|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Пластични бебешки шишиња
19.5.2009 15:26:23   
Еца
Дали внимавате какви шишиња купувате за своите бебуши. Најдов еден податок што воопшто не ми се допаднаuser posted image

Повеќе организации за заштита на животната средина предупредуваат дека хемиската супстанца БИСФЕНОЛ А, е опасна за деца и животни. Истовремено FDA и европските регулаторни комисии, како и соодветната хемиска индустрија, тврдат дека истата е сигурна и безопасна за здравјето.

Националната Токсиколошка Програма, која е дел од американскиот владин Национален Институт за Здравје, објавиле првичен извештај во кои изразуваат загриженост дека БИСФЕНОЛ А, може да предизвика нервни и психички пореметувања кај фетусот, новороденчињата и децата.
БИСФЕНОЛ А, или познат како БПА, се користи при производство на пластични (polycarbonate) шишиња, како што се ригидните шишиња за вода, бебешки шишиња за хранење, чаши, чинии, а исто така и во производство на конзерви (фолија за внатрешно обложување), во кои се пакува детска храна.

Организациите за заштита на животната средина и за заштита на потрошувачите се повикуваат на резултатите од студии кои покажуваат дека оваа хемиска супстанца ја нарушува апсорпцијата на хормонот естроген, кој е клучен во развојот на младиот организам.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Пластични бебешки шишиња
19.5.2009 15:33:53   
mami
user posted image аууу ме уплаши сега..па ние само пластични користиме..од почетокот сме со шишенца на Авент за се и млеко и сок...досега бев задоволна, ама очигледно ке треба да се менува нешто

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Пластични бебешки шишиња
20.7.2009 12:19:03   
bojanas
И за двете деца користев стаклени шишиња дури не проодеа. Побрзо се грејат, поубаво се мијат некако по хигиенски се. После тоа се префрливме на нук и се е ок.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Пластични бебешки шишиња
1.8.2009 13:52:36   
mami
Треба на Лука денес да му купам ново шиши за вода и за сок, оти старине веќе почнаа да мирисааат, незнам што гума ке беше тоа на цуцлата ама ужасно мириса иако е вриена...Какво да му купам? Има некој предлог? Ама да не биде со класична цуцла, полека ја исфрламе..се изнагледав секакви деновиве и незнам за кое да се решамuser posted image

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Пластични бебешки шишиња
1.8.2009 22:50:05   
Sara
Јас си земав од НУК пластично шишенце од колекцијата на Дизни кое е BPA free, што значи дека не ослободува БПА при висока температура.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Пластични бебешки шишиња
18.8.2009 10:59:19   
Еца
Јас и купив стаклено шишенце на Бејби Нова и веќе два дена се измолзувам и по еден оброк и давам од шишенцеuser posted image На почетокот нешто правеше фаци, но кога ја фати цуцата ништо не остана во шишенцето(мора да ја учам на времеuser posted image )

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Пластични бебешки шишиња
2.9.2009 13:57:14   
STRUMFETA
Staklenite na cihho, ma cuper se.Imame malo,sredno i golemo stakleno.Kupivme i plasticno no ne go koristam od pricina sto staklenite polesni se za uptreba, ne mirisaat i lasno se mijat.Mm go prevrte plasticnoto i sega ne se zatvara ubavo.Ama go cuvam, toa e prvoto sisence sto go kupivme za cajce.Samo moram da gi smenam cuclite, mislam deka silikonskite izgledaat pocisto i ne mirisaat

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Пластични бебешки шишиња
2.9.2009 14:00:21   
profesorica
Јас би ви ги препорачала на НУК цуцлите и шишенцата, ги користам одкако се роди дамјан и немам замерка.Цуцлата е во форма на брадавицата и Дамјан одма прифати не правеше никкави проблеми.

http://www.nuk.de/produkte/trinksauger/teats_and_bottles.html?lang=en


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот STRUMFETA)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Пластични бебешки шишиња
2.9.2009 14:05:42   
mother 29
nie imame sekakvi chico,baby nova,nuk,wee,dizni....site se dobri,a za cucli bi preporacala definitivno silikonski...lele kaucukovite kako mirisaat,mene me tera na povrakanje, a ne pa bebuskite?!

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Пластични бебешки шишиња
6.9.2009 9:02:47   
srekna mama
ние купивме и цуцла на нук и шише,ама ни едното ни другото не го сака.сега не знам какво шише да земеме?проблем..
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Пластични бебешки шишиња
6.9.2009 12:35:30   
jovanka
I jas go imam istiot problem sise ni cucla ne saka a mu kupiv i casa od nuk od 8 meseci so klunce i taa ne ja prifati edinstveno ni sluzi koga sme izlezeni nadvor bidejki e od tie sto ne protekuvaat.Pie od lazicka i ponekoja goltka od casa. Macno e...

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Пластични бебешки шишиња
5.12.2009 11:10:22   
mis.
Пластичните шишиња се потешки за одржување за разлика од стаклените и бараат на одреден временски период да се менуваат.На колу време вршите замена на старото пластично шишенце со ново?

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Пластични бебешки шишиња
5.12.2009 11:13:12   
mami
на 4-6 месеци..а ова што го користи моментално кога ке се спреми за фрлање ке се откажеме од шишенца засекогаш

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Пластични бебешки шишиња
5.12.2009 11:29:37   
profesorica
ние со шишенце почнавме во мај значи веќе прошле 6 месеци а имаме ново само треба цуцла да земам нова.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Пластични бебешки шишиња
25.1.2010 16:43:57   
Leonida
Може ли да ми кажете каде има производи на НУК? Јас во неколку аптеки побарав овде низ маало и немаше. Сакам да купам од цуцлата како брадавица и шишенце.
Однапред Благодарамuser posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Пластични бебешки шишиња
25.1.2010 22:39:00   
Јасминка
Леонида, јас шишенце од Nuk купив од Рамстор, а имаат и специјална продавница во Т.Ц. Лептокарија и во Аердорм кај Веро (наспроти Т.Ц. Бисер).

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Пластични бебешки шишиња
25.1.2010 23:36:45   
garfild
Леонида,такви шишенца има и во Веро,и во аптеките на Реплек,ние користиме такво,супер е,и големо и мало шишенце имаме.

(Одговор на членот Јасминка)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Пластични бебешки шишиња
25.1.2010 23:49:11   
Боцко
ах тој нук, толку сме навлечени што не знам како да го откачиме. ми иде да ја исфрлам таа зоолошка градина од домаааа. уште и име им даде бе - плинска боца ги вика user posted image user posted image
а нук се стварно супер. ги има со обични и оние понов тип цуцли. ама стефан е по класиката, другите не ги сакаше. освен тоа мислам дека каучукот му предизвикува алергиска реакција па ги заменивме со силиконски.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот garfild)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Пластични бебешки шишиња
6.2.2010 20:44:02   
Тања РР
Ние користиме стаклено шишенце на Нук со каучукова анатомска цуцла.
Кај шишенцето ми се допаѓа тоа што има широко грло па можеш со сунгерче да го измиеш пред да го стерилизираш но цуцлата веќе почна да мириса (по 3 недели). Размислувам да ја заменам со силиконска но тие се покрути а мојата Јаничка нема толку силаuser posted image

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Пластични бебешки шишиња
6.2.2010 20:53:41   
Bile
Gledam deka temata postepeno izleguva od svoeto znacenje. Znaci ne koga pocnavme so sisinja i dali gi prifakaat decata ili ne, ovde stanuva zbor za mnogu seriozna rabota. Bisfenol-A go ima vo site plasticni sisinja sto gi koristime za nasite deca i veruvale ili ne od mnogute statii sto gi procitav navistina se uveriv deka e opasen po zdravjeto na nasite deca. Ubavo Elena napisala i ova razberete go kako alarm koj ve predupreduva vo izborot na sisencata na sto treba da vnimavate. Barajte sisenca so oznakata BPA free ili kupuvajte stakleni!!!

_____________________________

Gorana i Stefani

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Пластични бебешки шишиња
6.2.2010 22:47:42   
Матеа
Еве што пишува во едно научно списание Child Health Alert:
Здравствените власти на државата Масачусец (САД) ги предупредуваат родителите да не чуваат бебешко млеко (формула) или исцедено млеко од градите во пластични шишиња кои содржат бисфенол (BPA). Особено им се препорачува на бремените жени да избегнуваат продукти кои ја содржат оваа хемикалија. Ова е донесено од локалните власти, а ФДА во моментов го преразгледува статусот на оваа хемиалија (ова е објавено во септември 2009). БПА е во класата на хемикалии кои ги имиттираат женските хормони и според испитувања врз стаорци, може да предизвика потенцијални развојни проблеми кај фетусот и кај мали деца.
Како да ги препознаете овие производи? Најчесто на газерот или отстрана имаат еден триаголник (ознаката за рециклирање) и во неа има број 7 или пак има кратенка РС (на латиница, поликарбонат). Сепак, не сите производи со ознака 7 во триаголник го содржат БПА, но се препорачува да се избегнува нивното користење. Во замена да се користат стаклени шишиња или садови од нер'ѓосувачки челик.
Исто така им се препорачува на бремените жени да не јадат овошје или зеленчук кое е конзервирано, затоа што облогата на конзервите го содржи БПА.
Во заклучок, списанието препорачува: Иако нема доволно цврсти докази дека има штетно влијание кај човекот (децата), сепак се препорачува да се избегнува користењето на овие производи. Во меѓувреме се очекува конечниот извештај од ФДА.

Ќе се обидам да дојдам до понови информации.
Се надевам дека ова е од помош.

(Одговор на членот Bile)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Пластични бебешки шишиња
6.2.2010 22:54:52   
mother 29
Бисфенол А или дифенилпропан, е супстанција која е основа за производство на пластичните шишиња за вода, или пакувања за други безалкохолни пијалоци и бебешка храна. Експерименти извршени врз животни, покажаа дека Бисфенол А, го спречува создавањето на сперма на машките и го забрзува половото созревање кај женските единки. Специјалистите испитувале урина на 2500 здрави луѓе и откриле висока концентрација на Бисфенол А кај 92% од нив, што е на многу поголемо ниво отколку кај животните.
Извештајот од Националната програма за токсикологија вели дека кај секој човек постои одредено количество на Бисфенол А. Некои специјалисти сметаат дека оваа материја ги уништува хормоните и делува на гените во раниот период на човечкиот живот, со што предизвикува да се развие рак на простата и гради, предвремен развој кај девојчињата, и други репродуктивни и нервни пореметувања.


(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Пластични бебешки шишиња
6.2.2010 23:00:06   
BEBICA
Bravo matea ubav tekst.user posted image user posted image user posted image user posted image
Nie koristime momentalno ova sisence so klunce
user posted image N890 PVC ČAŠA 270ML, NS, AN user posted image Imame dve i toa pocnavme da gi koritime od 13 mesec.



_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Пластични бебешки шишиња
13.2.2010 16:00:40   
Prvpatmama
Neli BPA se ispusta vo okolinata eve konkretno vo plasticnite sisenca samo pri visoka temperatura . Vo toj slucaj mislam deka ne treba tolku da se panici . Dovolno e samo da ne sipuvame topli napitoci vo vakvite sisinja . Isto e i so najlonskite folii vo koi se odgleduvaat ranogradinarski rastenija ( marula , piper , domati , krastavici ) vo vrelite zeski denovi vnatre kapat kapki voda od sto e zesko , poveke od 50C, se toa odi vo rastenijata . Nikogas ne sum mu dala na moevo dete nesto rasnato vo folija iako e od nasa gradina , a za sisenca , obicni se , i ciniite i sisencata , ednostavno se izladuvam vo staklo a potoa presipuvam .
D ae tolku alarmantno Bi bile skroz povleceni od prodazba i sekako koj bi gi proizveduval .

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Пластични бебешки шишиња
15.2.2010 14:09:01   
caci20
На колку време ги менувате шишенцата?

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот Prvpatmama)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?