niki -> RE: Кога и колку пред компјутер? (15.2.2010 10:00:00)
|
Ќерка ми од наша пријателка доби детски лап топ, пред ние да успееме да и купиме, а планиравме за нова година. И што се случи? Како и секое чудо за три дена меракот помина. Воодушевувањето беше преголемо, насекаде го влечкаше, дури и спиеше со него, но само во првите три дена. Инаку компјутерот е прекрасен ја има грчката азбука во пишана форма и со изговор, потоа зборови исто така напишани, изговор и слика, броеви, песнички, можност за компонирање мелодија и нејзино преслушување, игри, собирање и одземање. Но, таа нема интерес да седи и да ги истражува можностите на компјутерот, барем не сеуште. Може да пројави интерес но под услов јас да сум покрај неа и заедно со неа да си играм. Овој нашиов не и давам сеуште да го користи, иако и за него пројавува интерес понекогаш, но пак тоа го поврзувам со моето седење на него и можноста така да нешто работи заедно со мене, а не од вистински интерес за учење и запознавање на техникава. Таа исто како за компјутерот, пројавува интерес и за еден куп други работи кои ме гледа дека ги работам по дома, но ако сите тие активности јас ги прескокнам таа самоиницијативно не ги прави. Што значи, што помалку сум јас на компјутер, пред ТВ и сл. и таа помалку се интересира. Не сум безгрешна и ТВ и цртаните ги користам за да испозавршам обврски непречено од неа или на кратко да го најдам својот социјален мир, бидејќи друга можност за тоа немам, но се трудам да биде во што помала мера.
|
|
|
|