Snowhite RR -> RE: Крштевка - колку е важна? (7.3.2013 13:35:12)
|
Значи може дома да се крштева, отидовме во црква и прашавме, ни кажа нема проблем,кажуваш кој ден и во колку часот и попот доаѓа, си носи се што му треба, е сега кај нас не носеше коритце за капење, што ми е многу криво зашто ја капеше во наше, а едни пријатели исто го крстија дома и тој си го носел тоа кршталното корито од црква. Како и да е, церемонијата е иста, со помалку гужви само, исто се плаќа, се е исто. Е сега мора и в црква да се однеси на причесна, а ако е машко да го внесат во олтарот. Ние по една недела бевме на причесна и ни се погоди владиката да биде на литургија, кој иде еднаш во неколку години и ете се погоди баш неа да и даде тој винце да се напие. Ринг фала ти за предлозите за поклони, на кумата баш тоа и купив, накит, односно ланче со привезок од Сваровски, а на кумовите му купивме столна ламба од тие високите што се ставаат зад гарнитура.
|
|
|
|