Felly RR -> RE: дамки популарно наречени флеки (19.10.2013 16:16:55)
|
1. Кафе и какао – Свежата дамка, прелијте ја со ладно млеко и веднаш исперете ја во вода со детергент. Старата дамка намокрете ја во вода и детергент за рачно перење или истријте ја со мешавина од вода и алкохол. Дамките од волна и памук, исперете ги со кисела вода. 2.Сос – Соблечете го извалканото парче облека, под дамката ставете чиста крпа и исперете го со ладна вода. Ова би требало „ делумно“ да ја отстрани дамката. Или, држете ја ткаенината под млаз вода. Налејте течен детергент и чистете со мека четка, но не грубо. Нека отстои пет минути, а потоа исперете ја. Прелијте ја флеката со алкохолен оцет, а потоа исперете ја со вода. Поновете ја постапката уште еднаш, ако дамката сеуште е видлива, па ставете ја облеката во машина за перење. Ако и после тоа дамката остане, натопете ја во течен детергент или детергент за миење садови и оставете ја облеката во топла вода 30 минути. 3.Пиво – Намокрете ја облеката во млака вода и оставете ја 30 минути. Дамката исчистете ја со ладна вода и сапун. Добро насапунете ја и истријте ја.Ако останат траги, пробајте да ги отстраните со силен солен раствор во млака вода. 4.Вино – Развлечете ткаенина врз сад со вода и на висина од половина метар, налевајте вода врз дамката. Или, исперете ја со минерална вода: Важно е да не нанесувате сапун, бидејќи тоа би можело да ја влоши ситуацијата. Добро делува и млекото. Ставете млеко во сад, доволно за да ја потопи облеката. За брзо време, дамката ќе стане бледа. Потоа, веднаш исчистете ја со сапун и облеката ставете ја во машина за перење алишта. 5.Боровница – Исчистете ја со ладна вода. Измешајте лажица алкохолен оцет и половина лажичка во течен детергент, во литар ладна вода. Флеката треба да отстои 15 минути, а потоа исперете ја со ладна вода. Ако и понатаму е видлива, со помош на сунѓер и алкохол, пробајте да ја отстраните, па добро исперете ја. Или, подгответе паста од еднакво количество вод и сода бикарбона и нежно тријте ја на дамката. Исперете ја повторно. 6.Кечап – Соблечете ја облеката и исчистете ја со ладна вода ( идеја: ставете хартиена крпа под дамката, а потоа попрскајте ја со млаз вода. Ова би требало да ја „ разнесе “ флеката. Нанесете течен детергент и внимателно чистете со мека четка. Нека отстои неколку минути, па добро исперете ја. Со сунѓерче, на дамката нанесете оцет и повторно исперете ја. Ако е потребно, повторно повторете ја постапката. Ако и ова не донесе резултати, нанесете течен детергент и натопете ја облеката во топла вода. Нека отстои 30 минути… 7.Трева- Дамките од трева на бела ткаенина, исчистете ги со белка од јајце. На обоена ткаенина, натапкајте памук, натопен во 90% алкохол. За волна, свила и синтетички материјали, користете оцет и топла вода. 8.Сладолед и чоколадо – Помешајте лажичка течен детергент ( може за миење садови ) со шолја вода и натопете ја дамката. Против млечни дамки добро делуваат таблетите со дигестивни ензими ( купете ги во продавниците за здрава храна ) , искршете 3-4 таблети и додајте исто количество вода. Добиената паста нежно натапкајте ја на дамката. Оставете ја да отстои барем еден час. 9. Мајонез – Изгребете го вишокот мајонез. Ако дамката е свежа, обичен детергент е сосема доволен. Ако се работи за постара или посилна дамка, направете паста од сода бикарбона и вода и нажно натапкајте ја на дамката. Оставете ја да отстои барем еден час. Исперете ја во топла вода, според упатството на етикетата на гардеробата. 10. Сенф – Внимателно отстранете го вишокот, ставете ја дамката под ладен млаз вода и нанесете средство за отстранување дамки или веднаш нанесете глицерин ( достапен е во аптеките ). Нека отстои неколку минути па исперете ја дамката. Исперете ја со топла вода и додајте избелувач ( но не на свила и волна или ако на етикетата пишува дека избелувањето е забрането ). Сите останати бели ткаенини, можат да се натопат во благ раствор од домашен избелувач и да отстојат околу 15 минути ( 20 милилитри избелувач на пет литри вода ). Дамката исперете ја со вода пред вообичаеното перење во машина за перење алишта. 11.Безалкохолни пијалаци – Облеката натопете ја во ладна вода и оставете ја да отстои околу 30 минути. Во претперењето користете средство за отстранување дамки, па облеката исперете ја со избелувач ( проверете ја етикетата ). 12.Јагоди – Исперете ја дамката со ладна вода. Помешајте лажицалкохолен оцет, половина лажичка течен детергент и литар топла вода. Нека се натапка 15 минути, потоа исперете ја. Ако дамката не се отстрани, пробајте со сунѓер и алкохол и повторно исперете ја. 13. Пот – Во вода додајте оцет, оставете малку да отстои па исперете. 14. Лосион за сончање – Отстранете го вишокот лосион па нанесете средство за отстранување дамки. Исперете ја облеката со топла вода. 15. Мастика за жвакање – Облеката ставете ја во ќеса, па во замрзнувач. Кога мастиката ќе замрзне, ќе можете да ја отстраните со прсти од ткаенината. извор:боза.мк
|
|
|
|