Bethany -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (2.3.2015 9:20:03)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR Кој стои зад успешна жена - ако ја дефинираме како сопруга, мајка, домаќинка и вработена жена ? Жена која е опишана и во СТАТИЈАТА? - сопругот? - баба сервис? - финансиите и платена помош? - супер жена, сама? [sm=smiley36.gif] Ќе се согласам дека поимот успешна е релативна работа од особа до особа. Секој еден различно гледа на животот и различно ја дефинира успешноста. Ама како што гласи прашањето, ако ја дефинираме како сопруга, мајка, домаќинка и вработена жена, дефинитивно ќе речам дека успешна жена е балансирана во сите овие области. Да речеме дека секоја од наведениве области: да си сопруга, мајка, домаќинка и вработена, претставува по еден мускул. Оној кој најмногу го вежбаш и употребуваш ќе биде најсилен, во зависноста од тоа колку често го употребуваш и колку интензивно, сразмерно на тоа другите ќе бидат развиени. Може некој и да атрофира дури [sm=smiley36.gif] Е сега, поента е дека во реалниот живот и во ситуациите во која што се наоѓа Сандриана, не може се да биде совршено избалансирано, затоа што поминува низ период каде што едно мора малку да се стави на пауза, ама затоа ако една жена знае да седне и да размисли што е тоа што неа ја дефинира како личност, што е тоа што неа ја исполнува и што би сакала да го постигне во животот, ако ги постави долгорочни цели, како што кажаа Ники, ако е одлучна во тоа, ќе го постигне балансот. Сега во овој момент можеби жена во ситуација како Сандриана е повеќе мајка и домаќинка, ама утре кога дечињата ќе поодраснат и нема да бидат толку зависни од неа, ќе дојде една фаза од животот кога ќе се има можност да се направи сето тоа другото, без некоја поголема жртва. Некој може и сега да го направи сето тоа, зависи од личноста и приоритетите, да седнеш да учиш пример, ама колку ќе биде ефективна и продуктивна потоа на другите полиња? Може да се ангажира баба-сервис, може да се дадат финансии на жена која би правила се наместо тебе (и дете и готвење и чистење) за тоа време ти да се посветиш на другото, ама ако и тоа го немаш и уште побитно ако тоа не го сакаш (бидејќи сакаш да поминуваш време со бебе сега, да го доиш, да го галиш; ако сакаш финансии да го употребиш на друг начин итн.)тогаш ќе чекаш. Трпеливо и сталожено да дојде и таа фаза во животот кога ќе се малку подослободиш и ќе имаш време, без поголеми жртви, без фрустрации да завршиш се што сакаш. Можеби во моментот некогаш се чувстуваме незадоволни, неиполнети, ама што и да постигнеме во животот, на било кое поле, ова чувство ќе се јавува. И тоа не е лошо, тоа е само потсетник да не станеме рамнодушни во животот, површни, ограничени. Бидејќи секој човек треба да се надоградува, во било која сфера. Не мора тоа да значи само кариера, туку воопшто со нови сознанија, развивање на своите таленти, употреба на својата креативност, тоа не мора да биде за широки народни маси, тоа може да биде лично само за неа и евентуално најблиските. Успешна жена за мене е она која тежнее да се развива ментално, колку што има можност нели, а тоа ќе донесе резултат, зависи од особа до особа, која за што копнее. Не можеме сите да бидеме амбасадори, ама може да бидеме успешни и креативни готвачи пример. Значи нема потценување, ама ни поголемо вреднување на нечии цели или па професии. Ако некоја жена е доволно силна, изградена како личност, да се познава себеси и да знае што сака од животот, по мене е веќе успешна, затоа што успешност не е момент кој дојде и стои, туку е постојано лично надоградување, првин и единствено за себеси, а како другите ќе го дефинираат успешноста на некоја жена, пак зависи од неговото гледиште на свет, кое во случајот и не е битно, нека секој си ја гледа својата работа :) И најбитно во се е да смирено и сталожено, без притисок на себеси, ги поставува целите и една по една да ги исполнува. Чекор по чекор сепак значи да одиш, а не стоиш во место. Тоа е како јас гледам на работите. [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|