isis
|
Здраво драги мами, Ќерка ми има атопична кожичка од 1 месец (сега има 6 месеци) на обравчињата... Пробуваме многу креми, масти, на база на емолиенти, антисептични, хранливи, не иритирачки, природни и какви не... Лек нема, кортико, афлодермот помага, но не лечи. Особено на лице треба што е можно повеќе да се одбегнува кортикото... Останатите креми и мелеми за пробрематична кожа го ублажуваат проблемот, ја хранат, хидрираат и регенерираат кожата, создаваат одбрамбен слој, демек...И треба пробување изгледа, што највеќе и прија на кожата. Суштината е дека треба кожата како секој орган да стекне имунитет и да почне да се бори со надворешните влијанија кои ја иритираат, па со тек на време децата да го надраснат овој проблем. Тешко е за децата, се чешаат, се нервираат, си прават лузнички, родителите исто се нервозни кога се безпомошни и се тоа ствара круг....Ама незнам што би можеле да направиме за да си помогнеме??? Читав многу разговори и искуства од родители и кај секој различно помага. Пр. невеново уље, потоа бадемово, маслиново, уље од морков, јојоба уље, кокосово уље и чичково како антисептик (дел од уљава навистина незнам каде да ги најдам и убаво ќе е доколку размениме искуства ако некој сретнал во Скопје). Последно што слушам за маст или крема Бепантен, би ве замолила доколку некој ја сретнал по аптекиве да сподели каде???
< Поракaта ја уредил isis -- 2.2.2012 13:29:32 >
|