Mila mamicka -> RE: Што може да ве расплаче? (5.6.2014 10:04:08)
|
Многу емотивна личност сум и гоооолема плачка. Значи, физичка болка можам да издржам, ама затоа пак често плачам, од среќа, од тага, од лутина итн. Плачам на филмови, плачам на книги, плачам на реклами некои, за се си плачам. Еве сега ме расплака текстот на запче, на претходната страна од овој форум. Таквите текстови ми се омилени, и си ги читам по неколку пати, и секојпат плачам. Еве пр. од синоќа, бев кај прв братучед на месење погача, пред свадба, и како што си игравме на оро, во еден момент, кога го погледнав братучед ми, ми дојде да го гушнам, и така кога почнав да си плачам. Сите збунето ме погледнаа, си велат што и стана на оваа. И јас не можам да си објаснам зошто, ама ете така ми дојде да се исплачам. Го сакам како брат, заедно пораснавме, па најверојатно од среќа дека ќе се жени. Не знам.
|
|
|
|