Bethany -> RE: Дедо Мраз (8.12.2014 20:28:49)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki uste i rastat pa pocnuvaat poveke da zboruvaat i da razmenuvaat megu sebe informacii, megu drugarcinja i taka ke ti dojdat doma so prikaska deka kaj nekoja X drugarka dosol likov doma i donel podaroci, kaj drugi gi ostavil pod elka kaj treti pred vrata i tn. i sto pravis togas na dete od 4-5 godini mu vikas ne be nema vrska nemoj da go cekas, toa roditelite gi lazat identitetot moj so zabavata za deteto mi nema vrska nikakva praznicite vo site kulturi i religii postojat za zabava Тоа цитираното не беше кажано конкретно на тебе, туку генерално, некаде се провлече низ текстовите таа мисла. Друго, за твоето прашање, да ќе му кажам дека тој не постои и понатаму, сигурно нема да ставам акцент на тоа како другите родители лажат, ама верувам дека ќе знам мудро да му објаснам. И знам дека нема да ми биде проблем бидејќи од самиот почеток тој е на чисто со мене, нема залажувања, нема уценувања дека ќе го однесе баба рога ако не е добар, нема бели лаги и сл. Тоа е едноставно мојот метод на воспитување. За последната твоја реченица само повторно би повторила дека гледаме од различен аспект, другачије размислуваме. Видиш, јас се сметам себеси за верник, ама ете јас го немам крстено своето дете и нема тоа да го направам се додека тој самиот не стане доволно свесен и сам не изрази желба. Јас секогаш ќе го учам дека не мора да ги прави работите само затоа што другите така прават, бидејќи сметам дека така детето и понатаму во животот ќе прави, ќе учествува во работи кои за него немаат смисла, ќе прави обичаи на кои не им го знае значение, а зошто? Забави има за деца колку што сакаш. Се ќе му е дозволено и празници и мазници, ама јас секогаш ќе му објаснувам и ќе го потикнувам сам да го користи разумот. Мислам дека се оддалечивме од тема, и ја отупевме темава[sm=smiley36.gif] Само Ники, различне сме ама и двете ќе гледаме најдобро за наши деца врз основа на нашето гледиште што сметаме дека е најдобро, и не дека ти го губиш идентитетот, сепак она што си ти, со своите убедувања го пренесуваш и на дете и тоа е факт. Биди ми поздравена, нејќам да ме сечат и преместуваат како офф во друга тема, тоа ми е како да ме прекинуваат во сред реченица [sm=smiley36.gif]а и нејќам да ме стават во најтупач категорија [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|