blue_blue -> RE: Вештачко оплодување VIII дел (26.3.2016 14:36:04)
|
Не знам точно што значи дијагнозата на твојот сопруг но мислам дека е многу неодговорно од гинеколог кој не е специјалист за стерилитет да дава црни прогнози за неможност да се имаат деца. Ти препорачувам да отидете кај специјалист за стерилитет. Такви има повеќе во државава, но главно најспомнувани на форумов се Д-р Лазаревски од Систина (во Систина ги имаш и Митко Ивановски и Д-р Поповиќ), во Ремедика се Д-р Петановски и Д-р Димитров, го имаш и Таше од Плодност во Битола и мислам од скоро во Њуборн Клиник е Д-р Трајковски кој работеше на клиника. На тебе е да избереш кај ќе одиш. Д-р Лазаревски е со најголемо искуство на темава. Види, одбери и не чекај закажи преглед. И не очајувај, ако навистина испадне дека нема шанси никакви со материјал од маж ти да зачнеш секогаш ја имаш опцијата со донор на сперма. Имаме една членка на форумов која така забремени и има сега два сина. Мој совет е само да си тераш со прегледи и постапка која и да ти ја даде докторот но освен со сопругот со други луѓе да не зборуваш што и како правиш, дури и најблиските да не знаат ништо, така е полесно за тебе за да не осеќаш притисок дека нешто мора да се деси
|
|
|
|