Децата и соништата (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


niki -> Децата и соништата (15.11.2009 16:43:56)

Мојата шмизла пред малку се разбуди од попладневно спиење и штом отвори очи почна да меле.
Прашува: Каде е девојчето што чукаше на врата и сакаше да ми даде цевчиња да пијам млеко?
Јас и мм ја гледаме и ја прашуваме што зборува. А таа упорно раскажува како некое девојче дошло на нашата врата, чукало и сакало да влезе внатре и да и даде цевчиња да пие млеко и и зборувала српски и ќе дошла пак да чука на врата и така во круг. Ние и објаснуваме дека нема никакво девојче а таа пак ке дојде и ке чука.... и така ние заклучивме дека таа нешто сонувала и ни го раскажува својот сон.
Кога вашите деца почнаа да се сеќаваат на своите соништа и да ги раскажуваат? За што сонуваат вашите деца?




mami -> RE: Децата и соништата (15.11.2009 17:33:36)

ние сме уште далеку од тоа...ама кога ке биде ке ви раскажувам..ајде мамички на поголеми дечиња- ги паметат ли соништата, раскажуваат или забораваат веднаш се?




Еца -> RE: Децата и соништата (15.11.2009 17:41:12)

Мартина досега не ми раскажала нешто слично, но знам дека сонува, бидејќи често се случува да заспие, а јас сеуште будна и таа да седне на кревет и да си прави муабет, да кажува не може, оди си кај мајка ти, или некои такви работи. Сега има 4 години, а ја приметив дека ми зборува, значи и сонува пред година и половина.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




niki -> RE: Децата и соништата (15.11.2009 18:22:47)

Мојава во сон одамна зборува, исто така ќе стане ќе рече нешто ние ја мислиме се разбудила таа пак ќе си се сврти на страна и ќе продолжи да спие ко ништо да не било. Ама ова денес беше прв пат да се разбуди и упорна дека видела она девојче и го бара и дури пола час откако се разбуди зборуваше и зборуваше се исто. Многу ми беше интересна.




Iva -> RE: Децата и соништата (16.11.2009 10:22:47)

Михајло не ми кажал дека нешто сонувал, но се случувало во сон да си збори и знае во сон  ноќе да стане и да се премести кај моите во кревет.




mother 29 -> RE: Децата и соништата (16.11.2009 10:32:38)

 јас го приметив Марко дека сонува од пред некој месец! .кога се буди продолжува да зборува,така измегу сон,баш вчера на денското спиење се заврте во спиењето и почна да збори за пеперутката....и после некое време викна мамо[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

ама колку беше смешен ,вика нели на пеперутка(путка)и збори таму нешто путката...и јас и мм бевме во спалната и се погледнавме чудно,мм ме пита што збори?!?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

и после кога се разбуди мм му вика..море убав на тато,ти после спиење веднаш на што ти е паметот?![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]си правиме смешкии[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




profesorica -> RE: Децата и соништата (16.11.2009 10:35:55)

хахахахха и мм викал путка како мал за пеперутка [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




big_mama817 -> RE: Децата и соништата (16.11.2009 11:21:51)

син ми пред неколку дена се разбуди за во градинка и седи на нокширче и ми вика ајде да одиме во парк или вчера станува од спиење и му вика на татко ми ајде дај ми ја камерата да снимам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mother 29 -> RE: Децата и соништата (16.11.2009 11:28:19)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]си имаме и камермани ние во дружината! 




ripce -> RE: Децата и соништата (16.11.2009 11:46:45)

На моето често му се случува да заплаче ноќеска онака ептен жално, а не се буди, ќе поплаче малку и ќе престане... мислам дека тоа е зашто нешто сонува




niki -> RE: Децата и соништата (18.5.2010 10:46:24)

Околу шест часот утрово почна да плаче и да зборува како и ја земале перницата со Фифи од количката. Ме разбуди се смири и си продолжи да си спие.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]
Кога се разбуди ми раскажа дека сонувала некоја голема сина мува што и ја земала перницата. Што не и се мота во главата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




big_mama817 -> RE: Децата и соништата (18.5.2010 11:41:54)

син ми обично кога се плаши во сон кога ќе се разбуди кажува дка сонувал куче кое го каснало




Felly RR -> RE: Децата и соништата (8.1.2012 17:09:48)

Матеа во последно врме многу сонува. Пред некоја вечер во сон почна да вришти „Нееее, моја е обата(водата)! Моја е!“а синоќа пак викаше „нечам сликам! не“ па по некое време „нанка снешкото, нанка“. Дента дека правевме снешко, и вечерта тоа го сонуваше.




Mihaela 2010 -> RE: Децата и соништата (11.5.2012 9:55:53)

Nokeska M se zgazi od smeenje u son,ama tolku histericno se smeese sto i mene me iznasmea...Se razbudi vo 7.15 sabajlevo i samo sto otvori oci pocna da pee...Uste 9 godiniiii,Nikola nikola nesto cudno sucuva...cela pesna ja ispea...




niki -> RE: Децата и соништата (11.5.2012 10:25:52)

Nokeska se razbudi i pocna da me guska i posle stana i vika "Mamo nesto strasno sonuvav, veke nema da spijam, ke sedam tuka"
Ja prasav sto sonuvala prvo ne sakase da mi kaze a posle mi kaza deka me sonuvala mene kako me udrila kola. Nemozese da se smiri dolgo i nekolku pati ke zadremese i sonot pak i se vrakase.
Ostanav bez spienje, i raskazuvav prikazni da zaboravi i da se opusti i zaspie.
Mu se slucilo nekomu ova?




arh_diz -> RE: Децата и соништата (11.5.2012 10:58:30)

Nekogas koga sonuva se smee a nekogas place se zavis sto sonuva[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] .Ama nautro koga ke stane i zboruva toa sto sonuval




JovanaJ -> RE: Децата и соништата (11.5.2012 11:04:31)

Ne mi se slucilo da ima kosmari od koi sto bi se razbudil ili voznemiril.
Nekogas se slucuva da mi kazuva sto sonuval ubavo ili ne ubavo....ama da stane od son deka bil neprijaten do sega ne....




Џесика -> RE: Децата и соништата (11.5.2012 12:12:13)


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Nokeska se razbudi i pocna da me guska i posle stana i vika "Mamo nesto strasno sonuvav, veke nema da spijam, ke sedam tuka"
Ja prasav sto sonuvala prvo ne sakase da mi kaze a posle mi kaza deka me sonuvala mene kako me udrila kola. Nemozese da se smiri dolgo i nekolku pati ke zadremese i sonot pak i se vrakase.
Ostanav bez spienje, i raskazuvav prikazni da zaboravi i da se opusti i zaspie.
Mu se slucilo nekomu ova?

Ники, ова ми се случува на мене, од дете и трае уште. Пред неколку недели сонував кошмар и се разбудив и ми беше страв да презаспијам, значи јас, мајка, осеќам огромен страв кога се будам од кошмар и не сакам да заспијам следниот пола саат а и повеќе...
А инаку син ми секоја вечер зборува во сон, последниве две ноќи ми пее песнички, некогаш плаче, вика „дај книгата, дај книгата; мамо дојди; кај си мамо, ме боли ногата, боли главата...
А малку офф топик, и јас сонував ноќеска како мојата мајка ја удира кола[sm=zmeden.gif] каква коинциденција




Felly RR -> RE: Децата и соништата (11.5.2012 13:57:44)

на М и се случило да зборува нешто во сон - да промрмори, ама не ми има до сега прераскажано нешто што сонувала.
А нормално е кога сонувала нешто страшно, после да не сака да заспие, зошто пак и доаѓа истата слика пред очи.




Felly RR -> RE: Децата и соништата (17.7.2013 10:56:23)

Леле ноќеска колку се исплаши во сонот. Сега ја прашував што сонувала - дошол некој волк, и ја каснал за ногата[sm=smiley19.gif] Душичка колку се исплаши, врисна силно во сонот, јас почнав да ја гушкам, да и објаснувам дека било сонче, не е вистинско тоа што го видела, а таа не сакаше да заспие. Ми велеше - ај мамо, ти не нанкај јас кога спијам. Биди разбудена, и ако дојди некој да го натепаш. Јас ја галев и гледав во неа, а таа ми вели - Ама мамо онаму гледај (накај вратата).
Душичка, многу се исплаши. [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Децата и соништата (17.7.2013 14:43:39)

I M cesto znae da si zbori vo son,i onaka cisto razbirlivo,najverojatno se sto i se slucuva preku den i go sonuva..
Sega koga e leten period i ne i e tuka ucitelkata mislam deka detevo kosmari sonuvase,kenkava bese,nesto kvici se buni,pa duri i vrisna mene srcevo vo peti mi otide,me izvadi od pamet
Utre denta ja prasuvam sto sonuvala mi vika:pa nekoj ni vleze vo sobava[sm=zmeden.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Децата и соништата (17.7.2013 14:53:57)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Леле ноќеска колку се исплаши во сонот. Сега ја прашував што сонувала - дошол некој волк, и ја каснал за ногата[sm=smiley19.gif] Душичка колку се исплаши, врисна силно во сонот, јас почнав да ја гушкам, да и објаснувам дека било сонче, не е вистинско тоа што го видела, а таа не сакаше да заспие. Ми велеше - ај мамо, ти не нанкај јас кога спијам. Биди разбудена, и ако дојди некој да го натепаш. Јас ја галев и гледав во неа, а таа ми вели - Ама мамо онаму гледај (накај вратата).
Душичка, многу се исплаши. [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]


Леле Фели читам и ми се насолзија очите и само си викам „оооо, гревче“ и колешкиве ми се чудат што ми е.
Сирота душичка, којзнае колку се исплашила! Па уште ти вика мамо не нанај јас кога спијам! А бе срце да ти препукне!




Mihaela 2010 -> RE: Децата и соништата (28.11.2013 10:15:42)

M pokraj toa sto si sonuva,vo posledno vreme pocna da mi gi raskazuva sonistata...zavcera mi kazuvase kako so bratuced i bile nekade i im se pojavila nekoja macka,golema i tie begale,neznam nesto taka bese u element ne ja ni razbrav...a si znae dur spie da si kenka,pa ke ja pogalam po raceto i ke se smiri..




Annet -> RE: Децата и соништата (28.11.2013 10:18:03)

I nie 27 mesci sme,mnogu cesto pocna da sonuva,i da place.Posledno,i zemaa krv od prste i sega non-stop place vo son.A utre treba pak.[sm=smiley13.gif]
Ponekogas se smee vo son,ponekogas place,ama vo posledno vreme e poizrazeno.nekolku pati ima stanato i odi vo son,samo da ne e mesecar hahahahahah




Bethany -> RE: Децата и соништата (28.11.2013 10:53:37)

и на Ј се има случувано, во сред ноќ да стане од кревет и си стои на сред соба и ќути.
Јас го осетам па го вратам во кревет, се надевам и јас да не е месечар [sm=smiley36.gif]

Инаку, и тој се случува да плаче во сон, нешто сонува, па и да се смее исто така.
Некогаш и се силно заплаче, како нешто навистина да се исплаши, ама среќа брзо се смируваше досега, само да дојдам до него и да му прозборим и се смири.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>