|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
9.11.2015 21:06:16   
Kvisko
Фала на поддршката на двете. И јас се борам мора да се борам тоа е тоа.
Инаку терминот по последна менструација ми е 7 јануари ама со оглед на задоцнетата овулација по кија бебето си оди може да се помести за некој ден (според ехо). Како и да е околу два месеци максимум.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 151
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
24.11.2015 8:40:34   
Bea
Примате ли друштво во темава?
Ете ме и мене 28+2, го почнувам третото тромесечие и посакувам сите наскоро да си ги гушкаме бебушите!

Последниот контролен преглед беше во ред, само се прашувам зошто мојата докторка не ме упати да проверам скриен шеќер и димери?
Крвна слика и урина правам секој месец, секогаш сите вредности ми биле ок и ваљда немало индикации, ама пак знам дека скриениот шеќер веќе е во протокол, не само доколку има индикации?

Друго, како што влегов во 28-ма недела приметив забрзан пулс и на секое мерење ми е околу 100. Притисокот ми е во ред 110-115/со 60-70. Јас секогаш сум имала низок притисок и позабрзан пулс, па се прашувам дали ова може да биде индикација за нешто? Во бременост е нормално да се покачи пулсот до 20 отчукувања и се додека не се одрази на вртоглавици, губење на здив и слично не е страшно. Наредна конторла ми е за 2 недели, да почекам до тогаш или да им се нацртам порано?

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 152
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
24.11.2015 14:09:33   
Melanija RR
Веа ако е уреден притисокот во ред е ,но ако чуствуваш промена и задишаност од пулсот оди на преглед па на интернист ќе те пратат ако треба.Скриен шеќер е во протокол без оглед на идникации,јави се и сама прашај си

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 153
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
30.11.2015 10:33:33   
Kvisko
Девојки малку ни е успорена темава па ај јас да си пишам. Минатата недела малку претерав со активности и завршив ноќе во 12 во Ремедика. Имав некој кафеав исцедок и испадна дека од многу напоер веројатно ми пукнале капилари во цервиксот па цел викенд бев на мирување. Малку само ми беше тепко во Недела да седам дома на сончев ден ама се ќе се истрпи.
Бебето беше добро и пораснато до колу 2400 грама, само ич не го сакаше ЦТГ апаратот и само го клоцаше делот што му го мери срцето. како и да е им беше битно да видат дали имам контракции и бидејќи немав а и цервиксот ми беше затворен си дојдов дома.
Така што мој совет намалете акивности како што одминува бременоста за да не ви биде како мене. Сега неделава ќе одам на работа само по неколку саати за неопходни работи за да не земам боледување.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 154
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
30.11.2015 11:20:31   
SOLE
оф бе Квиско, си се исплашила но срека што добро се завршило и фала му на Бога што е добро, уживкајте со бебчо сега и не се замарај за ношто user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 155
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
30.11.2015 11:25:21   
Bea
Квиско добро е, штом добро се завршило. Јас искрено се штедам во делот на активностите и домашните обврски. Правам скоро се, ама со паузи.
Квиско која недела си?

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 156
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
30.11.2015 16:24:12   
Kvisko
Bea сега сум 34+5 така што и во Ремедика и матичната ми рекоа сега веќе нема многу потресување околу знаци за породување зашто е безбедна зона (после полна 34) само е добро да се смирам малку за да истерам подолго. Инаку мене не ми зе проблем домашните обврски имам жена која чисти секои дбжве недели па јас само позачистувам и потсредувам, маж и ми помага со полнење и пуштање машини (алишта и садови). Мене ме уморија прилично обврските на работа прилично со тоа заглавував минатата недела а и ми беше прилично стресна неделата. Сега сум си на relax mode и така ќе терам се надевам.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 157
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
1.12.2015 9:01:52   
Bea
Супер Квиско, само така relax до крај. А како помина со Димитров, што ти кажа во врска со планот за породување?
И јас имам помош од жена дома на 2 недели за покрупните работи, но сепак ми остануваат и домашни обврски во меѓувреме. Со алишта немам мака бидејќи одат право од перална во сушара, ама правосмукалка, зачистување, раскревање по дома - сакав да кажам и со тоа припазувам, правам паузи, мм помага кога може и така.
Вчера ми стана шубе, имав некоја болка во долниот дел на кичмата, како слаба менструална болка. Се напив плус уште еден Mg и лежев цело попладне и вечер. Уште вечерта престана болката, а фала богу еве и денес сум ок.
Просто е неверојатно како броиме ден по ден, секој ден со своја грижa, ама ќе биде. Just keep swimming :)

А дали правевте ехо на срценцето кај специјалист? Димчев на скринингот во 21 недела детално го гледаше срцето и не ми даде инструкции за уште еден преглед, а гледам некои прават во 28-29 недела?

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 158
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
1.12.2015 9:53:15   
Kvisko
Bea ич без гајле за тие болки ако се смируваат се е во ред. И јас имав некои такви болки баш околу 28-30 недела ама ништо не се случи. Знам зашто тогаш бев на ехо се си беше во ред.
Со Димитров се договоривме начелно да одам во 37 недела за да се дообјасниме што и како за породување па ќе пишам.
И јас не бев на тој посебниот преглед за срце зашто Адамова убаво го гледаше и рече нема потреба од тој посебнито за срце. Ептен беше темелна зашто пред мене имаше еден пар со некои проблеми па жената нормално како и секој човек беше растревожена малку што морала да соопшти не баш убави вести и три пати се врати да провери. Потоа и матичната го гледаше и го кажа истото па не бев на тој преглед. Искерно помалку стрес инаку ќе го мислев со недели.

За машината јас имам пере/суши ама маж ми ја пуни демек да не се наведнувам послениве две-три недели пред тоа јас го работев тоа. Сега демек ме штеди.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 159
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
4.12.2015 19:49:10   
bitolcanka82
devojki, denes na 27+5 vo mokrcata imam proteini 0-1 i trombocitite 350 znam deka se vo granicite na normala samo pred 4 nedeli mi bea 250, napraviv i povtorno mikrobioloshki i urinokultura rezultati vo sreda..Dali nekoja imala vakvo iskustvo so urinata i po nekoj sovet..

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 160
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
4.12.2015 20:10:36   
Bea
Bitolcanka, pritisokot kako ti e? Otekuvas?

(Одговор на членот bitolcanka82)
Непосредна врска до пораките: 161
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
4.12.2015 21:02:10   
Kvisko
Bitolcanka добредојде во трет триместар.
За урината ако тој стрип тестот е негативен тогаш не е проблем што и да пишува на микроскопскиот преглед. Ако не отекуваш и немаш висок притисом не би требало да е проблем.
Мене сега во трет триместар притисокот ми се врати да ми биде низок а во вториот ми беше 120/80 значи ептен нормален. Вчера бев за брис кај матичната (стрептокока б) и ми беше 90/55 а цело сабајле ми се вртеше иако пиев и кафе.
Се што малкуботстапува од нормала не е загрижувачко.

Јас сабајле пак имав чуден исцедок лигав и кафеафкаст еднаш и толку. Подоцна читав на нет дека е подготовка за породување и тенчење на цервиксот го предизвикува ама не не ништо за паника.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 4.12.2015 21:03:16 >

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 162
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
4.12.2015 22:19:40   
bitolcanka82
Pritisokot ne go meram postojano ama koga i da izmeram mi e vo red 110/70 pa i ponizok, za otoci ako ja preteram so shetanje nozete znat da potecat ama so odmor i podignuvanje na povisoko mi pominuva..Sakam da odam vo ponedelnik pak da ja proveram ama vo druga laboratorija i krvnata slika i urinata a posle ke konsultiram lekari.Sistina sum na 14 ti na kontrola pa ke odam so site reultati da gi vidi doktorot.Vo meguvreme caj od brusnica ke pijam

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 163
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
5.12.2015 0:03:19   
Bea
Bitolcanka, jas mislam deka nema mesto za panika. Povisoka vrednost na proteini vo urina, povisen krven pritisok i otekuvanje na race, noze, lice moze da ukaze na preeklampsija. Ova sto ti go kazuva ne mi izgleda na nekoe pogolemo otstapuvanje od normala.
A zosto bi piela caj od brusnica, kolku sto sfativ, bakterii ne se najdeni, a na proteinite nema da deluva.
Ne se grizi, kontorliraj si pocesto pritisok i ke bide ok.
Jas pak preeska nekoe srcebienje imav, meram pritisok 135/85 sto za mene e ohoho visoko. Izlegovme malku so mm na vozduh (kakov-takov) i za kratko se stabilizirase.
Jas sum vo sreda na kontrola, vo ponedlnik pravam krvna slika i urina, pa ke prasam i za ova.

(Одговор на членот bitolcanka82)
Непосредна врска до пораките: 164
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
5.12.2015 11:39:33   
Melanija RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: bitolcanka82

devojki, denes na 27+5 vo mokrcata imam proteini 0-1 i trombocitite 350 znam deka se vo granicite na normala samo pred 4 nedeli mi bea 250, napraviv i povtorno mikrobioloshki i urinokultura rezultati vo sreda..Dali nekoja imala vakvo iskustvo so urinata i po nekoj sovet..


Токму ваква тема имаме ТУКА и тоа е во нормала, но испитување на урината секој месец,следење отоци и мерење притисок.Кај мене беа нормални ама отекував па дополнително испитував и протеини,албумини и уште едно

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот bitolcanka82)
Непосредна врска до пораките: 165
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
9.12.2015 13:18:48   
bitolcanka82
Bea pishi kako pomina na kontrola? Pozz za ostanatitebili sme malku vo 3 tromesecje ili slabo aktivni

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 166
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
9.12.2015 13:22:32   
bitolcanka82
Zaboraviv da pisham vo ponedelnikot povtoriv ispituvanje urina vo druga laboratorija ispadna negativna na proteini pa malku se smiriv ke prodolzam so kontrola sekoj mesec urina a i pritisok..

(Одговор на членот bitolcanka82)
Непосредна врска до пораките: 167
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
9.12.2015 14:36:23   
Kvisko
Bitolcanka82 супер за резултатите. Продолжи со контроли и се ќе си биде во ред.

Еве ај и јас да си пишам тука. Во Понеделникот бев да се видам со Димитров и бев на ЦТГ. ЦТГ-то покажа некоја мала контракција која јас не сум ја ни осетила и пак сум во Понеделник на ЦТГ. Е сега тој не е тука до кај 25 Декември и ако биде пред тоа ќе треба да барам некој друг. Сега за тоа малку се мислам ама ваљда ќе биде се во ред. Ќе видам како ќе поминам во Понеденик па ќе одлучувам.

(Одговор на членот bitolcanka82)
Непосредна врска до пораките: 168
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
9.12.2015 14:47:48   
Melanija RR
Kvisko тоа се контракции како подготовка воопшто ништо немора да значи.Во темини го нема запишано твојот краен термин.Мислам имаш времеuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 169
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
9.12.2015 14:50:53   
Kvisko
Да и мене така ми кажаа. Имама и некој како кафеав мукозен исцедок од време на време ама и тоа ништо не значело. Сега ќе се пишам во термините сум изумила веројатно.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 170
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
9.12.2015 14:52:48   
Melanija RR
Може и не е мукозен,другарка моја мислеше дека е па после 3 ндели се породи.Не бил чепот 2-3 дена од кога стварно беше се породи. Не се грижи иако јасно е дека е така user posted image

Сега видов утре 36 недела?user posted image јас мислев некоја минус user posted image со лесно да биде user posted image

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 9.12.2015 14:58:44 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 171
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
9.12.2015 16:08:58   
bitolcanka82
Kvisko so lesno koga i da reshi bebushot..Jas eve me pak so rezultati od mikrobioloshkite brisevi urinokultura negativna, chlamidya, mycoplasma, ureoplasma i cndida negativni a vo direkten preparat epiteli lactobacili i GRAM POZITIVNI KOKI..ova poslednoto sho e sega?

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 172
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
9.12.2015 20:51:26   
Bea
Еве ме и мене.
Квиско да ти се извинам, од телефонов не знам ни сама како сум те блокирала! :) Од сите на форумов баш тебе те најдов... Извини уште еднаш, средив сега.
Денес фино помина контролата, бебуш таман со неделата 1560 гр, лицето упорно не го покажува, грлото затворено, 4цм, во глобала ок. Докторката виде некои почетни промени на постелката па ме испрати да проверам димери и хемостаза на трансфузиологија. Уште 2 недели смеам аспирин, потоа ако има потреба клексан.
Како одите на трансфузиологија - со термин или со приоритетен упат? Резултатите за колку време се готови?
Квиско, уште малку :) Баш сега зборев со Черепналковска за породување, ми рече дека во Ремедика сите се одлични доктори и Стојковски и Ефремовски, така да ако дојде моментот во декември верувам дека повторно ќе бидеш во рацете на одличен лекар.
Битолчанка, докторот најдобро ќе ти каже, ама штом се друго е добро и ова ќе се реши. Пиши те молам кога ќе имаш инфо.

< Поракaта ја уредил Bea -- 9.12.2015 20:55:10 >

(Одговор на членот bitolcanka82)
Непосредна врска до пораките: 173
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
9.12.2015 21:15:56   
Hopeful RR
Девојки, се радувам што ве читам со убави информации од трето тромесечие user posted image Само лесно, смирено, полека и се ќе биде ок.

Kvisko, отчукува часовникот? user posted image Ајде со среќа и со лесно, кога и да е!

Bea, на трансфузиологија јас имав закажано со мој термин, но знам закажав ептен порано, затоа што има гужва. Ако не можеш да најдеш термин, секако оди со приоритетен упат, но таму знае да фати гужва и да не стигнеш на ред, а пензионерите не се баш фини со трудници... Мене никој не ми ни стана, стоев не знам колку време како идиот... ако секако одиш со приоритетен, избегнувај вторник и петок user posted image

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 9.12.2015 21:18:11 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 174
   RE: Трудници во третото тромесечје V- од 27. ...
9.12.2015 22:20:35   
Kvisko
Bea супер вести. Ич нема гајле за блокадата не се лутам.

Супер за бебуп немај гајле за постелката не е страшно ако бебчо расте и се е во ред.
Инаку на трансфузиологија со приоритетен упат ќе одиш зашто нема термини за закажување за брзо туку тек за после нова година. Со приоритетен на шалтер би требало да имаш предност прњд други пациенти барем така е кај мене ама пензионерите ќе мрчат. Мислам дека во Четврток нема гужва ама како и да е секогаш е лудница таму ја секогаш се оправам, а сега одам на две недели зашто д димерите ми се збеснати и секогаш е исто.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 175
Страница:   <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?