|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   на прво место?
25.5.2009 11:28:32   
mami
кој е на прво место? вие или мајка му/и? и како се чувствувате по тој повод?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: на прво место?
25.5.2009 11:40:27   
Marta
Joj mami ne moze taka da gledas na rabotite, eve samo jas da prasam, ziveete so tvoite roditeli, i...dali bi ti bilo seedno toj da prasa koj e na pvo mesto toj ili tvoite roditeli...mislam majkata e edno, zenata drugo sekoja ima svoe mesto vo negoviot zivot i nema tuka prvo, vtoro mesto. Majkata ja saka na eden nacin, tebe na sosema drug,mislam ne treba da ima biranje megu majkata i zenata.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: на прво место?
25.5.2009 11:57:29   
niki
Lele mami kaj gi naogas temive, se u srce direkno me pogagas.
Se si se obiduvam pozitivno da razmisluvam i op otvoram forum i bolna tema.
Smetam deka treba da imaat zasebno mesto vo negoviot zivot i zena mu i majka mu, ne prvo ili vtoro, tuku zena e zena majka e majka, ne treba da ima tuka natprevar, ama ne e sekogas taka. Ili podobro receno vo mojot slucaj jas cuvstvuvam deka ne e taka iako toj me razuvaruva so zborovi deka ne e taka, a delata mu se sosema druga prikazna. I na kraj se ke otide u pm, a najmnogu ke nastrada kerka mi.

(Одговор на членот Marta)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: на прво место?
25.5.2009 11:57:43   
Еца
Мами и јас мислам дека не е во ред така да гледаме на работите, па мислам како може мајка му да му биде на прво место кога заедно легнуваме, стануваме, се галиме се мазиме, се сексаме, имаме дете....мислам сосема поинаков однос од оној кој го има со мајката која го родила, го одгледала се мачела за него, и секогаш била заштитнички настроена...мислам и јас дека нема тука прво, второ место..... Мислам дека твојот маж и двете ве сака на свој начин, само можеби не знае тоа да го искаже, како на пример мојот. Често пати сум се почуствувала дека сум отфрлена од неговото семејство, но некогаш и ние правиме  гршки, за кои всушност мислиме дека се исправни работи. А најтешко е човек да си признае дека згершил, истот го велам и за мажите, и за свекрвите, а нормално и сите други.....

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Marta)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: на прво место?
25.5.2009 12:23:48   
mami
темите се црпат од моменталната ситуација и извинете што не се сложувам со вас меѓутоа- таа, да, го израснала и семачела за него и се, меѓутоа треба да си прифати дека тој не е веќе бебе туку има свое бебе и жена и неможе она да си го плетка носот во сите негови приватни работи...и да, ссе гледа кој е на прво место - таа, зошто тој никогаш не и се завртел неа да и рече да олабави малку(добро не со тие зоброви ама..) туку цело време јас сум таа што треба да попошта- епа несум јас магаренце па цело време да ми товарат нешто...и се додека тој не си ги среди приоритетите во животот и не сфати дека ние тројца сме семејство а таа е дел од нашата фамилија ке имаме проблеми и караници и еден ден ке потпишеме документи и толку од нас

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: на прво место?
25.5.2009 12:53:28   
Еца
Мами немој да мислиш дека само ти си во таква ситуација. Идентични ситуации имаме, значи и кај нас секогаш јас сум кривата и онаа која претерува.Затоа решив дека не вреди да се нервирам и да си ги кинам нервите, мислам така е како што, знаеш како викаат кога не можеш против непријателот, единствено да го победиш е да му станеш пријател.Ти кажувам зошто нервите ќе ти требаат ,верувај мила тек допрва доаѓаат нервози....затоа размисли дали треба да и придаваш толкаво значење на свекрвати, и самат велиш дека треба да сфати дека е само дел од вашата фамилија....user posted image

< Поракaта ја уредил Elena -- 25.5.2009 12:55:59 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: на прво место?
25.5.2009 16:44:06   
niki
Ma sosema te razbiram Mami, poentata e sto soprugot e toj koj sto treba da gi razgranici rabotite, ti za zal nisto ne mozes da napravis.
Kavgite se samo djabe i ke ve odvedat do svrsen cin.
Nas ne dovedoa, kolku poveke mu objasnuvav deka nie sme semejstvo tolku pozlobna vo negovi oci izleguvav i sega veke nema nikakva intima megu nas, ziveeme kako cimeri, sekoj na svoja strana. Majka mu mu e majka za nego najdobra na svet i nikoj ne mu go sporel toa niti pak sum mu se mesala vo negoviot odnos so nea, ama jas sepak poveke gledam da si ugodam sebe i na deteto na koe sum jas majka, a ne na majka mu i mi zamerija i nema vrakanje nazad.
Je...bi ga u takva sredina ziveeme site maski deca se mamini sincinja i nikogas od maminata suknja ne se odvojuvaat, taka gi vospituvame.... I posle ne se slagale svekrvite i snaite, pa nemozat da se slagaat kolku pati se slucilo tie dvajca da se dogovorat za nesto sto me zasega i mene a ne me prasuvaat, koj me sisa mene, ja sum samo dezuren krivec za se koj nikogo ne saka i ne pocituva.
I sto da pravam? Nisto. Dobara, losa isto mi se faka.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: на прво место?
25.5.2009 21:46:45   
Боцко
јас на оваа тема имам многу тоа да кажам, но едно по едно. мами има право, прашањето беше кој е на прво место, а не кој повеќе се сака. се разбира дека двете најважни жени во животот на еден маж тој ги сака, но двете на различен начин. но, според мене, секој маж треба да знае дека жената треба секогаш да му биде на ПРВО место. мајките се сакаат цел живот и тука се кога се потребни по разни основи. но нивната функција е да го одгледаат, подигнат и воспитаат младиот човек, да го подготват за животот и (можеби) да го научат како вистински да ја сака својата идна избраничка. колку и да и е тешко, мајката треба да знае дека нејзиниот син еден ден ќе отиде од дома да основа свое семејство. ако успее да го научи да даде љубов, тогаш правилно воспитала маж и иден сопруг. дури, правилното таа да служи како коректор ако забележи дека мажот не се однесува добро кон својата сопруга. не идеализирам и не претерувам. кога мажот ќе ја најде љубовта на својот живот и ќе биде подготвен да формира со неа семејство, со претходниот живот е готово. таа е на прво место, бидејќи тоа (ново) семејство е сега неговата основна клетка околу која се врти се и за која тој се бори. не мислам дека треба да го запостави старото семејство, но тоа е сега вториот круг (како кога фрлате камче во вода па се прават концентрични кругови). ако постои ваков развој на нештата, нема да има расправии помеѓу снаи и свекрви. но, за тоа да функционира потребно е синот и мајката во текотна воспитувањето да развиле однос на блискост и навика да разговараат. само така, подоцна тој во разговор со неа ќе може лесно и безболно да ги изложи аргументитеи да ги расчисти нештата. не велам дека ќе нема отпор и борба на суети, но велам дека коректни односи се гадат од најмали нозе. тоа е инвестиција за цел живот.


_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: на прво место?
26.5.2009 9:06:46   
mami
Боцко значи во целост ме објасниuser posted image user posted image user posted image само за жал уште на мм да му се расјасни тоа и се ке биде прекрасно, ама тоа малку потешко па одиме накај неизбежното, јас изгубив веќе надеж за нешто подобро

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: на прво место?
26.5.2009 9:41:24   
mis.
Боцко браво за тебе па ти си едносовршенство кое секоја жена би го посакала за маж.Браво за тебе,ретки се такви мажи кои имаа ставови кои што одговараат на една жена.user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: на прво место?
26.5.2009 10:39:00   
Боцко
pozdravi go od mene. neka me procita. ako ne veruva, ke go castam pivo i ke mu objasnam preku primer

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: на прво место?
26.5.2009 10:46:29   
mami
и да знаеш дека сега ќе му го пратам да го прочита, веќе ми е преку глава од оваа ситација

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: на прво место?
26.5.2009 18:48:00   
Палешка РР
Сите сме мајки, или ќе бидеме.
Јас пред се, во односот со свекрва ми, помислувам што не би сакала ЈАС да дочекам од снаата.
А кога ќе бидам свекрва ќе се сеќавам каква свекрва сум посакувала.

Не велам дека треба да угодувам, или да ми се угодува, но еден нормален, човечки однос од двете страни е пожелен.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: на прво место?
27.5.2009 16:41:23   
niki
Ova sto Badbaby go napisal treba da go procitaat mnogu mazi, a i nivnite majki isto taka.
I mojot megu niv.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: на прво место?
4.6.2009 11:11:49   
Vesna
Prasanjeto e super. Jas se osekjam na prvo mesto kaj soprugot....i soprugata sekogas treba da e na prvo mesto, bas sekogas.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: на прво место?
23.6.2009 13:33:20   
mami
весна се сложувам со тебе..јас не викам дека тој треба да заборави дека имал мајка или друг живот пред бракот, едноставно мислам дека после венчавката приоритетите се менуваат, сега е приоритет нашето семејство,, јас, тој и бебето а сите останати се дел од нашата фамилија. И она што решаваме решаваме ние тројца а не останатите и нашите одлуки треба да се почитуваат а не преиспитуваат и одобруваат или не..Ние си имаме сега сопствен живот и никој не треба да се меша во него. На крајот на краиштата како ке почувствуваме дека сме во браки имаме некакви одговорности ако некој друг цело време ни ги завршува работите?

(Одговор на членот Vesna)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: на прво место?
15.7.2011 11:50:44   
Maca25
Пред да се ожени семејство му била мајка му и брат му.

Но, сега јас, тој и нашето дете сме си семејство и нормално дека треба ЈАС и нашето ДЕТЕ да му бидеме на прво место! Кај нас е така!  

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: на прво место?
15.7.2011 13:15:12   
AnnaMolly RR
На прво место сме ние како семејство. Јас, Филип и маж ми. Ние сме најважни пред се. Никогаш не сум се почувствувала како некој друг (читај мајка му user posted image ) да е на прво место. Кога веќе си стапил во брак, се знае кои се приоритетите. 

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: на прво место?
15.7.2011 14:44:39   
Martins mom
Јас сум му на прво место и сигурна сум дека засекогаш ќе биде такаuser posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: на прво место?
12.3.2013 12:34:31   
arh_diz
Na prvo mesto se nie kako semejstvo, pa posle site ostanati

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: на прво место?
11.8.2014 15:39:33   
Mila mamicka
Секако дека љубовта што се чувствува кон мајката и сопругата се различен вид на љубов, меѓутоа според мене, откако еден маж ќе се ожени и создаде своја фамилија, секогаш треба да му биде на прво место неговата потесна фамилија - што значи сопругата и децата. Не велам дека треба да не ја сака мајка си и да се кара со неа заради сопругата, меѓутоа таа и татко му веќе стануваат второстепена (поширока) фамилија. Имам среќа што кај нас така стојат работите, секогаш сме ние на прво место, па после сите други. Истото размислување го имаат и свекрва ми и свекорот и секогаш ни велат - Вие гледајте си прво вас да ви биде убаво, па после на другите. Истото го мислам и во врска со мојата фамилија, и тие ми се сега мене на второ место, откако си имам моја фамилија. Имам син, и без разлика што сум ептен приврзана, да не речам себична, со него, ќе го воспитувам според ова мое размислување.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 21
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?