blue_blue -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (8.4.2014 9:27:38)
|
Никаде јас не кажав дека немате потврдена дијагноза ниту пак дека се работи за сува кожа, си пишав искуство свое од кое нели секој ми кажа различно (педијатрот, лекарот во градинка и кожниот лекар) и помогна само тоа што го кажа кожниот лекар. Не знам, може ете се потрефило да погоди дијагноза од прва. Во твојот случај, ако дијагнозата е потврдена од три лекари тогаш и терапијата треба да делува пошто знаат што е значи треба да знаат и со што да го излечат. Ако не делува ништо од тоа што ти дале за мене тоа значи дека ја утнале дијагнозата или ги утнале лековите (препратите). Би барала и 4 мислење и алтернативни опции од типот на хомеопатија, ајурведа и слични. Секогаш почитувам прво класична медицина, но кога гледам дека нема логика во тоа што ми го викаат или дека терапијата нема никаков ефект (а за жал денес има едно чудо нестручни лекари) би се обидела со други методи. Нормално, само мое мислење и став - ти ќе си направиш онака како што е најдобро за твоето дете пошто ти си знаеш најдобро ИЗВОРНА ПОРАКА: MMM27 blue_blue секако дека дијагнозата е потврдена од кожен лекар и тоа не од еден туку од 3, не би пишувала на памет дијагнози да не знам. Не станува збор за сува кожа. Причината се уште не ја знаеме, состојбата се влошува после пад на имунитет, на пример кога е болен, после примена вакцина и слично. Исто така се влошува при допир со волна, ги имам исфрлено од употреба сите ќебиња. Бидејќи не е докажано дали е нетолеранција на некоја храна, чекаме термин на имунологија, од храна исфрливме мед и цитрусни овошја, бидејќи тоа видливо ја влошува ситуацијата.
|
|
|
|