|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Предимплантациска генетска дијагноза
2.11.2015 11:55:06   
LoveableMe RR
ПГД и ПГСсе методи кои се применуваат по неколку неуспешни ИВФ или по серија на спонтани абортуси после ИВФ.

PGD - поточно предимплантациската генетска дијагноза е процес на отстранување на ќелија на ембрион при ИВФ за генетско тестирање пред истиот да биде вратен во матката (како на пример цистична фиброза).

PGS - предимплантацискиот генетски скрининг е соодветен термин за тестирање на целокупните хромозомски нормалности кај ембрионите. Истата не ги гледа болестите, туку скрининг на ембрионот за нормални хромозомски вредности.

Најдобро е да се направи кај 5-дневен бластоцист кога ембрионот е диференциран во внатрешна клеточна маса, со трофхектодермална компонента и кавитет исполнет со течност. Се зема примерок од ембрионот и се тестира. Потребен е одличен систем на култура кај клиниките за да се добие максимален број на бластоцисти за биопсија. За кого се препорачува? Овие методi најмногу се препорачуваат за следниве пациенти (може и за други):

- пациентки кои имаат возраст над 38 години
- пациентки од било која возраст со неуспешни ИВФ (повеќе од 3 обиди)
- скенирање за наследни болести
- пациенти кои се носители на хромозомски транслокации
- пациентки со повторувачки абортуси

Со методите, се прави анализа на ембрионите и се враќаат само тие кои немааат абнормалности или ембриони кои носат наследни болести (цистична фиброза на пример). Со овие методи, успехот на ИВФ е значително поголем, а исто така се спречуваат и повторувачки спонтани абортуси.

Извор: advanced fertility и hfea gov uk


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 3.11.2015 16:30:20 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Предимплантациска генетска дијагноза
2.11.2015 20:35:45   
kapina
Pgd se prave kaj onie zeni kade sto doaga do spontan abortus od genetska priroda, ne kaj site so povtoruvacki spontani abortusi.

So ova metoda se otkriva i kakov ke bide polot na embrionot dali ke bide masko ili zensko.


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 3.11.2015 16:31:01 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Предимплантациска генетска дијагноза
3.11.2015 12:45:15   
Pinky30
A dali znaete dali Remedika go pravat ova ispituvanje?

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Предимплантациска генетска дијагноза
3.11.2015 16:32:40   
LoveableMe RR
PDG и PGS се различни методи, колку што гуглав на еден странски сајт пишува дека ПГД правеле во Ремедика, а исто така видов и на Фејсбук страната на Њуборн Клиник кај што пишува дека прво во РМ прават ПГДuser posted image . За цена не знам.

Ај ако знае некоја рингерајка повеќе, нека пише.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Pinky30)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Предимплантациска генетска дијагноза
3.11.2015 17:39:23   
kapina
Kaj nas pgd pravat samo vo sante plus i new born klinik

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Предимплантациска генетска дијагноза
4.11.2015 11:00:05   
Kvisko
За Ремедика и Систина со сигурност знам дека правеа ПГД пред едно 3 години така што и сега веројатно прават. Една моја пријателка имаат генетски наследна болест врзана за X хромозомот па морааа да одат на избор само на женски ембриони (Ова од причина што нели женските имаат два X хромозоми па може да се генетски здрави, а носители на некоја генетска болест, а машките добиваат само еден X хромозом од мјаката и ако го наследат тој со грешка сигурно ќе бидат болни) Прво имаше неуспешни обиди кај Лазаревски а потоа успешен обид кај Петановски. Во двете болници доаѓаа луѓе од Турција за таа процедура.
Е сега ПГД кај нас се прави само во такви случаи а во другите според мене и нема некоја поента. Со ПГД намерно се одбегнуваат плодови кои имаат генетски грешки ама за да се одбегнат таквите мора да се знае која е генетскаа грешка кај родителите или поширокото семејство па таквите да се отфрлат. И само тоа и реално со степенот на развиенот на науката во денешно време може и да се направи. И исто да се одбегнат плодови со очигледни мутации и недостатоци, како на пример трисомии (како Down, Edwards, Patau), триплоидии и анеуплоидии или големи делеции и инверзии на хромозомите. Кај некои плодови може да има и грешки на самите гени кои не може пак ќе кажам во денешно време да се видат само затоа што науката не е стигната до таму. Рачунајте дека пред само 10-тина години беше извршено комплетно мапирање на човечкиот геном (авторите имаат и Нобелова награда за тоа) и тоа траеше една деценија да се заврши. Е сега сеуште не сме стигнати да видиме кои точно мутации до што водат и на тоа се работи. Плус јајце клетката има и митохондријална ДНК која игра мала ама значајна улога понекогаш а таа сеуште не е мапирана.
Затоа ако мене ме прашате ПГД има смисла само ако се знае дека има одредено генетско оптоварување па да се направи. Кај парови кај кои нема индикации за жал сеуште нема смисла според мене зашто е непотребно малтретирање.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 4.11.2015 11:02:43 >

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Предимплантациска генетска дијагноза
13.11.2015 19:33:25   
kapina
Vo sistina ne pravat pgd go prasav jas lazarevski zatoa

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Предимплантациска генетска дијагноза
17.11.2015 13:59:16   
LoveableMe RR
PDG секако дека не треба да се прави кај сите, туку само кај тие што имаат проблематични наследни болести во семејството, но PGS секако дека е препорачливо, но за тоа треба стручност, апаратура и сл.

ПГС е топло препорачан за парови:

- ако жената е над 35 години и има зголемен ризик (поради годините) за ембриони со хромозомски абнормалности (пр. Даун синдром и сл.)
- доколку жената, без разлика на годините, има семејна историја на хромозомски проблеми
- доколку жената има историја на повторувачки абортуси
- доколку жената има неколку неуспешни циклуси на ИВФ по трансферот на ембриони
- доколку мажот во неговата сперма има висок ризик со хромозомски проблеми

Но, мислам кај нас не сум слушнала да прави некој ПГС и колку тоа чини....


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Предимплантациска генетска дијагноза
17.11.2015 14:09:48   
kapina
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

..........Но, мислам кај нас не сум слушнала да прави некој ПГС и колку тоа чини....


4500 evra e komplet ivf i pgd vo sante plus. Jas se rasprasuvav za edna moja prijatelka oti kaj nea kariotipot izleze los.


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 17.11.2015 14:21:29 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Предимплантациска генетска дијагноза
17.11.2015 14:22:10   
LoveableMe RR
капина, ти зборуваш за ПГД, а јас последно пишав за ПГС, што воопшто не е исто.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 10
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?