|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
7.4.2014 16:21:02   
blue_blue
Не знам што подразбирате под егзема, бидјеќи има разни црвенила со различни дијагнози. Мислам дека е многу важно да се даде права дијагноза од искусен кожен лекар, не од педијатар. Кај ќерка ми која има 5 ипол години за прв пат се појави црвенило и груба/рапава кожа во пределот каде што се свиткуваат рацете и каде што се свиткуваат нозете од задната страна (значи не на лакти и колена туку позади нив). Многу ја чешаше и почна да станува се полошо - поцрвено и поголемо. Педијатрот ми рече да ја мачкам со Стелатопиа Мустела, не и помогна воопшто. Матичниот општ лекар во градника што им е ми рече да земам некоја си крема Кутерит Г која е на база кортико. На форумов прочитав за д-р Нина од Мидикоз и закажав кај неа. Докторката е закон, а наплаќа само 300 ден преглед. Ми рече ова е само од многу сува кожа, лек нема освен постојано на тие места да се влажни кожата со мрсна крема. Ми препорача вазелин како најчиста без бои, хемикалии. Во аптека кога отидов да купам и им кажав за што ми е ми препорачаа Weleda со невен. Во жолто пакување е, кремата е во туба и е многу масна. Германска линија, чини колу 450 ден. На природна база е, а содржи невен, сусамово и бадемово  масло, пчелин восок и камилица. За недела дена мачкање 2 пати на ден (наутро и навечер) и кожата и е како нова, нема ни трага ни глас од црвенилото и сувата кожа. Од истата линија има и шампонче за тело (сакпо е околу 800 ден) и млеко за тело кое исто е скапо околу 900 ден. Ама кремава вреди за сите пари. Инаку кожната лекарка ми рече дека за овој вид на кожна промена никако кортико оти само ќе ја влоши состојбата а мустела, еуцерин и слични не се доволно мрсни, само ја влажнат кожата.

(Одговор на членот MMM27)
Непосредна врска до пораките: 501
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
7.4.2014 19:22:50   
Melanija RR
blue_blue сосема си во право , се им е дерматит.
И јас сакав да пробам со вазелин.Кажи ми имам каталог на Веледа може да пишеш како точно пишува да не ја утнам.Сакам да пробам со органска козметика но дали Веледа,Логона или Корин де фарм.

MMM27 пишав погоре ние бевме на Детска клинка -Имунологија.Лек нема , ако нема алергија на храна е добро.Ете некогаш нема причина но мора да се испита и внимава на храна.Но бидејќи има 3 години сигурно веќе знаете дали нешто реагира.... храна, хемија, материјали... има ли нешто?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 502
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
7.4.2014 23:47:36   
deluxe
се појави црвенило и груба/рапава кожа во пределот каде што се свиткуваат рацете и каде што се свиткуваат нозете од задната страна (значи не на лакти и колена туку позади нив). Многу ја чешаше и почна да станува се полошо - поцрвено и поголемо.


Блу-блу ваква промена на кожата како што опишуваш,ми се појави мене кога имав 13-14години.Јас сум имала од секогаш проблематична-сува кожа.Но конкретно овој случај како што опишуваш и буквално на истите места го имав и јас.Мене на кожен лекар ми кажаа дека се работи за еден вид на алергија на конзерванси во храната.Освен терапијата што ја земав,ми препишаа и режим на исхрана,нагласено ми беше да избегнувам сувомеснати производи,паштети,и друга конзервирана храна.10 дена бев на јогурт,кисело млеко,ориз,компири и сл.Од тогаш веќе не се појави.И кај вас дај Боже да не се повтори,но имај си ја предвид за исхраната.user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 503
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
8.4.2014 8:49:05   
MMM27
blue_blue секако дека дијагнозата е потврдена од кожен лекар и тоа не од еден туку од 3, не би пишувала на памет дијагнози да не знам. Не станува збор за сува кожа. Причината се уште не ја знаеме, состојбата се влошува после пад на имунитет, на пример кога е болен, после примена вакцина и слично. Исто така се влошува при допир со волна, ги имам исфрлено од употреба сите ќебиња. Бидејќи не е докажано дали е нетолеранција на некоја храна, чекаме термин на имунологија, од храна исфрливме мед и цитрусни овошја, бидејќи тоа видливо ја влошува ситуацијата.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 504
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
8.4.2014 9:21:55   
blue_blue
еве како изгледа кремата
user posted image

(Одговор на членот MMM27)
Непосредна врска до пораките: 505
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
8.4.2014 9:27:38   
blue_blue
Никаде јас не кажав дека немате потврдена дијагноза ниту пак дека се работи за сува кожа, си пишав искуство свое од кое нели секој ми кажа различно (педијатрот, лекарот во градинка и кожниот лекар) и помогна само тоа што го кажа кожниот лекар. Не знам, може ете се потрефило да погоди дијагноза од прва. Во твојот случај, ако дијагнозата е потврдена од три лекари тогаш и терапијата треба да делува пошто знаат што е значи треба да знаат и со што да го излечат. Ако не делува ништо од тоа што ти дале за мене тоа значи дека ја утнале дијагнозата или ги утнале лековите (препратите). Би барала и 4 мислење и алтернативни опции од типот на хомеопатија, ајурведа и слични. Секогаш почитувам прво класична медицина, но кога гледам дека нема логика во тоа што ми го викаат или дека терапијата нема никаков ефект (а за жал денес има едно чудо нестручни лекари) би се обидела со други методи. Нормално, само мое мислење и став - ти ќе си направиш онака како што е најдобро за твоето дете пошто ти си знаеш најдобро


ИЗВОРНА ПОРАКА: MMM27

blue_blue секако дека дијагнозата е потврдена од кожен лекар и тоа не од еден туку од 3, не би пишувала на памет дијагнози да не знам. Не станува збор за сува кожа. Причината се уште не ја знаеме, состојбата се влошува после пад на имунитет, на пример кога е болен, после примена вакцина и слично. Исто така се влошува при допир со волна, ги имам исфрлено од употреба сите ќебиња. Бидејќи не е докажано дали е нетолеранција на некоја храна, чекаме термин на имунологија, од храна исфрливме мед и цитрусни овошја, бидејќи тоа видливо ја влошува ситуацијата.

(Одговор на членот MMM27)
Непосредна врска до пораките: 506
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
8.4.2014 10:14:47   
Dreamline
MMM 27... egzema se javuva najcesto kako rezultat na alergija na mleko. Da probas da sifrlis se sto e mlecno od ishranata na deteto na otprilika dve nedeli da vidis kako ke reagira, dali ke ima podobruvanje. ISfrlete se sto sodrzi duri i tragi od mleko i industriski proizvodi so mleko vo prav. A za test za alergija ne ste trebale tolku da cekate, ste mozele i porano da napravite, na moeto dete mu zemaa krv od vena uste koga bese 3 meseci za alergiski testovi. probajte bez mleko i mislam ke vidite podobruvanje, nisto ne gubite.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 507
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
8.4.2014 11:43:26   
MMM27
Го проверуваме и тоа, веќе 3 дена е без млеко, сирење и слично. Јас неколку пати ги прашав докторите за тест за алергија, но ми кажаа дека тестот под 3 години не е релевантен. Инаку ситуацијата како бебе беше само на рацете и тоа во зима. Од пред 3 месеци почна да се шири. Во право е и deluxe rr, јас како што спомнав имам алергии на полен и трева и егзема на рацете која се влошува кога јадам конзервирана храна или сувомеснати производи. Доколку има некој напредок со диетата ќе ви пишам.

(Одговор на членот Dreamline)
Непосредна врска до пораките: 508
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
8.4.2014 15:28:44   
Melanija RR
Од многу сува и испукана кожа до дерматит има разлика,ама ете кај многу лекари е исто.Дерматитот е акутен со рани ,силно чешање ,а испукана која е испукака.Штом се јавува минимално и по 3 година тоа не е алармантно и со козметика се средува.
MMM27 ако е само во зима и е на едно место тогаш може да е само од конкретна храна.Се надевам со диетата ќе биде ок.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Dreamline

A za test za alergija ne ste trebale tolku da cekate, ste mozele i porano da napravite, na moeto dete mu zemaa krv od vena uste koga bese 3 meseci za alergiski testovi. probajte bez mleko i mislam ke vidite podobruvanje, nisto ne gubite.


Му правеа на М на 5 месеци ,но најточно е ова
ИЗВОРНА ПОРАКА: MMM27
Јас неколку пати ги прашав докторите за тест за алергија, но ми кажаа дека тестот под 3 години не е релевантен.

но не дека не е релевантен но може да биде показател.

Можни алергии се млеко,јајца, цитрусни, и не продукти со конзерванси.Ни покажадека не е алергија на млеко ама решив да пробаме со млеко со екстензивен хидролизат на казеин кое е наменето за деца преосетливи на белковини од кравјото млеко.
Цените се овие
Новалац-Алтернова 400гр. 1.019ден
Аптамил АДЦ 400гр 1.473 ден
Аптамил хипоалерген 400гр 791 ден
Хумана хипоалерген 500гр 499ден

Првите две се токму такви а другите две се хипоалергени.Прво што прашав педијатар е за млечните ноќни каши кои содржат АД ,е да на тие има најповеќе реакции.Па така јадеме само домашна храна.
Има ли некој со искуство со дерматит и хомеопатија?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот MMM27)
Непосредна врска до пораките: 509
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
8.4.2014 15:43:12   
MMM27
Melanija RR, сега не е минимално и само на зима, тоа беше кога беше бебе. Сега нон стоп се чеша има на многу места по телото, дури има и крв од чешање. Затоа ни дадоа сирупи за алергија за да се намали чешањето. Овие млека што ги наведе се ок, но синот има 2 и пол години, никогаш и не пиел вештачко млеко user posted image бидејќи го доев подолго време. Многу ќе биде тешко да се издржи со диетата, особено што оди во градинка. И јас сакам да слушнам дали има некој искуство со хомеопатија за оваа проблематика.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 510
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
8.4.2014 16:02:36   
Dreamline
MMM27 i jas imam alergija na polen i jas imam egzema na racete sto mi izleguva od odredeni sapuni i detergenti.
Sinot e alergicen pak na mleko. Probuvajte bez bleko ama barem 2 nedeli da pominat. A toa sto go dois nema vrska, mlecniot protein preku mekoto tvoe se izlacuva kaj deteto. I jas doev no bev na nemlecna ishrana.
Inaku jas iskreno vo homeopatija ne veruvam.

(Одговор на членот MMM27)
Непосредна врска до пораките: 511
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
9.4.2014 0:17:26   
Melanija RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

еве како изгледа кремата
user posted image

Ќе те замолам да ми пишеш што пишува на декларацијата точно што е, зошто вака на германски во каталог го нема а на нет на страната има на англиски па незнам кое е .Фала ти user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 512
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
9.4.2014 8:06:06   
Tanjat7880
MMM27 I kaj mojot sin e karakteristicen osipot na kozata pred razboluvanje,i den denes e toa taka,prv znak deka ke se razboli mi e toj a koga ke ozdravime si se vrakja vo normal.I nie prvo bevme so alergija na mleko I mlecni proizvodi za da so tek na vremeto taa alergija se smiruva I se pokacuva alergijata na polen,i toa bilo normalno kaj ATOPICARITE.Daj mu vreme na deteto da zajakne,sostojbata ne pominuva nego slabee.Moe novo otkritie koga se kremi vo prashanje e edna shpanska krema BLUE CUP ja ima vo ZEGIN I e 800 den,na baza na voda e I skroz bezbedna duri I za novorodencinja.Sum probala se I sekoja krema no ovaa bash me iznenadi

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 513
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
9.4.2014 8:38:20   
MMM27
Фала ви на советите, на имунологија имаме термин дури на крај на мај user posted image , секако ќе ви пишам што сме направиле со диетата и на прегледот.

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 514
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
9.4.2014 23:57:58   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: MMM27

Фала ви на советите, на имунологија имаме термин дури на крај на мај user posted image , секако ќе ви пишам што сме направиле со диетата и на прегледот.



МММ27 сега ги прочитав во целост твоите постови,и ми прелета една мисла низ глава.Водена од сопственото искуство.Јас како што пишав погоре имам сува и проблематична кожа.Миатата година на 2-3 пати ми се случи на ногата над коленото(не на место каде што кожата се оптегнува од виткање)ми се појави црвенило мало колку монета,многу ме чешаше нервозно,дури и го раскрварив од чешање.По извесно време забележав дека се приширило,со истиот интензитет на чешање.Во моментот немав друга крема и се сетив на Канестен,која ја имав во моментот.Се мачкав неколку пати(3пати) во текот на денот,и веднаш забележав дека јадежот се смири и црвенилото се намали.Така продолжив една недела и целосно исчезна.По неколку месеци повторно се јави исто така на другата нога,и повторно со Канестенот се смири.Доколку имаш при рака од оваа крема,намачкај го слободно,биди упорна 1-2 недели мачкај со кружни движења,убаво да се впие.Можеби ќе има резултат,мене навистина ми помогна.
user posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот MMM27)
Непосредна врска до пораките: 515
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
14.4.2014 23:00:58   
Ilina87
Какви искуства имате со кремата афлодерм? Денес матичната ни ја препиша поради црвени обравчиња и мали акни, но читам во упатството доста несакани ефекти и сега не знам дали да ја користам воопшто. Треба да ја користиме 3 дена по 2 пати и после сме на контрола. Досега пробавме мустела стелатопиа, панетен но не помагаат.

(Одговор на членот Gorde J)
Непосредна врска до пораките: 516
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
14.4.2014 23:10:37   
Melanija RR
Афлодермот е кортико,токму тоа со можни понатамошни штети.И нас ни го даваа но се Еуцерин по 3 пати на ден се смири, се надевам нема да биде толку пак лошо за кортико.
Ilina87 мое мислење е НЕ ако не е многу воспалено, да ќе помогне,може нема никогаш повеќе да се појави а може пак за 10 дена user posted image
Процени ја состојбата и лекарот

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 517
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
14.4.2014 23:15:47   
Ilina87
Фала Меланија, а и со еуцерин купка го бањам, но нема некој ефект. Последите дена му е посмирено црвенилото и заради тоа се двоумам. Со мустелата малку се подобрува, но не исчезнува во целост.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 518
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
15.4.2014 18:38:32   
Melanija RR
Да допотпрашам user posted image
Tanjat7880 кремата BLUE CUP е 50гр. 776 ден, и Еуцерин 20% омега крема која е за дополнување и нега за сува кожа е пакување од 50гр.А дерма е исто крема но 200мл.
За поголема површина 50мл е многу мала количина, дали пак се нанесува како во една точка?Лосионот на Еуцерин 400мл е 1.100 но цело тело поминувам.
Дали крема е подобро од лосион,воопшто како намена и впивање?

Предлог за капење освен маслената на Еуцерин?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 519
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
21.6.2014 0:13:42   
Melanija RR
Да пишам да непишамuser posted image на околу 8 и пол месеци по се и сешто мачкање,прашоци,тргање завеси, внимавање на храна..... незнам од што конкретно ,веројатно од се по нешто, дерматитот му се изгуби user posted image
Одприлика почнав алишта да перам со течна нила за шарени алишта,редовно секој ден капки витамин Ц, само домашни каши 2 пати во ден овошни и една зеленчукова со секој ден комбинации со морков,спанаќ или блитва,и тиквица, во тој период го мачкавме само со Пантексол кремата, почна со вакцини, А+Д3 капки..... едноставно незнам како од рака исчезнаuser posted image

Се надевам како и што се претпоставуваше јакнење на имунитетотuser posted image после тоа почнавме глутен,телешко месо и засега на се е ок.Исхраната му стагнираше но ќе надокнади со вкусови

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 520
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
18.10.2014 12:26:12   
Dilina
Темава е за деца ама морам да прашам.... од дете имам егзема по рацете, како мала и на нозете ми искачаше но сега е само на рацете, на периоди искача, но кога ќе излезе ми е прав хорор. На лекар кога сум била како помала ми дале само канестен. Сега знам дека ќе ми дадат нешто на природна база, но ако има некој предлог за нешто екстра ефикасно нека пише. Сега ми се појави на среден прст на десна рака и цел прст ми е црвен едвај детето го фаќам а за бањање кога треба да ја намачкам или да и ја измијам главата со шампон за мене е вистински хорор.... мн ми пречат средства сапуни пампони, зеленчук да не зборам, посебно краставица патлиџан ако треба да здробам а за компир да не спомнувам воопшто..... user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 521
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
18.10.2014 12:48:46   
Melanija RR
Од органска козметика Логона и посебно фалена е Weleda,поново и Корин де фарм.
Пробај со поефтини варијанти како Пантексол крема 120ден

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 522
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
23.10.2014 16:32:37   
mila 1
aj da pisam i jas nesto za dermstitot koj ne maci 8 meseci.
Znaci site kremi gi iskoristivme, Mustela, A0derma , Eucerin, nisto,od kortiko mackame Avnantan, i propratno uste neznam kolku kremi bez kortiko.
Jas po moi ekspreimenti , vovedov i hiperalergeno mleko i skors se iscisti ama posle pak novo na novo.
Vo posledno vreme detevoo i mi grci, neznam dali e seto povrzano so dermatitot , ama izgleda i toa e.
Pedijatrite vo mojot grad mi velat deka do govina , ke tera taka posle deka ke se povleci, ama jas ne mozam da spijam mirno, a me macii grcejneto mn.Ajde majcinskimislejna:) dali da odam do Sk, ds vidam so ke mi recat i kade da odam? vo Kozle na klinika???? veke ne znam za kade da baram upat.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 523
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
23.10.2014 17:35:15   
Melanija RR
Од матичен педијатар побарај преку Мој термин да ти закажат преглед за на Детска клиника на Имунологија.Таму ќе разговараш и ќе го прегледаат

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот mila 1)
Непосредна врска до пораките: 524
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
24.10.2014 11:19:38   
Dilina

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Од органска козметика Логона и посебно фалена е Weleda,поново и Корин де фарм.
Пробај со поефтини варијанти како Пантексол крема 120ден


Прочитав во постарите постови за др. Нина во дебар маало, се јавив и жената по тел ме праша што како и ми даде крема др. Таис, ми кажа да не фаќам никакви детергенти, прашоци и што помалце да го мокрам рацете, за три дена ми се среди егземот. Е сега, вчера на малата и се уцрви газето и прочитав дека е и за иритирана кожа на бебиња, и ставив абе детево се утепа рикајки одамна така неплачела. Инаку со драго срце ја препорачувам, преглед кај неа е 300 ден што значи нити чекање редици по државна ни малтретирање а мн ефикасни совети дава..

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 525
Страница:   <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?