|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   мастит
19.5.2009 15:32:23   
mami
имала ли некоја проблем со мастит и како го излечивте? мене ми се појави летово, ми рекоа дека ми е од нервоза и таму ми покажало, си примив една инфузија и дома три дена интензивно  измолзување и давање на Лука да цица почесто..

Непосредна врска до пораките: 1
   RE: мастит
22.5.2009 0:23:16   
biljanaM
уф...ова ми беше најголемиот кошар во животот, Воислав никако да сакаше да цица, а млеко имав премногу, добив маститис, температура, инекции, секој ден исто....кога ми рекоа дека ако не ми поминат отоците, црвенилото, температурата може да зафршам со хируршки зафат, е тогаш мислев дека нема да издржам....неколку време се измолзував и на крај ми дадоа бромергон за да ми прекине млекото. 

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: мастит
17.6.2009 8:50:51   
mami
Што се подразбира под маститис?
Маститис означува воспаление на градата. Маститис може да настане во услови кога е блокиран истекот на млекото од млечните канали. Ако каналите не се ослободат, веројатно е дека ќе се развијат симптоми како температура, грозница и болки. Како резултат на блокада на каналите доаѓа до насобирање на млекото во градата. Тоа претставува иделна средина за раст и развој на бактерии и можност за инфекција.

Кои се симптомите на маститис?
  • Неинфективен маститис - блокирани се млечните канали без да е присутна инфекција – градата која е зафатена или делови на градата стануваат болно осетливи, тврди и зацрвенети.
  • Инфективен маститис - присутна е бактериска инфекција, градата е зацрвенета, топла, отечена и болна. Кожата може да изгледа затегната и светната. Присутни се општи симптоми, како малаксаност, лош целосен аспект, висока температура (над 38 0 Ц).
Како настанува маститис?
Неинфективен маститис (блокирање на млечните канали) - фактори кои предиспонираат се:
  • Лоша дренажа од градата, најчесто како резултат на неадекватно припојување на детето на градата.
  • Ако мајката го држи бебето на града кратко време ( кратки подои).
  • Ако се прескокнува подој или само ако се одложува подој, па се насобира многу млеко.
  • Тесно или неудобно прслуче, или ако мајката постојано спие во иста позиција.
  • Ако во тек на доење ја држи многу цврсто градата.
  • Траума (на пр. несакан удар на градата).
Бактериска инфекција ( инфективен маститис)-предиспонирачки фактори:
  • Лоша психичка состојба.
  • Траума на брадавицата, предизвикана од несоответно прифаќање во тек на подојот.
  • Користење на кремови за брадавицата, кои може да се контаминирани со бактерии.
  • Блокиран млечен канал, ако не се третира.
Како да се превенира маститис?
  • Да се мијат добро рацете, пред да се менуваат пелените на бебето.
  • Бебето да се постави правилно при доењето, за да може добро да ја прифати добро брадавицата.
  • Да се избегнуваат долги паузи меѓу подоите.
  • Често доење.
  • Облеката на мајката треба да е удобна. Ако носи прслуче, тоа треба да е удобно.
  • Да се избегнуваат креми за брадавиците
Како да се третира маститис?

Неинфективен маститис
  • Бебето да се дои на зафатената страна. Таа града се нуди прва при подојот.
  • Пред доење, корисно е да се стави топло на градата, во тек на доење нежна масажа на зафатеното подрачје, а по завршеното доење ладни облози.
  • Да се промени позицијата за доење
  • Честа дренажа на градата преку доење и измолзување.
Ако блокот не се ослободи за 12 часа, обратете се на вашиот доктор.

Инфективен маститис
Потребен е брз третман под контрола на лекар и тоа:
  • Да се продолжи со доење, за да се дренира градата.
  • Антибиотици, според препораката на лекарот.
  • Парацетамол и антинфламаторни медикаменти за намалување на болката.
  • Мирување и адекватен внес на течности.
  • Загревање на дојката пред доење, а по подојот ладни облози.
  • Промена на позицијата на доење за да се подобри дренажата.
Доколку одлучите да прекинете со доење, важно е да се сочека додека не се санира инфекцијата. Брзо одбивање може да доведе до формирање на абсцес.

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: мастит
18.10.2009 20:45:28   
profesorica
еве читам за ова и изгледа го имам година и кусур после успешно доењеuser posted image user posted image user posted image
ме боли левата града цел ден, болката ми е како поткожна бубуљица и не на едно место, туку цела града.се притискав за да видам да не има некакво топче и мислам дека од тоа уште повеќе ме здоболе.ептен ме боли, и кога одам дури бидејќи ми се помесува градата и осетлива ми е.незнам што да правам, еве сега држам топло на неа.можно ли е да е нешто другоuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: мастит
18.10.2009 20:47:38   
Еца
професорица, здравје утре на доктор со тие работи, нема шалаuser posted image се надевам дека утре добри вести ќе ни пишешuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: мастит
18.10.2009 20:49:30   
profesorica
јас се јавив кај докторот што ми помогна кога имав воспаление на градите и дури во среда имал термин.тој е специјалист за гради и незнам каде би одела дами ја прегледаат.на обилна клиника ништо нема да ми кажатuser posted image user posted image user posted image ајде препорачајте нешто?некој лекар?
јас знам дека треба на лекар ама за вечевра некој совет?


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: мастит
18.10.2009 20:58:11   
niki
Секој гинеколог знае да препознае мастит и  би можел да те прегледа. Мада нешто ми е сомнително викаш долго време го имаш тоа а досега други симптоми не си приметила, јас мислам ако е мастит би имала и температура, сепак не ме држи за збор. И најбргу што можеш оди на лекар.
И каков ти е тој стручњак на кој му се јавуваш дека се сомневаш за мастит а тој ти вика дури у среда?Кога ја одбивав керка ми не ми престануваше млекото и ме болеа многу и отидов на дежурен во недела кога и се јавија на гинекологот за 10 минути од дома дојде да ме види, иако не беше дежурна.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: мастит
18.10.2009 21:52:09   
barbi
Lele luge me isplasivte so ova mastit.Ja prv pat slusam? Jas vece dve ipol god. ne dojam ama vece edna godina me boli levata grada vaka se cepkam nemam nekoj izrastok bev na opsti lekar i rece deka ne e nisto opasno.A jas isto taka celo vreme doev samo na levata,i sega neznam sto da praem,izgleda ce moram na ginicolog?

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: мастит
18.10.2009 21:57:39   
BEBICA
Draga moja profesorice ti imas mastitis 100%.Eve i jas imav pred nedela dena mi se pojavi a Monika ja dojam uste znaes i samata deka ima 1 dena.Bas ti kazuvav na tebe.
Mastitisot se pojavuva kako zgrudvuvanje vo gradite tvrdise i pri najmal dopir se javuva ogromna bolka.Jas prv pat imav koga na pocetokot na doenjeto a sega vtor pat mi se sluci pred nedela dena koga Monika namali da cica a levata grada mi bese prepolna so mleko i za edna vecer prvo mi stana tvrda ko kamen pa se vcrvi pa temperatura.Znaci prvo mastitis pa se vospali gradata.za mastitisot samo masaza rucno ako se vcrveni ke si zemes FLUGOCId mast ona e momentalno delotvorna i ako se pojavi temperatura samo svezi listovi od zelka.Ova seto mi e preporaka od ginekolog jas duri i ja snimav gradata da ne imam nesto drugo no fala bogu nemam.
Za zelkata ne se salam ona ja simnuva temperaturata momentalno.Se stava okolu gradata no ne i na bradavicata.
Mene sega mi se sluci i kanalite da mi se zapusat pa sekoe doenje na Monika mi bese pekolno dodeka ona neizvlece i se izmolzuvav na sekoj 1,5 do 2h.
i postepeno ke namaluvas so izmolzuvanjeto mislam na kolkicinski za da se namali mlekoto a isto taka i ke namalis so pienje na tecnosti na minimum.
Se nadevam deka ti pomognav
No nie i utre ke se cueme


(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: мастит
19.10.2009 8:06:04   
profesorica
Вака убаво да појаснам.Значи болкава ми се јави во недела околу 12 на пладне и вечерта ми се зголеми болката а еве и савајлево ме боли.значи не сум го имала ова долго како што кажа ники, туку прв пат мис е јавува.и незнам ни дали ми е мастит, бидејќи немам температура.само болка при добир и од што ја фаќав градата за да проверам да не има некое топче повеќе почна да ме боли.е сега закажав за на специјалист за гради во државна, др/ Кондев за во среда сабајле, бидејќи се му било преполно, немал термин а јас сепак не сум му сестра но сабајоле бев до кај педијатрите чисто на консултација, ме видоа, ми ја допреа градата и ми рекоа дека имам мало згрутчување на најголемиот канал и дека треба со ладна вода да се туширам и да ја стискам градата за да го разбијам.и да ставам зелка против болките.

бебица кажи ми таа маст за што е, дали за болка?

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: мастит
19.10.2009 8:13:27   
profesorica
епа еве пак го прочитав текстов за маститис и сите симптоми ги имам од неинфективен мастит, значи без температура, е сега ме чуди што Дамјан ноќеска цицаше 5 пати на таа града а сеуште ме боли и ми е тврдо.па нели би требало да ми се ослободат каналите со толку цицање.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: мастит
19.10.2009 9:01:09   
mami
дека треба со ладна вода да се туширам и да ја стискам градата за да го разбијам.


Ако се тушираш со ладна вода само уште повеќе ќе ги затвориш каналите, мене кога ми се појави маститот ми рекоа со топла вода туширање- за да се отворат каналите и измолзување додека си уште под туш, за да полесно ти биде..и масирај, мноооогу масирај, со кружни движење и измолзувај...

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: мастит
19.10.2009 9:04:44   
profesorica
сега се чув и со матичната гинеколог и ми рече со топла вода да се измолзувам под туш.
само тоа не можам сегаuser posted image на работа сум, а после тоа сум на часовиuser posted image катастрофа, дури вечер ќе можам.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: мастит
19.10.2009 9:11:01   
mami
јас би ти препорачала да си одиш дома да не си играшш играчки, зошто тоа може да биде многу сериозно ако навреме не се санира, подобро да пропуштиш еден ден на работа, отколку да лежиш после во болница и да те стискаат таму на нивен начин...

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: мастит
19.10.2009 9:11:20   
mis.
Јас имав мастит кога Мартин имаше само 2 недели со температура до 40 и треска.МИ помогна само масажа на градата посебно оние места кај што има зрутчување.Кога ќе ја напипеш топката,грутката само неа масирај ја за да ја разбиеш.Ако Дамјан не те исцицува измолзувај се рачно или со пумпица како ти е најлесно.Гледај да не заработиш и рагади со ова.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: мастит
19.10.2009 9:12:44   
mis.
Па ако имаш цел ден ангажмани и не превземеш нешто можеш и млекото да го загубиш.Веднаш дома.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: мастит
19.10.2009 9:35:48   
profesorica
па имам пауза меѓу работа и часови 2 саати. таман за ручек, тогаш ќе се измолзам убаво.

таква ми е работата не можам да излезам, има цело време утовар/истовар на роба и морам да сум тука.на работа сум сама, не е дојден директорот, и глупаво ми е да му се јавувам ај да беше жена па да и објаснам што ми е.вака ми е многу безвезе, еднаш веќе ме пуштил дома да си одам пред месец ипол.не сакам да оставам лош впечаток.само 2 месеци сум тука.

а што мислите дали да пратам некој од дома да ми ја донесе пумпицата па од време на време ќе одам до веце да се измолзувамuser posted image user posted image user posted image .тоа не би било проблем.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: мастит
19.10.2009 9:37:56   
mis.
мислам дека тоа ти е добра идеа мораш да се измолзуваш Дамјан не до тебе да цица па млеко ти се собира па уште повеќе ти се влошува работата.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: мастит
19.10.2009 9:42:48   
mami
Ако веќе неможеш да одиш дома, прати по пумпицата, и цело време додека пумпаш масирај ја градата, особено таму кадешто ти е грутката, мораш да ја разбиеш, и саммо нежно, во спротивно ке те боли многу

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: мастит
19.10.2009 9:47:44   
profesorica
му реков на мм ќе оди до дома по пумпицата а јас бев еднаш до веце сега и молзев, тешко е рачно.после кај мајка ми ќе се молзам под туш и ќе ставам зелка па вечер пак.ваљда ќе ја разбијам-многу е чудна не е грутка туку како целиот канал да ми е отечен од внатре.а вака градава не ми е тврда и не е премногу полна ама многу ме боли.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: мастит
19.10.2009 10:14:22   
niki
Во тој случај ти се запушил каналот само и треба него да го масираш и најдобро ти е рачно таму кај што е грутката да масираш, ни пумпица ни цицање нема да ти помогнат толку како што ќе ти помогне масирањето и измолзување рачно. Кога си веќе сама на работа во ВЦ на секои три саати и масирај нежно на местото кај ти е грутката со кружни движења и движења кон брадавката.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: мастит
19.10.2009 10:17:24   
Еца
професорица еве еден еден текст од Рингераја кој ке ти даде некои информации КЛИКНИ ТУКА

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: мастит
19.10.2009 11:30:14   
BEBICA
Od seto ova profesorice sto napisa tebe 100% ti e zapusen nekoj kanal samo masiranje i racno izmolzuvanje.Jas veke imav vakov problem pred nedela dena i mene taka mi bese prvo me bolese gradata pa edna vecer kaciv temperatura i se dodeka ne ja razbiv grutkata ne i ne pocna da sprica mleko bas kako tus nisto ne pomaga.I isto taka mi pomogna svezata zelka.A poradi toa sto me prasa za FLUGOCID mast eve za site koi ne znaat, FLUGOCID mast se koristi vo veterinata no isto taka i lugeto ja koristat koga gradite se vospaleni i crveni se mackaat gradite no ne i bradavicite i se stava zelak.Bukvalno za nekolku saati crveniloto go nema temperaturata isto taka se namaluva od zelkata.I ke se povtoram ova se mi e preporaka od lekar nisto na svoja raka.
jas prv pat dobiv mastitis na pocetokot na doenjeto i Monika ja ostaviv so 9 dena doma a jas zaglaviv vo bolnivca i gospod go vidov.Edna dobra rabora od seto toa e sto babicite koi me molzea na sekoi tri saati me naucija kako i jas da se izmolzuvam sama.Taka da taa tehnika ja usovrsiv malku na bolen nacin.
Profeorice nemoj da se zezas odi doma podobro za tebe ti veke znaes kako jas projdov.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: мастит
20.10.2009 11:22:03   
mother 29
проф. како е градата?

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: мастит
20.10.2009 11:25:00   
profesorica
па вчера ја измолзев цела, немаше ништо ама болката не ми престанаuser posted image .еве и денес ја молзам, ама ме боли, целата особено од страна на допир, боли.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Dali sakate da gotvite?

DA (78%)

NE (4%)

Ponekogas (19%)


Број на сите гласови: 27

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!