mis. -> RE: RE:Кенгур или слинг марама (19.12.2009 16:14:28)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца Мајките од цел свет одсекогаш ги носеле своите деца во марама. Привиено во нејзината прегратка бебето се чувствува сигурнои заштитено. Испитувањата покажале дека бебињата што се носат така, плачат помалку и подобро напрадуваат! Ритмичкото движење овозможува подобар психички, емоционален и физички развој. Можете да го носите своето бебе уште како новороденче па се до 3 години. Треба само неколку секунди за да го наместите бебето – напред во положба како колевка или исправено бочно или позади, зависно од возраста или како ви одговара најдобро. Sling ByMama се мести и подесува со повлекување на марамата низ алките. Rebozo Pam е марама што се врзува и може да се користи на разни начини . Марамите се 100% памучни,нетоксични и сосема безбедни за кожата на бебето. ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца Уште еднаш линкот што го постави евципа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] ИЗВОРНА ПОРАКА: mami [image]http://babysling.com/images/catalog/live/imageLibrary/168F80C71517396F9FD08A5B10F4148AL.jpg[/image] ИЗВОРНА ПОРАКА: mami ИЗВОРНА ПОРАКА: evcipa Во премаман има само УШТЕ една слинг марама, која е околу 4500 ден (на попуст). Може да се направи и нарачка. Интересно таму е што се регистрираш и со самата регистрација добиваш 10% попуст, а за роденденот на детенцето 50% (истото важи за татковци, баби, тетки ..) ИЗВОРНА ПОРАКА: mami незнам каде го пишав бројот за таа фирмата што продава Слинг марами кај нас..тогаш кога прашував ммислам дека ми рекоа дека се околу 3000 ден.ај ке побарам кај го пишав па јавете се прашајте ИЗВОРНА ПОРАКА: ananikol Ovde se dosta aktuelni maramite mislam bea letoto i toa so me bendisa imav primeteno deka edna majka si go doese [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] koj bese vo maramata dodeka taa na pazar kupuvase.Znaci uste edna prednost [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica НА ШТО ДА ОБРАТИТЕ ВНИМАНИЕ КОГА КУПУВАТЕ СЛИНГ Слингот треба да биде удобен за Вас. За да биде удобен слингот треба да го држи бебето високо и припиено за Вашето тело. Слинговите кои висат од рамењата можат да бидат многу неудобни, особено при подолго несење. Побарајте слинг кој ќе овозможува рамномерно разместување на тежината. За таа намена подобри се слинговите со широки прерамки, кои се обмотуваат околу телото, одколку оние со потесни прерамки. Слингот треба да биде удобен за бебето. Испитувањата покажале дека се подобри слинговите во кои бебињата се носат со раширени нозе, од оние кај кои тежината паѓа на карлицата. Всушност идеалната положба за оптимален развој на карлицата на бебето е со раширени нозе. Новороденчињата треба да се носат така што да имаат потпора по должината на целата кичма, барем додека не зајакнат мускулите на вратот. Возраста на бебето. Кога купувате слинг изборот ќе зависи и од возраста на бебето. Идеално би било да имате 2 слинга. Еден за употреба додека бебето е мало и еден за кога се попорасне. Вашата градба Слинговите се изработуваат во разни големини, одберете го оној кој ќе одговара на Вашата висина и обем. Слингот треба лесно да се мести. При купување на слинг, обратете внимание да може лесно да се намести и лесно да се адаптираат прерамките. Повеќето слингови се со алки на рамењата и како што расте бебето, треба да овозможуваат и лесно прилагодување на слингот. МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА СЛИНГ - Кога одите внимавајте каде газите, за да избегнете да паднете со бебето. Внимавајте на расфлените играчки, влечки, прагови и сл.
- Секогаш носете удобна облека и обувки.
- Внимавајте на временските услови. Ако е врнежливо, патот може да биде лизгав.
- Имајте на ум дека Ви е потребно поширок простор за да поминете некаде: во пролаз, низ врата, околу некое ќоше и сл.
- Внимавајте на позицијата на главата на новороденчето. Внимавајте главата да не му падне нанапред, со брадата на градите. Тоа може да го попречи дишењето на бебето.
- Кога бебето е попораснато, има поголема слобода на движење. Затоа внимавајте да не дофати некој опасен предмет.
- Никако немојте да трчате со бебето. Потресите можат да предизвикаат големи оштетувања на ''''''''рбетниот столб и нервниот систем на бебето. Имајте впредвид дека новороденчето се уште се развива.
|
|
|
|