оброкот. Меѓутоа ако е повраќањето поинтензивно, тоа може да биде симптом кој се нарекува рефлукс.
Што е тоа?
Повраќањето како симптом на рефлуксот обично се јавува неколку недели после раѓањето. Причина за неговата појава е недоволната должина на хранопроводот и лабавиот мускул кој го затвора, поради што желудникот на бебето не може да го задржи млекото
Симптоми
Вашето бебе повраќа после секој подој. Повраќањето е силно, еруптивно, а количината која е повратена е секогаш голема и имате впечаток дека во стомачето не му останало ни капка млеко.
Помеѓу епизодите на повраќање бебето се чувствува добро, весело е и добива тежина
Повремено е можна и појава на ситни траги од крв во содржината која е повратена
Како да му помогнете:
Доколку бебето изгледа здраво и добива тежина нормално, најверојатно се работи за минлива фаза. Треба да бидете доста внимателни додека го доите, за да не голтне многу воздух. Истотак, не дозволувајте да плаче многу пред подојот, а после подојот држете го исправено за да подригне. Доколку сте загрижени за количината која ја повраќа обратете се кај педијатарот или матичниот доктор
Кога е сериозно..
Во тој случај лекарот најверојатно ке ви предложи одредени прегледи, што обично вклучува и ренген на системот за варење. Може и да ви препише средства за згуснување на храната кои содржат антацид, што треба да ја задржат храната во желудникот. Сепак овие згуснувачи можат да се користат само во консултација со лекар.
Но, дури и кога рефлуксот е во својот најлош облик, бебето продолжува нормално да расте и да се развива и генерално го преминува овој проблем до првиот роденден






matushka -> RE: Повраќање кај бебињата (5.3.2010 12:35:46)

Moeto since povraka samo koga e nastinat, sto od edna strana e dobro bidejki sekretot odma go isfrla. A koa cicase, epten retko i toa samovisokot na mlekce




Палешка РР -> RE: Повраќање кај бебињата (7.4.2010 17:10:33)

И Миа почна почесто да повраќа после подој. Можеби се прецицува [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




BEBICA -> RE: Повраќање кај бебињата (7.4.2010 17:20:57)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

И Миа почна почесто да повраќа после подој. Можеби се прецицува [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]


Sigurno se precicuva.I kaj mene Monika taka mi pravese, zosto lakoma cica cica a stomaceto i prima i koga ke ja dignev odma vo mlaz.No kolku e toa strasno, znam i samata.
Ednostavno toa e slucuva, nazalost.





Maca25 -> RE: Повраќање кај бебињата (7.4.2010 17:24:49)

И нина многу често знаеше да поврати малце после цицање, највероватно од прецицување. Сега ако пие млеко и одма стане да си игра, знае малце и да поврати, од скокањето.
Знаеше и во млазови да повраќа, не знам од што. Пред 2-3 недели тоа се случи, изгледа беше прејадена, па млеко и поврати низ цел кревет.  




Annabel -> RE: Повраќање кај бебињата (7.4.2010 17:30:58)

Андреј има три недели, многу лакомо цица, и додека цица му тече млеко од устата. Секогаш го дигам да подждригне, но и после половина час знае да бљуцне млекце.




pacuvce -> RE: Повраќање кај бебињата (7.4.2010 17:32:17)

Бојан повраќаше прилично често,се до оној момент кога почна да јаде поцврста храна т.е каши...Сега ретко знае да поврати и тоа најчесто ако после пиење млеко брат му го гњави или самиот се превртува по креветот...[sm=jezicek.gif]




melody -> RE: Повраќање кај бебињата (7.4.2010 22:02:17)

Znaci najveke mi e strav od toa povrakanjeto.Eve pred tri dena povrati na dva pati vo mlaz i jas celata se streknav.Ama jas bev vinovna ja prejadov,a  taa neznae da mu rece stop na laziceto[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]lakomo bebence




arh_diz -> RE: Повраќање кај бебињата (23.10.2010 13:04:42)

Kaj nas cesto se slucuva da se prejade i da povrati




mama26 -> RE: Повраќање кај бебињата (23.10.2010 13:45:41)

jas pak ednas na kasa pari da dadam i povrati moevo vrz parite [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] i taa vika ok nema problem ,,,gi izbrisa i pak u kasa gi stavi [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] go stisnav izgleda na stomaceto[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>