pacuvce -> RE: Мажот и романтиката (5.1.2010 22:15:29)
|
За да им олесниме на мажите при дилемата за тоа што жените сметаат дека е романтичен поклон,на почетокот да расчистиме со една работа - во најголем број на случаеви, она што е скапо, не е и романтично! Романтичноста на подарокот, жените повеќе го мерат во вложениот труд и време. Најважното нешто при подарокот е да се размисли и да се подари она што жената некогаш кажала дека и се допаѓа. Ако таа веќе напоменала дека нешто не сака, а мажот тоа не го слушнал, без разлика на цената - подарокот ќе биде вистинско промашување! Некои од идеалните романтични идеи за поклон за новогодишните и божиќните празници кои мажите би можеле да ги земат во предвид се: - Романтично патување. Без разлика дали се работи за патување за викенд или подолго, повеќето жени се воодушевуваат на ваквите 'подароци'. - Накит. Речиси сите жени сакаат накит, но тоа не мора да значи дека и вашата девојка сака. Сепак, накиот како идеа за подарок важи за мнозинството на жени. Пробајте да одберете нешто во нејзин стил и вкус. - Подговтвете и целосна вечера. Започнете од вечера која вие ќе ја зготвите, а ќе биде нешто што таа мноогу го сака, потоа понудете и релаксиран разговор во вашиот двор, спална или дневна соба со чаша вино и специјално одбрани мали задоволста, низ кои ќе и пружите добро конципирана масажа, а потоа вечерта ќе продолжи во свој правец. Таа секако ќе го цени и награди вашиот труд да организирате нешто толку романтично. - Карти за претстава, концерт или кино се многу романтични идеи. - Било што, но со посвета. Многу жени ќе се сложат со моментот дека посветата понекогаш повеќе им вреди од самиот подарок.
|
|
|
|