STRUMFETA -> RE: Чудотворни продукти (2.2.2010 21:37:54)
|
Витаминска листа Витамините се магични супстанци што му овозможуваат на нашиот организам да се спротивстави на болестите и да остане во топ форма и покрај годините. Но наместо да ги голтате како готови апчиња, сменете ја навиката и наместо тоа каснете јаболко или портокал пред компјутер додека работите. Лабораториското решение во никој случај не може да се мери со природното. 1. ВИТАМИН А [image]http://www.notformen.mk/images/stories/1_medce.jpg[/image] во овошјето и зеленчукот витаминот А се среќава како провитамин каротин, што организмот го трансформира во витамин А НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: намалување на видот, вознемиреност, мигрена, несоница, висок крвен притисок, кршење на коските, паѓање на косата, пореметување во менструалниот циклус. ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: урамнотеженост на сексуалните хормони, зајакнување на коските, косата и ноктите, заштита од инфекции и пореметување во бременоста, сон, подмладување на клетките, регулација на притисокот. ПРИРОДЕН ИЗВОР: Зеленчук: зелен зеленчук, моркови, роквици, компири, лук, домати, кромид. Овошје: суво овошје, кајсии, лимони, портокали. Разно: сирење, жолчки од јајце, масла од билно потекло, мед, полен, млеч, алги. 2. ВИТАМИН Б[image]http://www.notformen.mk/images/stories/2_kikiriki.jpg[/image] претераната количина на витаминот Б може да предизвика грчеви, акни и шок НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: нервни и психички проблеми, оштетување на црниот дроб, анемија, неухранетост, ширење на очните капилари, катаракта, испукани усни и раце, студени раце, афти, лупус, парализа, смрт. ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: нервна рамнотежа, формирање на хемоглобин, стимулација на крвта и црниот дроб, рамнотежа во системот за варење, борба против запек и болеста Бери-бери, заштита, раст и пигментација на кожата, ноктите и влакната. ПРИРОДЕН ИЗВОР: Зеленчук: свеж зелен зеленчук, зелка, соја, интегрален ориз, комплетен јачмен. Овошје: кикирики, свежо овошје, ореви,суво овошје. Разно: јајца, путер, млеч, мед, квасец, алги. 3. ВИТАМИН Ц [image]http://www.notformen.mk/images/stories/3_lemons.jpg[/image] не заборавајте дека од свенатото или сварено овошје или зеленчук, витаминот Ц потполно исчезнува НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: паѓање на забите, различни крвавења, целулит. ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: ги зајакнува крвните садови, зајакнување на десните на забите, регулирање на надбубрежната жлезда. ПРИРОДЕН ИЗВОР: Зеленчук: црвена зелка, спанаќ, кромид, пиперки, компир, роквици, домати, поточарка, мотиловка. Овошје: рибизли, лимон, мандарини, портокали, цитрони, а најмногу го имаво шипките. Разно: мед, алги, полен, млеч, рен, магдонос. 4. ВИТАМИН Д [image]http://www.notformen.mk/images/stories/4_olive_oil.jpg[/image] претераната употреба на витаминот Д го спречува дејството на витамините А и Е НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: рахитис, забен кариес, пореметување во растот. ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: зацврстување на коските, дава цврстина на кожата, го забрзува правилниот развој кај децата. ПРИРОДЕН ИЗВОР: Зеленчук: свеж зеленчук и било каква свежа салата. Разно: мед, полен, млеч, алги, сончање, маслиново масло 5.ВИТАМИН Е [image]http://www.notformen.mk/images/stories/5_zelena_salata.jpg[/image] предозирање со витамин Е може да предизвика пореметување во видот НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: стерилитет, полна немоќ, заболување на гениталните жлезди. ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: плодност, регулирање на сексуалниот живот. ПРИРОДЕН ИЗВОР: Зеленчук: поточарка, зелена салата. Житарици: пченични никулци Разно: билни масла, јајца, алги, млеч, полен, млеч, мед. 6. ВИТАМИН Ф [image]http://www.notformen.mk/images/stories/6_algi.jpg[/image] производите се единствениот извор на овој витамин НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: дегенерација на епидермот. ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: подмладување на подобрување на епидермот. ПРИРОДЕН ИЗВОР: Разно: алги, мед, полен, млеч, маслиново масло. 7. ВИТАМИН К [image]http://www.notformen.mk/images/stories/7_domati.jpg[/image] е неопходен за децата што често патат од анемија НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: хемофилија, анемија, пореметување во коагулацијата на крвта. ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: воспоставување на добра коагулација. ПРИРОДЕН ИЗВОР: Зеленчук: моркови, зелка, карфиол, спанаќ, домати. Разно: интегрални житарици, мед, полен, алги. Овошје: портокали 8. ВИТАМИН П [image]http://www.notformen.mk/images/stories/8_zeleni_piperki.jpg[/image] претераната употреба на витаминот П предизвикува појава на чир на желудникот НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: хемораргија, опасност од крвавење во мрежницата на окото. ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: васкуларна попустливост, свежина и еластичност на крвните садови. ПРИРОДЕН ИЗВОР: Овошје: портокали Разно: јајца, мед, полен, млеч, алги. Зеленчук: пиперки 9. ВИТАМИН У [image]http://www.notformen.mk/images/stories/crvena_zelka.jpg[/image] и овој витамин можете да го најдете само по природен пат, не пости како синтетички производ НЕДОСТАТОКОТ ПРЕДИЗВИКУВА: чир на желудник и дванаесетпалачното црево. ПРИСУСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВА: зацврстување на мускулите на органите за варање. ПРИРОДЕН ИЗВОР: Разно: мед, полен, млеч Зеленчук: зелка, целер, моркови, домати, зелена салата
|
|
|
|