zapce -> RE: Што може да ве расплаче? (26.7.2011 13:49:08)
|
Еве зошто мајките плачат Зошто плачеш? - мало дете ја прашува неговата мајка. Затоа што сум мајка одговорила мајката Не разбирам, вели детето. Неговата мајка само го прегрнува цврсто и му вели: "Никогаш нема да разбереш!" Подоцна момчето го прашало татка си, зошто мајка му изгледа како да плаче без причина. Сите мајки плачат без причина, бил одговорот на таткото. Кога момченцето пораснало и станало маж, сеуште се прашувало зошто плачат мајките. Затоа, тој конечно решил да стави крај на недоумицата и се обратил кај Бога. Боже, зошто мајките плачат така лесно? Бог одговорил: Гледаш, кога ги створив мајките, тие мораа да бидат посебни. Нивните рамења ги направив доволно силни за да ја носат тежината на светот, а сепак доволно нежни за да дадат утеха. Им дадов внатрешна сила да го издржат раѓањето и потоа отфрлањето, кое многу пати доаѓа од нивните деца. Им дадов таква издржливост која им помага да продолжат, кога сите други ќе се откажат, и да се грижат за своите семејства, и преку болест и замор, без да се жалат. Им дадов чувствителност за да ги љубат своите деца во секакви услови, дури и кога нивното дете ќе ги повреди многу лошо. Истата чувствителност им помага да направат нивното повредено дете да се чувствува подобро и да ги споделат нервозите и стравовите со тинејџерите. Им дадов солза. Таа е ексклузивно нивна, за да ја употребат секогаш кога е потребна. Тоа е нивната единствена слабост. Тоа е солза за човештвото.
|
|
|
|