mami 3. -> RE: Крштевка - колку е важна? (30.4.2011 20:59:41)
|
Библискиот став е дека бебињата не треба и не можат да бидат крстени, туку откако ќе пораснат, откако ќе се запознаат со христијанската вера т.е. со евангелието, откако ќе се покајат, поверуваат во Христос, дури тогаш можат да донесат самостојна одлука да бидат крстени. Има повеќе аргументи што го подржуваат овој став, но јас ќе се сконцентрирам само на предусловите што му предходат на крштевањето и со тоа би сакал да покажам дека едно бебе не е можно да ги исполнува тие предуслови, за да биде библиски правилно крстено. Предуслови за крштавање 1. Примање на Словото на Евангелието Откако Петар на првиот Духовден ја одржа неговата евангелска проповед, оние кои ја прифатија таа порака, се крстија. "И така се крстија оние кои го прифатија неговото слово." (Дела 2:41) Значи стихот не вели се крстија сите, туку само оние кои го прифателие неговото слово т.е. словото на евангелието. 2. Вера "Етиопјанецот рече: Еве вода! Што ме спречува да се крстам? А Филип рече: Ако вервуаш од се срце, можеш." (Дела 8:36-37) Кој предуслов го забележувате тука? Филип е многу јасен и недвосмислен тука, вели: Ако веруваш од се срце, можеш? Прашање: Дале едно бебенце може од се срце да верува во Христос? Дали бебето знае Kој е Христос за да може да верува во Него? Дали едно бебенце воопшто знае колку букви содржи зборот "Христос"? "Ако веруваш од се срце, можеш." Ова е условна реченица која го кажува условот, дали некој се квалификува да биде крстен или не. Негацијата на овој услов би била: Ако не веруваш од се срце, не можеш." Исус рече: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен. " (Марко 16:16) Запазете го редоследот во горната Христова изјава. Исус не вели: "Кој се крсти и поверува, ќе биде спасен." Туку вели: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен". Значи, од овие стихови, а и од подоле наведените, јасно е дека на крштевањето му предходи вера, и тоа искрена вера во Исус Христос. 3. Покајание "Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос... " (Дела 2:38) Покајанието е исто така важен предуслов за крштевањето. Тоа не е ритуал. Тоа е лична одлука со која ние се каеме за нашите гревови, бараме прошка од Бог за истите и донесуваме одлука за промена, промена од внатре, која ќе резултира со промена и однадвор, во нашите дела, од кои ќе се види дека нашето покајание било искрено. Прашање: Дали едно бебенце може да се покае? Дали бебенцето е свесно дека е грешно или дека направило грев за да се покае? Дури и најинтелигентните бебиња вие не можете да ги научите да се извинат до 3-4 годинки, а камо ли да се покајат за своите гревови на 40 дена од нивното раѓање. Заклучок: Од цитатите погоре видовме дека на библиското крштевање му предходат три предуслови: Слушање на словото на евангелието, покајание и вера, три работи кои едно бебе не може да ги исполни. И затоа заклучуваме дека секој обид да се крсти некое бебе, не е библиско крштевање, туку само едно вонредно невообичаено бањање. Sekoja cest za gore napisanoto, potpuno se slozuvam so tebe [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
|
|
|
|