Mila mamicka -> RE: Крштевка - колку е важна? (21.5.2014 14:02:09)
|
За мене крштевката е многу убав чин. И двајцата со мм сме верници, крстени сме во црква, венчани сме, па така и синот си го крстивме на 6 месеци. Јас сакав и порано, ама девер ми не беше тука, а сакавме да присуствува. Правевме крштевка во ресторан, само со домашните, кумовите, старосватите и деверот од свадба. Во договор со нив, на кумот му купив часовник (5500 денари), на кумата кожна ташна и кожен новчаник (околу 5000), на ќерката нивна облека (3000 денари). На старосватицата и купив (знам дека не треба, ама ми беше желба) исто новчаник од Бата, а на старосватот и деверот им купив кожни ремени од Бата. Кумата ми даде пари, за јас да си го дотерам син ми како што сакам (беше преубаво дотеран од Окаиди), ми донесе златна алка за него, и торта. Сметам дека се треба да се прави со договор.
|
|
|
|