RE: Егзема (атопичен дерматит) (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Алергија

Порака

Dilina -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (23.11.2014 23:48:01)

Мајки да се пожалам, ќерка ми недај боже да наследила од мене тоа што не треба... јас си ги излечив рацете, а нејзе и се појавија некои црвени полиња под вратчето. Денес приметив и на едниот палец има, како подебелено црвено поле и на двете превивки под коленцата!!! Уште не сме биле на лекар, планирам да ја носам кај др. Николина што ја спомнав претходно... а во меѓувреме ако имате искуство пишете како изгледаат егземите што ги имале вашите деца во ран стадиум? Многу се плашам од ова знаејки по мене која мака ја видов со прстите.... [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif] несакам и моето дете да минува низ истите проблеми [sm=smiley19.gif]

caciana -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (23.11.2014 23:58:37)

Egzemata e crvenilo na kozata.Najcesto toa e crvena I Suva koza koja moze DA se peruti.Zapocnuva kako bruncinja.Vnuk mi image na lice kako crveni krugovi.Na dopir rapavi.Se sredija so jekoderm I pantexol.Moses da probas so kantarionovo maslo ,toa mnogu pomaga,voopsto Ne e stetno.

Dilina -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (24.11.2014 0:05:40)

ИЗВОРНА ПОРАКА: caciana

Egzemata e crvenilo na kozata.Najcesto toa e crvena I Suva koza koja moze DA se peruti.Zapocnuva kako bruncinja.Vnuk mi image na lice kako crveni krugovi.Na dopir rapavi.Se sredija so jekoderm I pantexol.Moses da probas so kantarionovo maslo ,toa mnogu pomaga,voopsto Ne e stetno.

Фала цациана, значи сепак е егзема....[sm=smiley19.gif] се надевам брзо ќе ни пројде....јекодермот не ни одговара а за друго незнам што треба да користам.. за 4м пантексол може? Ај утре ќе гледам ако има термин и на лекар да ја однесам па ќе пишам...

Felly RR -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (24.11.2014 14:23:33)

Дилина, можеш пантексол, мислам дека од раѓање може да се користи.

caciana -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (24.11.2014 14:33:42)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

ИЗВОРНА ПОРАКА: caciana

Egzemata e crvenilo na kozata.Najcesto toa e crvena I Suva koza koja moze DA se peruti.Zapocnuva kako bruncinja.Vnuk mi image na lice kako crveni krugovi.Na dopir rapavi.Se sredija so jekoderm I pantexol.Moses da probas so kantarionovo maslo ,toa mnogu pomaga,voopsto Ne e stetno.

Фала цациана, значи сепак е егзема....[sm=smiley19.gif] се надевам брзо ќе ни пројде....јекодермот не ни одговара а за друго незнам што треба да користам.. за 4м пантексол може? Ај утре ќе гледам ако има термин и на лекар да ја однесам па ќе пишам...

Dilina mozes so kantarionovo maslo da go premackas mestoto,toa e mnogu korisno.Isto taka Dzindzira sprejot mnogu pomaga,Panteksolot se koristi od najrana vozrast.Vo sekoj slucaj DA ja pregleda lekar,toa ti e najdobro,da si bides mirna.

Dilina -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (26.11.2014 8:09:28)

Пробав со кантарион ама не помага :(
Фели, со пантексол ќе пробам, еве денес сзме на вакцина ќе прашам поточно. А една мајка со голема мака со овој проблем ми кажа дека од белогент за нецела недела му се исчистило, бебето имало 9 месеци.... А на дерматолог бевме и ни рече ништо кортико да не користиме, само на природна база... па мајка ми за мене користела кортико, шо знам ништо не ми е...... незнам повеќе што да мислам а од ден на ден е поголемо [sm=smiley19.gif]

Melanija RR -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (28.11.2014 12:09:36)

Dilina сега прочитав.Бевте на лекар што ви кажаа?
Јас на М не му ставив кортико иако беше прилично воспален,лимфа на некои места имаше.Кај некои од кортико поминува и не се враќа но ако е дерматит ќе се врати.Јас уште мачкам со Пантексол кремата (не маст) 120ден по 2 пати на ден за 2 дена омекнува супер

Dilina -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (30.11.2014 11:56:25)

Бевме и на дерматолог, и кај педијатарката, и на вакцина ни кажаа различни креми итн итн... значи нема правило од што ќе помине... а у целата фрка заборавив да прашам за пантексол... на вакцина докторката ми рече да купиме еуцерин. И некако најфина ми се виде а и секој ден со различни деца си реков ќе ја послушам. Земавме купка, лосион и крема за лице. Не поминува ама не се шири. Тоа ме ресува ама од друга страна сакам да го нема како секоја мајка Ч( многу било тешко да го гледаш бебче кое си го родила чисто како солза сега со црвенила по мекото кожиче :(
Матичната ни даде џинџира ама прочитав дека е за изгореници .. и престанав да ја прскам... а и баш на вратчето ми е страв да не лапне или да си брцне воо око....

Dilina -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (30.11.2014 12:04:52)

Уште да прашам, дали ако детето има егзема значи дека е алергично на нешто? Од која возраст се прават алерго тестови, како се прават и каде? Колку чини тој алерго тест? И ако некоја мамичка користела еуцерин колку пати на ден може да ја мачкам со кремата за лице? На упатството пишува два пати ама пак, брзо и поминува влажноста........[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]

caciana -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (30.11.2014 17:26:03)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

Бевме и на дерматолог, и кај педијатарката, и на вакцина ни кажаа различни креми итн итн... значи нема правило од што ќе помине... а у целата фрка заборавив да прашам за пантексол... на вакцина докторката ми рече да купиме еуцерин. И некако најфина ми се виде а и секој ден со различни деца си реков ќе ја послушам. Земавме купка, лосион и крема за лице. Не поминува ама не се шири. Тоа ме ресува ама од друга страна сакам да го нема како секоја мајка Ч( многу било тешко да го гледаш бебче кое си го родила чисто како солза сега со црвенила по мекото кожиче :(
Матичната ни даде џинџира ама прочитав дека е за изгореници .. и престанав да ја прскам... а и баш на вратчето ми е страв да не лапне или да си брцне воо око....

Slobodno stavaj Dzindzira,taa e dobra I za egzema,ne e samo za izgoreno.Na vnuka mi sega I rekoa DA ja mackaat bidejki ima crveno gaze,vospaleno od pelenite.

Dilina -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (3.12.2014 10:43:06)

И ставав џинџира ама ништо не помогна..... вчера сабајле кога станав има што да видам, лицето жар, ама одпосле се изгуби цевеното, па изгледа се ужарило од што беше на стомак свртена... ама под вратот останаа тие шо беа и плус се појавија жаришта. Ја носевме во ј. сандански, кај др. Лидија, рече мора кортико, бидејки за мн кратко време се шири. Ни даде мас за очи Максидекс (дексаметазон), 4д. по 2 пати, и 3д по 1 да ја мачкам. Вчера после бањање се мачкавме и црвенилото се изгуби малце... се надевам ќе помогне ова за почеток да го смали црвенилото барем да не ја чеша, зошто претходната ноќ само се трлаше со рацете...
а и ќе заборавев, ми даде капсули, кои требало да ги пијам и додека сум бремена, сега ен го знам името, ама кога му кажував на матичниот гинеколог тогаш ништо не ми рече......

Tanjat7880 -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (3.12.2014 13:16:40)

Dilina,ja razbiram tvojata zagrizenost,istata situacija ja imav I jas so mojot sin.Za Lidija samo pofalni zborovi,nosi go deteto tamu I slushaj gi nejzinite soveti(sekogash koga sin mi imashe problemcinja ona go reshavashe,a sum go nosela sekade,ama bash sekade),alergo test se pravi so napolneti 3 godini,dermatitot go povrzuvaat so alergija no e I nasleden,sum videla kaj Dokic deka I na pomali deca im pravi alergo testovi.Moe revolucionerno otkritie e BLUE CUP shpanska kozmetika nameneta za bebinja koja ja ima vo Zegin,ima cela kolekcija a jas ja koristam kremata(700den.e),neznam kolkavo ti e deteto no ovaa krema e I za novorodencinja,ti ja preporacuvam.I za kraj,ke pomine pa po nekoe vreme pak ke se pojavi pa pri pad na imunitet(virus,bakterija)pak ke se osipe,no kako ke raste deteto taka ovie osipi ke bidat poretki I so tek na vreme ke se izgubat.

Melanija RR -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (3.12.2014 13:46:13)

И мене најдобрите и корисни совети ми беа од Tanjat7880

Моето синче од 8 м е ок,сега на неколку места му се појави како мали кругчиња но примаше натибиотик а тоа значи намален имунитете а со тоа често и дерматит.
И јас во Ј.Сандански ни рекоа кортики максидекс малку да измешам со еуцерин и мачкам 2 пати на ден незнам колку дена но по 4 ден престанав.Да ми викаа воспалено одма кортико,но единствено со Еуцерин лисионот држев подконтрола со 4 до 5 пати мачкање на ден по совет од др.Карева од Имунологија од Детска Клинка.
Немора да значи алергија,досега нема на ништо алергија но сме со задоцнето воведување на храна и храна со конзерванси.
Dilina дали е само на лице и врат?Ако е лице нас ни помога крема со состојка ночурка прашај во аптема ли крема од невен

Моето имаше и на врат и раце и нозе,страшно со ноќи сме му ги држеле рацете да не се чеша [sm=smiley13.gif]

mamita83 -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (4.12.2014 11:30:55)

[img]http://skintreat.net/mm5/graphics/00000001/bcspsm-b.jpg[/img] eve vi link, na nekoja od temite procitav deka Blue cap sprejov e priroden, malce papren 1200MKD megjutoa vi go resava problemot na vashite najmili, bez upotreba na kortiko ili antibiotski kremi.

модератор: Надворешни линкови не се дозволени на форумот.

Dilina -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (5.12.2014 9:49:53)

На Илина и се намали егземот и тоа задоволително многу..... благодарност на докторката, денес 4ти ден како мачкам од маста, уште 3 дена по 1 треба па ќе видиме каков рез ќе има....

Dilina -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (27.12.2014 8:50:33)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

На Илина и се намали егземот и тоа задоволително многу..... благодарност на докторката, денес 4ти ден како мачкам од маста, уште 3 дена по 1 треба па ќе видиме каков рез ќе има....

Да пријавам ситуација [sm=jezicek.gif]
Само што прекинав со маста излезе егземава по цело тело, прво мислев дека е алергија на храна зошто почнавме со дохрана, ама на лекар испадна дека е егземата.... претходно имав два тестера од Avene Xera Calm кремата, ја испробав и приметив дека црвенилото за нецели 12 часа се изгуби... и трк у аптека ја купив, 1140 ден 200мл но значително се намали по целото тело... ја препорачувам на сите што имаат мака, но сепак мислам дека треба да сепак мислам дека е до тоа како кожата на бебето ќе ја прифати кремата.... на нас оваа многу ни помогна

[img]http://www.allure.com/images/beauty-products/skin/2014/eau-thermale-avene-xera-calm-lipid-replenishing-balm.jpg[/img]

Нутела -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (16.2.2015 9:39:47)

Здраво на сите,нова сум на форумов и се надевам ќе ми бидат од корист сите Ваши совети и искуства.
Еве и јас да го кажам проблемот со мојата бебушка.За една недела полниме 5 месеци и веќе неколку месеци мака мачиме со црвенилото на бебушка не само во пределот на вратот, туку и по цело тело. Најпрво црвенило се појави на коленцата и нормално проследено со јадеж.Бевме на доктор,ни дијагностицираа атопичен дерматитис,ни рекоа да ставиме Афлодерм,кој го користев само 4-5 дена(повеќе не ни планирам да го ставам), но не минува.Инаку, малата ја бањаме со Еуцерин,ја мачкам со млеко за тело Еуцерин АтопиКонтрол со 12% Омега,но сега за сега ништо.Пред недела дена почнаа да и се формираат шлајмови и се загрижив да не се влоши состојбата, а требаше да ставаме вакцина, но ја одложивме бидејќи и дадоа антибиотик Цефаклор.Ме интересира после колку време од користењето на антибиотикот,смееме да примаме вакцина(некои велат 1, а други 2 недели).Извинете на долгиот пост

Melanija RR -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (16.2.2015 15:05:23)

Нутела добре дојде на Рингераја

Вакцината немора и нетреба да се прими според дата,туку детето да е здраво.За тие први вакцини може и по 2-3 месеци подоцна да се примат.
Што се однесува до дерматитот пробај со Еуцеринот по 4-5 пати во ден да мачкаш, кратко бањање со млака вода и капка маслена купка, без бришење и прегревање на телото. Пробај и Пантексол крема 120 ден

Нутела -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (17.2.2015 8:23:07)

Melanija RR,фала ти на советот и добро е што веднаш не мора да ја ставиме вакцината,инаку Пантексол планирав и да купам,а и една друга крема или маст Linola Fett мислам беше...како и да е денес ќе одиме на кожен доктор,па ќе видиме што ќе кажат...Поздрав

DuffytheDuck -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (19.2.2015 15:06:05)

Нутела, побрзо и со полесно да ви помине :)

И мојот син имаше егзема, од 2 месеци ја доби по цело тело. Што се не пробавме - Мустела, Линола, А дерма, Пантексол, Еуцерин Атопиконтрол, Јекодерм, и реално од ништо немаше подобрување. Се до 8 месец, кога почнавме да ја користиме кремата на Скендер (иако бев скептик и одбивав да му ставам реално мн му помогна).
Афлодерм јас не ставав, сепак е кортико.

Сега има 15 месеци, егземата се повлече и му се јавува повремено само кога вади заби или му паѓа имунитетот и тоа во мала форма која поминува сама од себе. А Дерма користиме за негување на кожата. За да помине треба време, викаат дека околу 2 години треба да се изгуби, за да се изгради имунитетот.
[sm=smiley1.gif]

sandriana RR -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (20.2.2015 8:33:16)

Лично не сум имала проблем со дерматит или егземи, но блиска пријателка мака мачи со малиот - на секое намалување на имунитет му се појавува повторно. Вчера се видовме и рече дека во последно време за стабилизирање на воспалените места многу им помага Нивеа крема за осетлива кожа, бебешка, која чини 150 денари.
Наместо да смирува со кортико, сега тоа го постигнува со оваа крема.
Сакав да споделам, може некому ќе користи.

Melanija RR -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (20.2.2015 12:18:09)

И кај моето од есенва навака повремено му се појавува на ногата на долниот дел како круг.Станува рапаво и грума мачкам се смирува ,но по 3 недели пак. Тоа е од затоплување хулахопки, но тоа е зима е .Имаш на лицето под окото како солза денови е изразена а денови не е .Но сега веќе 1 месец му се појавува и странично на лице.Мачкам со маст од невен нели нај природно.Ама се вжарува па намалува. Плус каде се не легнува и се фаќа со раце.
Да при пад на имунитет, но еве воглавно е дома па секогаш не е до имунитетот.

sandriana RR фала за информацијата може и тоа да се проба.

DuffytheDuck -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (20.2.2015 16:12:30)

ДА, познато е дека на егземата не му одговара студ. Зима секако се интензивира. Плус хулахопки, облека тон, па сув воздух. И кај нас на нозете се појавува и мислам дека го иритираат хулахопките. Пробав еден период со ѕиврички, памучни и стварно нема толку иритација ама па потенки се ѕиврите и мислам дека му е ладно па пак хулахопки [sm=zmeden.gif]

Во однос на мачкањето, фала Сандриана :) може да пробаме само имам забележано дека секое дете со егзема е различна приказна. Не кај секое успева се. Пример кај на Јекодермот направи ужасна реакција, кај некои им помага. Исто и за Мустела, Еуцерин, никакво подобрување немаше.

Ќе чекаме само да пораснат и да ја исфрлат. Ние сме ограничени и со храна, млеко и млечни производи никако не јаде, веднаш излегува црвенило на лицето. Се надевам ќе помине и тоа за брзо :)

Mum Care -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (30.3.2015 13:37:47)

Zdravo mamicki sakam da prasam dali e mozno bebevo od 2 meseci da bide alergicno na nekoja hrana sto ja javam zosto samo go dojam, a na licences mu izleguvaat mali mozolcinja. Dali nekoja mama ima vakvo iskustvo?

lukajana RR -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (30.3.2015 17:45:41)

Mum care не верувам дека е алергија на храна може да е егзема ама таа е обично повеќе од мозолчиња. Можно ли е да си имала некоја инфекција и да се префрлила на бебето при раѓањето? На една другарка бебето имаше така мозолчиња и педијатар и рекол дека е од инфекција и самото ке се повлече и стварно брзо се изгубија.Кога ке одите на мерење прашај доктор ако е егзема треба посебен третман на кожата

Страница: <<   < Претходна страница  20 21 [22] 23 24   Следна страница >   >>