MademoiselleNina -> RE: генетско испитување (2.3.2016 23:54:09)
|
Pinky30, да молам за упат, значи ужас! Не знам дали ќе одам, здравје од понеделник му ја мислам што ќе правам.Затоа прашав, да не се сменило нешто, и мене во декември он ми даде без проблем. Ама денес таков му бил денот [sm=smiley1.gif] Baby12 мене ми пишуваше хиперагрегација на тромбоцити со колагн и вредностите на ADP и Colagen ми беа покачени. Останатиот наод уреден. Тогаш не примав никаква терапија освен витаминска. Сега не знам како ќе биде, бидејќи веќе примам клексан. И позади во извештајот ми пишува антиагрегациона терапија во договор со матичен гинеколог. И толку. Јас одлучив да ги следам упатствата на Ивановски, што ми го правеше ин витрото. Тој рече дека треба да примам и јас не се замарам, требало не требало. Според овие од трансфузиологија не треба, според матичниот гин треба. Ни никој од нив ни матичен гин. ни трансфузиолог не ми ги препиша. Затоа сега сакам пак да идам кај истата докторка кај која што бев кон крајот на декември, таа некако се заинтересира, ми испита и уште нешто некои протеини милслам дека беа, но кога бев со резултатот кај неа (бидејќи за некои резултати се чекаше повеќе денови) таа беше на боледување, па ме прими замената нејзина, но не ми препиша никаква терапија. Сега секако морам да одам, и сакам да ја најдам истата докторка. Мора да се прават испитувања, мислам за да се одреди дозата точно. А колку плати во хемолаб за овие испитувања?
|
|
|
|