profesorica -> RE: Дедо Мраз (1.12.2009 15:07:42)
|
Еве една приказна за вашите малку поголеми деца.Значи и ја сум за - постои Дедо Мраз!!! Приказна за Дедо Мраз Многу, многу далеку на север, помеѓу бескрајната дивина во Финскиот Лапланд, има една планина што се вика Корватунтури. Одма во подножјето, скриен од очите на светот, живее Дедо Мраз со неговата жена, џуџињата и ирвасите. Тој всушност живее таму толку долго, што дури и не се сеќава од кога е таму. Тој многу и не зборува за својот дом, но самото име на планината каде што му е домот - Уво Планина - зборува многу. Тоа е одлично место од каде што се слуша и се гледа се’, сите надежи и соништа на луѓето од сите возрасти. Дедо Мраз сака да си ја сочува својата тајна, таа е всушност многу битен дел од Новогодишната приказна. Но, еден патник, кој минувал од таму пред стотина години, ја октрил адресата на Дедо Мраз и ја раширил ширум светот. Луѓето ширум светот, а особено децата, постојано му пишуваат писма на Дедо Мраз. Особено пред Нова Година џуџињата се претрупани со писма од целиот свет, обидувајќи се да ги распоредат сите желби за подароци и да му ја наполнат вреќата на Дедо Мраз. Тој добива преку 700.000 писма секоја година.
|
|
|
|