Calypso -> RE: дамки популарно наречени флеки (11.5.2012 13:01:24)
|
Зависи каква е фарбата, не знам дали да пробаш со растворувач, или со ацетон, пошто претпоставувам дека не се работи за боја на база на вода. За смолата имам слушнато и јас дека се вади со лед, како и мастика. Ама за сите други дамки, ова средство е закон [img]http://www.robinmarket.it/media/catalog/product/cache/1/image/9df78eab33525d08d6e5fb8d27136e95/o/m/omino-bianco-smacchia-facile-ml-500.jpg[/img] вади се, па дури и постари, тврдокорни дамки, само треба да се остави да отстои на дамката (да не се исуши), па да се пере облеката. И да ја има дамката на мократа облека, кога ќе се исуши, веќе ја нема. Мене ми извади флеки од ајвар од пред неколку години, секојдневно го користам за алиштата на малиот - фала му на Бога, флеки никакви нема.
|
|
|
|