Дали би дарувале крв? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Хуманост



Порака


agnes77 -> Дали би дарувале крв? (25.5.2009 20:57:49)

Danas sam pri pat u mom životu daruvala krv. Nije bilo strašno, na početku sam bila malo uplašena ali zatim sam bila vrlo ponosna, da sam to uradila[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Боцко -> RE: dali bi daruvali krv (25.5.2009 21:03:05)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
би дарувал и јас, сигурно, до сега сум имал 1-2 прилики кои не сум ги искористил, ми било можеби малку страв. но во првата наредна прилика ќе го сторам тоа. чувството дека можеби спасувате нечиј живот е навистина прекрасно.

btw, agnes tebi pa res makedonscina vsak dan vse boljse gre. bravo!




agnes77 -> RE: dali bi daruvali krv (25.5.2009 21:18:14)


btw, agnes tebi pa res makedonscina vsak dan vse boljse gre. bravo!


[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] samo improviziram;)
tvoja slovenščina pa je zares odlična[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




biljanaM -> Дали би дарувале крв? (25.5.2009 23:51:40)

мене двапати ми стигаа пораки дека се тражи крводарител со крвна група нулта позитив...сакав ама не отидов од страв и јас.....си мислам зошто не отидов....сега се каам, бидејки јас сум нулта позитив, а татко ми има неколку пати дарувано и по други градови дека е ретка крвна група, А негатив и мм ми е таа, и свекотот а и синето, нареден пат и јас секако ке дарувам крв, се надевам тоа да се случи што поскоро.




Еца -> RE: Дали би дарувале крв? (26.5.2009 6:52:43)

Да, сигурно. Прв пат дарував крв 21.11.2000 година,по стапките на татко ми,бидејќи тој беше професор по физичко (сега пензионер, кој има давано крв над 25 пати и се уште дава) а јас активен спротист, тоа некако се подразбираше.... Ќе продолжам сигурно, и се надевам и ние од Рингерајаќе направиме некоја крводарителка акција и ќе бидеме горди што некому ќе подариме нов живот [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mami -> RE: Дали би дарувале крв? (26.5.2009 8:36:17)

Елена идеата за крводарителска акција ти е супер...мајка ми дарувас екогаш а јас за жал неможам бидејќи сум цел живот слабокрвна па сестрите на шала ми викаат- ти за тебе немаш па на друг ке даваш..би сакала еден ден ако можам да дарувам..




Adrijana -> RE: Дали би дарувале крв? (6.6.2009 20:07:25)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley6.gif[/image]Jas so dusa cekav da napolnam 18 za da mozam da daruvam krv, zasto koga bev mala bev mnogu bolna i nekoj daruvase krv za mene, i mnogu sakav i jas da spasam nekoj, i samo sto napolniv 18 ne cekav ni nedela da mine otidov da dadam i samo zamislete sto se sluci, dadov krv sto dadov, i taka presrekna prasuvam za kolku vreme pak ke mozam ova ona i za nedela dena doma mi stigna karticka kaj sto pise odma da se javam vo transfuziologija. Otidov i mi kazaa deka nikogas poveke ne smeam da davam krv zatoa sto sum nositel na B hepatit, i ete taka veke 6 godini sum nositel na glupavata bolest i me iritira samata pomisla deka ne mozam da napravam nisto vo vrska so daruvanjeto krv, no toa e zivotot sega mi preostanuva samo da gi bockam i pottiknuvam drugite da davaat.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Еца -> RE: Дали би дарувале крв? (6.6.2009 20:46:30)

Адријана ајде те молам да отвориме нова тема и да подискутираме малку повеке за хепатоит Б, ако не ти е проблем, инаку татко ми има дадено 33 пати крв и пред една недела бил да даде крв, не сакале да му земат бидејќи има веке 69 години, но на негова иницијатива за последен пат му земале и му рекле за вас е завршено, давајте им потт6ик на помладите, затоа секој кој е здрав, и се чувствува добро треба да дава крв и да помогне на некој на кој тоа најмногу му е потребно.Животот е непредвидлив, не знаеме што не чека....




Adrijana -> RE: Дали би дарувале крв? (8.6.2009 13:39:24)

Ne Elena voopsto ne mi e problem da zboruvam za hepatitot, veke nekako e del od moeto sekojdnevie, slobodno otvori tema, ke se priklucam i ke zboruvame za se sto znam vo vrska so taa bolest.




nina -> RE: Дали би дарувале крв? (15.6.2009 18:20:16)

Јас сакам да дарувам крв и два пати стигнав до амбуланта, но јас природно имам низок притисок и можеби од страв уште повеке ми се снижил, па ми рекоа дека поради нискиот притисок нема да дарувам крв[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] па може понатаму ке можам да дадам крв.




Џесика -> RE: Дали би дарувале крв? (16.3.2012 14:00:41)

Деновиве ми се плетка оваа идеја во глава, мојот покоен татко беше редовен крводарител, а јас ко негова крвна група сум ја попримила желбата да дарувам крв. Бидејќи влегов во некој чуден психички период на преродба, посакав оваа затаена желба да ја остварам. Не знам кога има акции за дарување на крв, па ако некој знае да ме информира, или уште подобро, да ми се придружи [sm=smiley36.gif]




mama toci -> RE: Дали би дарувале крв? (16.3.2012 14:05:22)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif],da mozev i jas ke vi se pridruzev,da ne bea takvite humani luge kako vas,nemase sega da si sedam na RR i da se druzam so vas...




Emanuelapp -> RE: Дали би дарувале крв? (16.3.2012 14:07:28)

Да да би дала досега немам дарувано ама би одела по стапките на мојот татко кој има дарувано поваќе од 35пати. Сега се потсетив на еден случај нели во средно училиште доаѓаат да земат крв кога бев 4 година и се наредив таму да дарувам ама кога ме виде докторката рече нема шанса да вадам од тебе крв бев слаба , бледааа и ништо од моите слободни денови на училиште [sm=smiley36.gif]




dostickage -> RE: Дали би дарувале крв? (16.3.2012 14:08:29)

ah, i jas bev krvodaritel imav dadeno dva pati.
Posle se fativ so rabota i ne dadov 2-3 godini. Za toj period za zal se sluci dva pati da pritreba na nekoj moj blizok.Ednas na majka mi pri teska operacija i ednas na sin mi dodeka bese vo inkubator [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]
Za srekja imase krv bidejki i site trojca sme A krvna grupa pa nemase potreba od mene.
Sega so bolesta ne sum ni prasala ama ne ni sakam.Ne od sebicnost,naprotiv  ne znam sto se moze nekoj da zeme od mene , J*b*g*




Pepelaska * -> RE: Дали би дарувале крв? (16.3.2012 14:17:29)

Кога бев помала многу се плашев од боцкање, крв и игли , ама откако се породив и видов како нечија крв ми го спаси животот би давала со две раце




temjana -> RE: Дали би дарувале крв? (16.3.2012 14:58:33)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Деновиве ми се плетка оваа идеја во глава, мојот покоен татко беше редовен крводарител, а јас ко негова крвна група сум ја попримила желбата да дарувам крв. Бидејќи влегов во некој чуден психички период на преродба, посакав оваа затаена желба да ја остварам. Не знам кога има акции за дарување на крв, па ако некој знае да ме информира, или уште подобро, да ми се придружи [sm=smiley36.gif]

Џес немаш потреба да чекаш акции, можеш кога сакаш да даруваш крв. Мм е крводарител дарува крв на секои 2 месеца. Оди во државна дирек на трансфузиологија мислам, и таму се супер фини докторите, иако последните два пати ми се враќа со модринки на рацете[sm=smiley13.gif] Како и да е одлично е чувството кога даруваш, а плус е и пожелно[sm=smiley1.gif]




JovanaJ -> RE: Дали би дарувале крв? (16.3.2012 15:45:28)

Do sega ne sum daruvala krv. Me odbivaa ne sum imala 50kg. Sega sum nekade 48 ama ne sum probala dali ke mi dozvolat.
Inaku da ne nastane zabuna, ne sum tolku slaba ama ete kilazata mi e taa...[sm=smiley36.gif]




blue_blue -> RE: Дали би дарувале крв? (16.3.2012 15:52:01)

Еднаш годишно редовно дарувам крв веќе три години и планирам да продолжам така се додека сум здрава и сакаат да ми земаат крв. Татко ми беше крводарител и некако тоа ми остана од него - почнав да давам крв тој кога почина и секогаш +/- еден месец на денот кога тој почина....Наместо одење на гробишта јас така се сеќавам на него. Инаку сум 0- крвна група која и не е баш така честа па е дефицитарна кога е потребна...Мислам дека секој треба да дава крв доколку не е слабокрвен и нема здравствени проблеми. Мислам дека смееше да даваш крв на секои 3 месеци




mila mama -> RE: Дали би дарувале крв? (16.3.2012 16:20:33)

Bi daruvala krv. Do sega me sum darila, ama nemam nisto protiv da go napravam toa. Da bidam iskrena poveke mi e strav da primam otkolku da daruvam.




mama26 -> RE: Дали би дарувале крв? (16.3.2012 20:10:56)

zosto pa da ne? sekako da.mm ima daruvano mnoooguuu pati a jas seuste ne pojma nemam zasto[sm=zmeden.gif]




kuklicka26 -> RE: Дали би дарувале крв? (16.3.2012 22:07:51)

Да секако.Јас имам дарувано 5-6 пати крв,но отккао останав бремена не сум дарувала.А се разбира и планирам да продолжам да дарувам,нели сум РР?Имам Б+ крвна група ако притреба хитно барајте ме.




nadica -> RE: Дали би дарувале крв? (16.3.2012 22:18:14)

додека бев девојка неколку пати дарував крв а потоа некако се немам време [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] се надевам дека ќе продолжам во блиска иднина инаку сум 0+




AnnaMolly RR -> RE: Дали би дарувале крв? (17.3.2012 14:18:12)

Јас умирам од желба да бидам крводарител, ама ете не смеам за жал.
Ајде ако може да ми каже некој поискусен дали ова е вистина (ми го кажаа во средно кога имаше крводарителски акции).
Не смеело да се дарува крв ако се примаат некои лекови, како антихистаминици, а јас ги примам речиси секој ден. Исто така и луѓе со висок крвен притисок не смееле да даруваат крв. Ако ова не е вистина, следниот пат викнете ме со вас, Џесика и блу_блу!

Инаку, јас сум крвна група Б+.




meU87 -> RE: Дали би дарувале крв? (18.3.2012 9:18:41)

Јас до сега имам дарувано 3 пати крв. Меѓутоа искено после тоа многу лошо поминував, имав страшни трески и наредните три дена ми беа потребни за да се вратам во нормала.
Инаку има луѓе на кои буквално ништо не им е после дарувањето.
Ана Моли, точно е дека не смее да се дарува крв доколку се примаат некои лекови, пред да даруваш ти даваат еден формулар кој треба да го пополниш, а каде има прашања дали и какви лекови примаш.
Односно не смееш да имаш примено никаков лек, мислам дека беше 3 дена наназад.
За крвниот притисок мислам дека нема врска, зошто татко ми има висок крвен притисок, а друва крв кога имаат акции од работа.




Bogdancanka -> RE: Дали би дарувале крв? (18.3.2012 21:57:15)

imam daruvano krv dva pati i ednas bev vratena zaradi nizok pritisok...inaku jas sum 0 negativ




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>