Кога и колку пред компјутер? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Еца -> Кога и колку пред компјутер? (26.5.2009 20:53:02)

Еве откако комјутерите дојдоа во нашите домови, децата забораваат да си играат и занимаваат со други работи, освен со компјутер. Мислам Мартина на нејзини 2 години почна да седи на комјутер и сама да наоѓа игрички за деца, гледајќи ме како јас тоа го правам.Сме се чуделе со маж ми, па едно време токлу многу ми забега по комјутерот што мислам дека или спиеше или беше на компјутер.Тогаш решив дека е време да ја оттргнам и нормално ком, се поквари го исклучував екранот, бидејќи детето знаеше и само да го вклучи, и да го конектира интернетот....страшно...Така некое време пред неа не седевме на ком, демек е расипан.Сега знае да седне, но тоа е мах половина час,па поигра некоја игра или да изгледа некој цртан.

Кое е вашето мислење од кога да му се дозволи на детето да седи на компјутер и по колку време?




mami -> RE: Кога и колку пред компјутер? (27.5.2009 8:37:40)

половина до час максимум...внукми од многу седење пред компјутер почна да мижурка со очите..а на внука ми и имаат направено ваква финте- на вратата пред собата каде што е компјутерот има поставено вратили( знаете онаа шипка за да се крева на неа) и за да влезе во собата мора да се крене минимум 10 пати и тогаш може да седи на ком. половина час и толку крај нема расправање нема молење ништо..и си го знае тоа и го почитува.. здравје и на Лука ке му направам нешто такво..




Еца -> RE: Кога и колку пред компјутер? (4.11.2009 15:41:49)

Откако залади мојата Мартина се врати на компјутерот.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]Едно време и правев камуфлажи дека не работи, ама сега јас имам работа на компјутер и никако не можам да и докажам дека не смее многу да игра игрички.Затоа практикувам да станувам пред неа и да легнувам после неа за да можам да поработам малку повеќе.Инаку не сум за седење пред компјутер и еве од вчера (мислејќи дека ком. ми се зезнал)таа многу малку седеше и решив дека мора да ја отргнам од него. Знам многу убаво колку е штетен ком. па ќе останам доследна и ќе се изборам дека на ком.смее два до три пати по некое време од 15 минути..Мислам дека ова време не е многу. Ајде мамички што мислите вие?




profesorica -> RE: Кога и колку пред компјутер? (4.11.2009 15:43:48)

не е многу Еца но сепак не чини и за нас зрачењето па камоли за нив.гледај да ја одвратиш од компјутерот со нешто друго.Инаку нас ова ни е решено со тоа што компјутерот ни е во друга соба која ретко се отвара и не му дозволуваме да оди таму бидејќи прави глупости.




mami -> RE: Кога и колку пред компјутер? (4.11.2009 15:46:12)

нас ни е во сред соба ком, ама ако види некој да седи на него и да пишува доаѓа и тој инаку не, кај моите доаѓа до ком и му е интересно да го гаси копчето, или да гледа слики со сестра ми, па и тоа не е повеќе од неколку минути..
а како расне така ке си добива ограничување колку време може да седи на ком




zami -> RE: Кога и колку пред компјутер? (5.11.2009 15:02:49)

Mitko (5) pocnuva da bide zavisen od kom.
Igra demek sekoj vtor den po eden saat.
Sega pocnavme da vodime kalendar za da znaeme koj den sme igrale a koj trba da go skokneme.

Ama ITNO mi trba jaka finta za da go odviknam.




niki -> RE: Кога и колку пред компјутер? (13.11.2009 18:34:12)

Сметам дека на 3, 4 или 5 години е сеуште рано да користат компјутер. Иако ми е компјутерот во дневна и го гледа постојано, научена е дека тоа е за големи и дека таа незнае да го користи и несмее да го чепка. Понекогаш и пуштам цртани, ама само гледа и несмее ништо да пипка. За нова година ќе и купиме детска играчка компјутер, на која ќе може да учи зборови, броеви, песнички и да игра некои игрички и толку доволно е. Вистински компјутер веројатно кога ќе почне да оди на училиште, порано не гледам потреба за тоа. Многу сум конзервативна по тоа прашање и сигурно ќе има ограничен интернет пристап, се додека не научи да разликува што е добро а што не. Мислам дека има многу покорисни работи кои може да ги прави иако е компјутерот нужно зло на денешницата и подоцна да почне да го користи нема многу да задоцни.




Julie1 -> RE: Кога и колку пред компјутер? (13.11.2009 18:44:44)

Потполно се согласувам со твојот коментар Ники. Па кога може основачот на Мајкрософт да им ограничи користење на компјутер на децата, зашто ние да се лажеме дека дечињата треба од мали да учат пред компјутер и да се радуваме колку се итри се знаат да работат на компјутер. Жално е кога ќе чујам како мајка се фали дека нејзиното 3 годишно дете повеќе знае да работи на компјутер од неа. Мислам дека се си има свое време. Па цел живот ќе бидат со компјутер, детството онакво вистинско нема да им се врати. А од аспект на здравје и безбедност од достап на секакви содржини да не зборуваме. Сепак сметам дека се родителите тие кои можат да влијаат во воспитување на детето и во поглед на компјутерот.




Боцко -> RE: Кога и колку пред компјутер? (13.11.2009 22:26:26)

многу интересна тема.
стефан седи на компјутер и знае да работи на него. ама, навистина знае. се разбира, не повеќе од мене (за сега) :-). гледам дека тоа и го интересира, но почнав да му ограничувам на најмногу 2 часа во тек на цел ден (од саајле до вечер) поради очите. нашиот компјутер автоматски се подесува и по тие 2 часа може да се логира утре. арно ама, ми ја пробил мојата лозинка кога сум ја куцал. и сега повторно менувам. со комјпутерот на 2.5 години научи да пишува и чита и латиница и кирилица (преку игра, со игрите на логи). не велам дека не е рано, но никој не го тера, туку самиот покажува интерес. немам намера да го форсирам. и онака кај него не пали. си има тој свое време за се.
мое гледиште е дека овие генерации се сосем различни зашто и светот е денес таков. многу работи добиваат здраво за готово за многу нема ни да знаат. н.пр. нема да знаат што е апарат со филм, плоча, цд, телефон со жица и бројчаник, стрипови. за џамлии и жмурки да не зборуваме. ама, тоа е нивното време и веројатно за нив ќе има своја убавина. јас на мојот прв компјутер сум чекал 11 години, на интернет 25. а тие се раѓаат и веднаш имаат интернет... :-)
и на крајот, кога нашите деца седат многу на компјутер тоа е страшно. а кога младиот марко чаласан со свои 7 години стана најмладиот мајкрософт сертифициран администратор и доби диплома лично од бил гејтс, тој е гениј. па како ли стигнал до таму, кога за еден таков испит воздрасен човек здраво се спрема 2-3 години?!




Mila na mama -> RE: Кога и колку пред компјутер? (13.11.2009 22:38:07)

Се согласувам со Боцко околу новото време и новите генерации. Не можеш да им забраниш ама можеш да го ограничиш и нормално слободното време да го исполниш со други активности за да не им биде досадно па паметот постојано да им биде во забавните игрици на компјутер. Здравје, планирам да поставам филтери за деца на компјутерот, ограничен пристап до содржини и нормално да ја научам да го доживува интернетот како реална средина со свои опасности. Скоро имав можност да наушам многу нешта околу он лајн грабливци, кражба на податоци и колку се децата лесна мета во вируелниот свет и верувајте се подзамислив сериозно.
Планирана стратегија ми е времето на компјутер Мила да го доживува како награда па здравје ќе видиме по некоја година колку ќе бидам успешна во поставувањето граници.




niki -> RE: Кога и колку пред компјутер? (14.11.2009 17:42:44)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

многу интересна тема.
стефан седи на компјутер и знае да работи на него. ама, навистина знае.



Со се останато што пишуваш се сложувам ама ова болдираново толку ми падна во очи па морав да искоментирам. Навистина дека знае се сомневам, во заблуда си. Тоа што ги научил буквите на три години и чита, штрака на тастатура и управува со курсорот дали е вистинско знаење? Дали во случај кога ќе се појави некоја порака на екранот ќе знае како правилно да постапи или занесен во штракањето ќе притисне нешто и ќе ти избрише некои важни документи или некој програм или да ти зезне нешто во системот? Поради тоа сметам дека не треба да им се дозволува бидејќи кога штетата ќе биде направена нема назад, а неможеш детето да го набедуваш.
Дека ќе ги заштитиме од зрачење не ги заштитуваме, бидејки компјутерите ни се дома дали се на пола метар од нив или на два метри зрачењето е тука. На три години од несоодветни содржини не се плашам и да видат и да претпоставиме дека ке прочитаат пак кај нас ќе дојдат да им го појасниме виденото и прочитаното. Паметни се тие нашите деца, ама сепак и нивните сознанија се ограничени, да бидеме реални не сме изродиле ние некои невидени генијалци кои од раѓање разбираат баш се што ќе видат и чујат.
А за учењето, букви и бројки може да научи и ако седнеш со него и на лист хартија му ги пишуваш, ако му ја пушташ да ја гледа Бушава Азбука или со оние коцки сложувалки ги има најразлични, а за сликовници и да не зборуваме колку им се купуваат, зар компјутер им треба за тоа.
Не велам дека нема да користат, ама не е лошо прво да научат сами да се облекуваат, да си ги врзуваат чевлите, да се хранат сами, да пијат млеко од чаша а не од цуцла, да заспиваат без цуцла лажливка, да одржуваат сами лична хигиена, да се качуваат и симнуваат по скали без придржување, да цртаат со дрвени и водени боички, да возат велосипед, да играат монопол, не лути се човече и сл. пред да ги пуштиме во светот на техниката.
Многу ме иритира кога детето и на три и четири години уште носи пелена и за еден куп работи за кои е способно да ги извршува самостојно сеуште ја бара помошта на родителите и зависи од нив, ама затоа пак  за компјутери е махер.




Enika -> RE: Кога и колку пред компјутер? (14.11.2009 17:50:10)

ja sum protiv ova sedenje na kompjuter...nema deca seuste ama iam bratuced od 5ipol god...i pregovara maliot za laptop da mu kupat ej...mislam deka kompjuyerive izmenija mn rab...kako sto vikate za nas e loso a ne za decata...porano nemashe kompjuteri nie ko mali sami si se snaogavme za igranje, so kukli, nadvor, po podrumi si praveve sekakvi zanimacii, kukicki, eheeeee...rabotshe detska fantazija..ama sea so kompjuterivr decava neznaat so e zmurka , lastik...i sl

loso mn loso ja bi sakala deteo moe od malo da dreme na kompjuter i da igra, kanter, dota ili wow!




Боцко -> RE: Кога и колку пред компјутер? (15.11.2009 22:29:38)

морам малку да се дообјаснам.
кога велам дека навистина знае, мислам согласно со неговата возраст, иако ретко е без надзор од возрасен.
еве отприлика вака: знае да си вклучи, да се најави со лозинка (има свое корисничко име токму за да се спречи губење на податоци) и да си пушти музика, слики, клипчиња со него во главна улога. знае да си вклучи youtube за да гледа супер ѕвезда (оние постарите кои ги немаме) или игрички со fifi, dino или noddy а богами и фарма. понекогаш ќе си откуца во word список на имиња на баби, дедовци, тетки, братучеди, учителки од градинка или другарчиња. на крај ќе си се исклучи.
се случило да избрише нешто. тогаш реакцијата е воспитна за да не се повтори. за среќа чувам backup на се што е важно, па брзо се си доаѓа на свое.
мојата улога е да создадам баланс помеѓу компјутер, цртање, песнички, излегување надвор, зоолошка, парк, игри со другарчиња и одење на гости едни кај други. уште помалку од една година па ќе оди на спорт и јазик. со rosetta stone почна да кажува по некој збор на германски бидејќи јас се трудам да го усовршам моето знаење а тој ме дружи.
треба да бидеме реални. за жал компјутерите и мобилните станаа се, иако сеуште не ни е јасно (целиот живот ни е во едно кутивче, да не речам една картичка): телевизор, весник, пријател и рамо за плачење (форуми), потсетник, радио, музички систем, видео плеер, шопинг центар, играчка...уште да мие садови и ручек да спрема (а ќе биде и тоа). ова го велам зашто гледам малку подалеку и има нешто што ме плаши: денешниве деца кога ќе пораснат светот ќе биде толку различен што ако не ги следиме помеѓу нас и нив ќе се создаде генерациски јаз многу поголем од оној помеѓу нас и нашите родители. но тоа е веќе друга тема...




Еца -> RE: Кога и колку пред компјутер? (25.11.2009 0:48:09)

Каква иднина ќе имаат децата најмногу зависи од тоа како ќе ги подготвиме за неа. Ако сте согласни со мене дека само знаењата и вештините ќе бидат нивната најсилна “врска“ за пробивање низ животот, тогаш сте на одличен пат. Како што веќе реков, учењето не е лесен процес и трае цел живот. [image]http://www.alexandria.com.mk/assets/images/predmetiImgColor.gif[/image]  Кога да се почне со учење?
Едно од многуте прашања кои родителите ги поставуваат е кога да се почне со учење и што да се учи. Познавам доста родители кои имаат став дека 3, 4 или 5 години е прерана возраст за учење, особено кога се компјутерите во прашање, што е апсолутно неточно. Денешните деца уште од првиот ден на раѓањето се опкружени со технологијата. Компјутерите, мобилните телефони, интернетот не се повеќе работа на престиж или статусен симбол туку начин на живот. Затоа, денес на децата им е толку нормално да седнат на компјутер и притоа да не чувствуваат страв од непознато, како што тоа е случај со возрасните кои во целата оваа ситуација се наоѓаат затекнати. По способноста за учење, сферата на интерес, желбата за игра и забава децата се исти без оглед на тоа од кој дел на планетата се наоѓаат. Веројатно на сите Вас Ви е добро позната изреката дека децата учат од мали нозе. Всушност, децата учат од првиот ден кога ќе дојдат на овој свет. [image]http://www.alexandria.com.mk/assets/images/predmetiImgColor.gif[/image]  Светот во кој живееме
Светот во кој живееме веќе целосно е зависен од техноло - гијата. Дури и денес, повеќе од 90% од работни места се поврзани со софистицирани познавања од работа на компјутер. Од друга страна, експлозивниот развој на техно - логијата и уште повеќе интернетот, придонесе англискиот јазик да стане универзален јазик на комуникација.

Пишува: Александар Марјановиќ, директор на Едукативниот Центар Александрија




profesorica -> RE: Кога и колку пред компјутер? (16.12.2009 10:15:16)

Premnogu dobri ne{ta mo`e da se lo{i zatoa nikoga{ ne mu dozvoluvajte na deteto predolgo da sedi na kompjuter.No nema ni{to lo{o vo toa sekojdnevno po 15 minuti da odvojuvate za poseta na negovite mileni sajtovi.a za vikend mo`ebi malku podolgo kako specijalen podarok




mother 29 -> RE: Кога и колку пред компјутер? (23.12.2009 13:37:26)

Марко почна по околу саат време да седи пред комјутер и после со плачки го тргам...што да се прави???????????го гасев мониторот и нема слика ,демек се расипал..ама гаволче едно ..свати и сега си го уклучува сам....ејјј на две години,каде отиде светот,ние на две години ,не знаевме што е компјутер,а тие????????///////




mami -> RE: Кога и колку пред компјутер? (23.12.2009 15:02:17)

хехехех на две години- Лука сега знае да дојде и штрака да му се уклучи компјутерот, па фаќа од позади каде што се пушта мониторот и седнува и покажува накај него- демек да му се пушти Супер ѕвезда[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Еца -> RE: Кога и колку пред компјутер? (27.12.2009 21:47:03)

Гледајќи во компјутерскиот екран очите секогаш реагираат на светлите и темните точки. Очите трошат повеќе фотосензитивен пигмент кој е потребен за видот. А за него треба А витамин.

Кога работиме на компјутер, нашите очи секогаш реагираат на светли и темни точки кои се појавуваат на екранот, пишува полскиот медицински часопис ZDROWIE. Ако се тие визуелни сигнали силни, очите трошат повеќе родопсин, фотосензитивен пигмент кој е потребен за видот.

Витаминот А игра важна улога во производството родоспин. Луѓето кои би требало да го смалат внесот на маснотии и холестерол можат да јадат храна во која има застапено повеќе бета-каротен, работи кои со помош на сончевата светлина се пертвараат во витамин А.

Бета-каротенот е застапен во жолт, портокалов, црвен и зелен зеленчук и во овошје како што се праските, сушените сливи, диња, лубеница и манго.




profesorica -> RE: Кога и колку пред компјутер? (28.12.2009 8:38:43)

дамјан деновиве откако се загледа трактор том многу гледа, и кога ќе му исклучиш се претвара во глумец и вреска.морам некако да го решам ова.со мм разговаравме ќе правиме пауза нема секој ден да му пуштаме том за да подзаборави.




caci20 -> RE: Кога и колку пред компјутер? (28.12.2009 8:41:03)

Nie go resivme toa sedenje na kompjuter. Mu kupivme detsko laptopce so igri i muzika i sega si znae deka smee samo na negovoto da igra. Si pusta muzika i zaboravi na nasiot laptop. Inaku samo gledase crtani.




profesorica -> RE: Кога и колку пред компјутер? (28.12.2009 8:42:55)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] од кад еи колку пари цаци брзо кажувај???




mami -> RE: Кога и колку пред компјутер? (28.12.2009 8:44:18)

Лука во последно време гледа Супер ѕвезда, едно цд со компилација од песни од 2005 до 2009 и по цел ден тоа врти, ама сме договорени- кога гледа тогаш седнува на кревет- што е прилично одалечен од комп, ама пошто имаме голем монитор испаѓа ко телевизија да гледа..или ке си седне кај играчките и така гелда, а знае дека ако седи предмногу блиску дека ке му ги исклучам..сеуште е мал за толку време да поминува директно пред компјутер




mami -> RE: Кога и колку пред компјутер? (28.12.2009 8:45:47)

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] од кад еи колку пари цаци брзо кажувај???


Имаш такви во Аријано, на пластичарската, во Беверли таа за играчки. а цените им се различни имаш од кај 2000 па нагоре




caci20 -> RE: Кога и колку пред компјутер? (28.12.2009 8:46:13)

Gi ima vo edna prodavnica na Maksim Gorki do toa Chicco. Se kacuvas po skalicki. Ima razlicni. Mislam deka se nad 700-800 den. Nasiot e kao da uci angliski niz muzika i igra.




caci20 -> RE: Кога и колку пред компјутер? (28.12.2009 8:47:04)

Vo ovaa prodavnicka ima dobri igracki po pristojni ceni. Stalno od pamu kupuvame.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>