RE: Чудотворни продукти (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје

Порака

Felly RR -> RE: Чудотворни продукти (18.9.2014 16:48:48)

Соле а како да ја најдам габата/кефирните зрнца? Имам читано за кефирот, а еве и еден текст од Дневник.

Kефирот е ферментирана млечна напивка со киселкаво-освежувачки вкус со лесна нота на свеж квасец, кој се добива со помош на култура од кефир или кефирни зрнца. Се смета дека потекнува од Kавказ и дека е стар и до 1.000 години. Жителите на Kавказ се познати по својата долговечност и добро здравје, живеат речиси без болести, што се припишува на нивното секојдневно и неограничено консумирање кефир. Kултурата на кефирот ја нарекуваат и кефирна габа, но кефирните зрнца не се габи.

Kефирните зрнца, кои по изгледот потсетуваат на варен карфиол, по составот се мешавина од белковини, аминокиселини, липиди и топливи полисахариди и содржат симбиоза меѓу големиот број добри, млечно-кисели бактерии, оцетни бактерии и видови квасец. Зрнцата кефир се хранат и се размножуваат во млекото и немаат рок на траење, можат да живеат вечно. Многу обиди на микробиолозите кефирните зрнца да ги произведат во лабораторија упорно завршуваат со неуспех. Прашањето од кај дошле и како настанале остануваат без научен одговор.

Kефирните зрнца може да се добијат од некој што веќе ги има и веќе сам прави кефир дома.

ПОЗИТИВНИ ДЕЈСТВА

На кефирот му се препишуваат многу позитивни дејства при голем број болести и болни состојби, меѓу другото:
* Дејствува како најсилно средство против алергии и интолеранција на храна;
* Дејствува како природен антибиотик;
* Ги намалува воспалителните болести, како што се ревма и артритис;
* Го зајакнува имунитетот и го забрзува заздравувањето на телото; * Ги подобрува варењето и правилното искористување на нутриентите од храната;
* Лекува цревни болести, синдром на иритабилно црево, пролив, запек, подуеност;
* Помага при болести на желудникот, како што се гастритис и чир на желудник;
* Го чисти и го детоксифицира телото;
* Ја подобрува функцијата на црниот дроб и дејствува против жолчните каменчиња;
* Помага при срцеви заболувања;
* Ги намалува шеќерот во крвта, високиот крвен притисок и високите маснотии во крвта (триглицеридите);
* Ги лекува габичните заболувања;
* Помага во запирање на растењето на малигните клетки;
* Го нормализира метаболизмот и со тоа помага во губење на прекумерната телесна тежина;
* Помага при несоница и при депресија;
* Против несоница и депресија;
* Kорисен е при бронхитис и при астма;
* Помага при псоријаза и при егзема.

SOLE -> RE: Чудотворни продукти (18.9.2014 19:33:56)

Da Felli toa I jas go imam citano za kefirot a gledav I dosta video klipcinja ima I na you tube za kako se odgleduva I koi se benificiite od kefirot. Inaku kade da go najdes neznam ke mora nekoj da ti go dade sto veke go ima doma I si go pravi bidejki gabata si raste, si se zgolemuva I na sekoi 17-20 dena mozes da dades I na nekoj drug. mene koga mi ja dadoa bese epten mala I vo pomala kolicina mleko ja stavav a sega e pogolema I go zgolemiv kolicestvoto na mleko, inaku gabata izgleda bas kako parce(cvetce) karfiol I toa ne se jade se pie samo precadenoto mleko(jogurt) a parceto gabe se mie vo cadka pod mlas voda I se vraka vo staklen sad(tegla) I se doleva mleko presno, se ostava taka do sledniot den I toa si fermentira I se taka postapkata si se povtoruva isto.

kapina -> RE: Чудотворни продукти (18.9.2014 20:16:53)

Jas si kupuvam ovde vo strumica kefir od tinex gotov napraven so jogurt

SOLE -> RE: Чудотворни продукти (18.9.2014 22:52:46)

Da znam deka go ima I industriski no toj kefir voopsto nemoze da se sporedi so domasniot sto e mnogu normalno neli, procitaj na net ima dosta objasneto za ova.

AneLav RR -> RE: Чудотворни продукти (27.11.2014 11:49:16)

Не знаев каде да пишам , но мислам дека овде е соодветно. Имам некаков проблем на кожата кој ми се јави многу одамна кога бев на факултет. Не можам да го сврстам во псоријаза но нешто слично со бипопсија ми го крстија парапсоријаза. Јас не знам што се немам пробано од чаеви, од води од средства за мачкање , единствено кортикостероиди ми помагаа БЕЛОСАЛИК. Пред некое извесно време земав тестер BLUE CAP спреј, не сакав да го купувам зошто веќе се откажав од помислата сватив дека нема лек и си се навлеков на кортико. Уште од првото прскање промените почнаа да ми се повлекуваат. НИкогаш до сега ништо не ми делувало како спорејов,а најбитно од се е што не е кортико, туку нешто природно. Ми го препорачуваа и порано и целата таа колекција за ќерќичката која имаше бебешка егзема, ама на неа и помина со TRIXERA од AVENE, затоа тогаш не го ни земав. Мене ми помогна затоа им кажувам на сите, а помага и кај егзема и кај други автоимуни кожни болести. Изгледа вака:
[img]http://skintreat.net/mm5/graphics/00000001/bcspsm4-b.jpg[/img]

mamita83 -> RE: Чудотворни продукти (27.11.2014 12:54:41)

AneLav RR od kade moze da se kupi i kolku cini? mene mi se pojavija nekoi akni po celoto, a nikogas prethodno ne sum imala problemi so kozata, dali e namenet za akni?

AneLav RR -> RE: Чудотворни продукти (27.11.2014 13:42:37)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamita83

AneLav RR od kade moze da se kupi i kolku cini? mene mi se pojavija nekoi akni po celoto, a nikogas prethodno ne sum imala problemi so kozata, dali e namenet za akni?

Мамита83 , Овој продукт е наменет за атопичен дерматит, егзема, псоријаза, себороичен дерматит..
Го има во Зегин и е 1200 ден 100мл. Прашај можеби ја има и колекцијата за акни. За акни од истата фирма има друга колекција.

Snowhite RR -> RE: Чудотворни продукти (27.11.2014 18:30:59)

АнеЛав сигурна си дека не е кортико? Зашто мене за Јана ми имаа дадено крема од оваа колекција за егзема и мислам дека е кортико. Значи не сум 100% сигурна затоа те прашувам, дали само спрејов не е кортико или цела колекција?

scared RR -> RE: Чудотворни продукти (30.11.2014 20:13:03)

За мене аронијата е чудотворен продукт, не е вкусен ама затоа е многу здрав [sm=bravo.gif]

caciana -> RE: Чудотворни продукти (1.12.2014 20:26:57)

Lukot e 100% cudotvoren produkt za mene. Za toa mi e primer tatko mi. Jas iskreno ne go jadam poradi neprijatnata mirizba, a tatko mi go konzumira skoro sekoj den. Covekot ima 59 godini i e zdrav kako dren. Ne go faka nastinka, grip , i nema nikakva bolest( daj boze taka da bide i ponatamu). Koga sum nastinata mi pravi LUK POPAREN SO VRELA VODA i veruvajte stvarno pomaga. [sm=bravo.gif]

marchi -> RE: Чудотворни продукти (3.11.2015 0:42:50)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Христијана еве уште нешто околу слабеењето.
Три шолји зелен чај дневно помагаат при губењето на вишокот килограми. Истражувањето покажало дека чајот... помага при слабеењето дури и ако се продолжи со консумирањето мрсна и калорична храна.
Познато е дека зелениот чај е добар антиоксиданс и го чисти телото, а го намалува и крвниот притисок и му помага на телото да го разложи шеќерот.
Зелениот чај е безбедна и ефектна алтернатива за борба против дебелината и кардиоваскуларните болести, го намалува апетитот и холестеролот, па дури и ризикот од рак.

Информацијава и мене би ми користела. Јас искрено имам пиено зелен чај ама нередовно. Тоа можеби си има ефект како што опишувате ама јаа ништо не осетив, ни ослабување ни чистење на организмот но намален апетит.....

miana -> RE: Чудотворни продукти (3.11.2015 12:21:22)

За мене и невенот е чудотворен... Помага за ублажување на болка, за воспаленија, убоди, рани, опекотини и сл..
Си имам купено од аптека, и ептен ми помага... Керками неикогаш кога ке дојде од градинка се жали дека ја чеша доле, ке ја истусирам и ке ја намачкам со невенче, абе тоа како одма на лице место да ја смирува... И гребнатини и рани и црвенила и се, ама апсолутно се што е надворешно, лечи !!! Јас се со невенче решавам..Добар е дури и за петите на нозете, како на бебе ги омекнува.... Не е скап, околу119 денари големо кутивче од зегин и ми трае со месеци, може и по цела година..И на пат кога одам, без тоа не поаѓам, си ставам опомало кутивче и си носам ..И уста ако ми испука се мачкам со него... Ептен е чудотворен [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]

miana -> RE: Чудотворни продукти (3.11.2015 12:23:29)

ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Христијана еве уште нешто околу слабеењето.
Три шолји зелен чај дневно помагаат при губењето на вишокот килограми. Истражувањето покажало дека чајот... помага при слабеењето дури и ако се продолжи со консумирањето мрсна и калорична храна.
Познато е дека зелениот чај е добар антиоксиданс и го чисти телото, а го намалува и крвниот притисок и му помага на телото да го разложи шеќерот.
Зелениот чај е безбедна и ефектна алтернатива за борба против дебелината и кардиоваскуларните болести, го намалува апетитот и холестеролот, па дури и ризикот од рак.

Информацијава и мене би ми користела. Јас искрено имам пиено зелен чај ама нередовно. Тоа можеби си има ефект како што опишувате ама јаа ништо не осетив, ни ослабување ни чистење на организмот но намален апетит.....

мене нутриционистката ми рече, зелен чај амо по една чаша на ден... јак е многу... И кога го варите, да не го оставате филтерчето ( или чајот , зависи што користите ) да стои долго време па да пиете..Пуштал отрови така! Само една минутка е доволна

deluxe -> RE: Чудотворни продукти (3.11.2015 12:30:58)

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Секој чај кој стои подолго од предвиденото време испушта токсини.Инаку зелениот чај доколку го чувате повеќе од 3 минути ,предизвикува запек[sm=smiley1.gif]

cordoba -> RE: Чудотворни продукти (12.12.2015 14:07:05)

Здраво на сите, со нашето семејство за празниците мислиме да отидеме во СПА престолнината на Балканот - во Велинград, Бугарија.
Таму велат дека е водата има многу лековити својства и е погодна дури и за мали деца.

Администратор: Постот е уреден, не се дозволени реклами.

Badi12 -> RE: Чудотворни продукти (14.12.2015 12:44:38)

За Канцерот, Срцето,Крвниот притисок и многу други болести
предласгам да го користете
Најреткиот и најскапиот чај на светот – ЖОЛТ-иот ЧАЈ!

Повеќе детали можете да прочитате на блогот :
Жолт Чај — Најреткиот чај на светот! — Medium
[sm=smiley25.gif]

---------
Администратор: Постот е уреден. Надворешни линкови не се дозволени.

princess vp -> RE: Чудотворни продукти (27.2.2023 13:32:01)

Eve edna strana so proizvodi koi moze ke vi bidat od korist.
https://www.facebook.com/profile.php?id=100090341271794
Ve molam spodelete iskustva dokolku imate

Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]