RE: Пластични бебешки шишиња (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


Melanija RR -> RE: Пластични бебешки шишиња (26.8.2014 22:12:00)

Јас еднаш во ден ги вриев во тенџере ,патронажната ми кажа вриење 10мин ,5 ладење и под ладна вода.Јас применував некогаш во водата кога врие ставав и сода бикарбона.Знам дека има средство за миење на Нук го има во Бебецентар




Ilina87 -> RE: Пластични бебешки шишиња (26.8.2014 22:17:57)

nataly86, ние од самиот почеток сме на АД млеко и после секое хранење го мијам шишето со четка, сјај и жешка вода и го зовривам во тенџере, да врие околу 10 минути.




blue_blue -> RE: Пластични бебешки шишиња (27.8.2014 11:31:20)

nataly86, јас имав стерилизатор и го убив од користенње до некои 6-7 месеци на децава, донсоно додека не беа доволно возрасни да фаќаат се и да пикаат во уста. Не се секавам што марака беше, знам дека го земав од NUK и дека собираше 4 шишиња со цуцли. Го користев и за стерилизиација на цуцлите лажалки. Со оглед на тоа колку шишиња ќе ти се собираат јас би ти препорачала да си земеш стерилизатор и да не се зезаш со вриење шишиња. Овој е електричен, само ставаш вода и за 7-8 мин готови се шишињата. Се чисти само со алкохолен оцет. Инаку шипињата пред да одат во стерилизатор ги миев со малку сјај и четка онаа што е специјална за шишиња.




nataly86 -> RE: Пластични бебешки шишиња (29.8.2014 22:43:26)

Еден ден со вриење ладење и сл и доста беше...мислам дека стерилизатор за тие што се на АД млеко е права ствар[sm=smiley36.gif] многу олеснува...
шишињата ги мијам со топла вода и детергент и во стерилизатори средена работа... топло препорачувам на секого...ние зедовме од моделот што стерилизира во микробранова...




Страница: <<   < Претходна страница  3 4 5 6 [7]