Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VIII дел (22.8.2016 11:31:18)
|
natnat, ни недостигаше [sm=smiley1.gif] Симптомите се толку разновидни и широки што неблагодарно е да се донесе заклучок - сите сме имале разни искуства, и со и без симптоми, така што нема правила. Прерано е за каков било тест и не требало докторот да ти каже да направиш, само си ствараш нервози. Кафеав исцедок е нормален, може да се работи за имплантациско крварење, кога се вгнездува ембрионот, се реструктуираат крвните садови на микро ниво па затоа може да има мал крвав исцедок. Секако, ти си под прогестеронска терапија за поддршка и се ќе се знае со тест на бета. Знам дека ти е тешко чекањето, но би те советувала да не правиш тест пред минимум 14 дена после трансфер. Сега за сега, одмарај, гали го мешко, гледај комедии, фотостимулација од ембриони како се делат и имплантираат, и како растат, и само позитивни мисли. Среќно [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|