Bitolcanka -> RE: Мажот и романтиката (6.1.2010 13:21:22)
|
Се сложувам со сите претходни коментари и изјави. Многу мал број од машките се романтични, а и тие што се, не се малку - мислиме дека погрешен начин на романтика применуваат, се нешто не ни се погодува [sm=smiley36.gif] Еве личен пример. Вчера бевме излезени сами во помал ресторан. Претходно нешто се инаетевме како и обично, за банални работи (зошто не било како шо рекол тој-порано 10 мин.да сме излезеле, подоцна, не сум дозволила тој да ме земе со автомобилот...). Не викав, само почнав да се навраќам, да почнувам кавга за глупост. Тој само молчеше, дури и тоа ми пречеше (после мажите се криви за се [sm=smiley36.gif] ). Го прашав зошто ништо не зборува, ми рече: "Те гледам, убава си. Имаш убави очи, убава ти е фризурата." Јас на тоа само прокоментирав: "Не ми е, обична ми е." [sm=zmeden.gif] Едностано не бев навикната да слушам комплименти од него, почесто бил груб, "маж" во секоја ситуација, никаква нежност и сега не го прифатив убаво неговите комплименти... Кога ќе се навикнеме на грубости, тоа ни станува секојдневие, правило и забораваме и сами на нежност, романтика... Инаку нема човек што не сака, барам така мислам (било машко било женско), само некои тоа повеќе го изразуваат, некои не. Не знаев како ќе реагира, но беше пријатно изненаден кога еднаш му приредив тивка музика, миризлива свеќа, опуштена атмосфера... Не можеме секој ден да приредуваме изненадувања, но убаво е, одвреме навреме да го правиме тоа. Како и за нас, и за машките/мажите е поубаво подарокот да е заедно со убава порака или убаво завиткан, повеќе ги привлекува начинот на подарување и изгледот на подарокот (картичката и пораката), отколку самиот подарок.
|
|
|
|