Боцко -> RE: Кога и колку пред компјутер? (15.11.2009 22:29:38)
|
морам малку да се дообјаснам. кога велам дека навистина знае, мислам согласно со неговата возраст, иако ретко е без надзор од возрасен. еве отприлика вака: знае да си вклучи, да се најави со лозинка (има свое корисничко име токму за да се спречи губење на податоци) и да си пушти музика, слики, клипчиња со него во главна улога. знае да си вклучи youtube за да гледа супер ѕвезда (оние постарите кои ги немаме) или игрички со fifi, dino или noddy а богами и фарма. понекогаш ќе си откуца во word список на имиња на баби, дедовци, тетки, братучеди, учителки од градинка или другарчиња. на крај ќе си се исклучи. се случило да избрише нешто. тогаш реакцијата е воспитна за да не се повтори. за среќа чувам backup на се што е важно, па брзо се си доаѓа на свое. мојата улога е да создадам баланс помеѓу компјутер, цртање, песнички, излегување надвор, зоолошка, парк, игри со другарчиња и одење на гости едни кај други. уште помалку од една година па ќе оди на спорт и јазик. со rosetta stone почна да кажува по некој збор на германски бидејќи јас се трудам да го усовршам моето знаење а тој ме дружи. треба да бидеме реални. за жал компјутерите и мобилните станаа се, иако сеуште не ни е јасно (целиот живот ни е во едно кутивче, да не речам една картичка): телевизор, весник, пријател и рамо за плачење (форуми), потсетник, радио, музички систем, видео плеер, шопинг центар, играчка...уште да мие садови и ручек да спрема (а ќе биде и тоа). ова го велам зашто гледам малку подалеку и има нешто што ме плаши: денешниве деца кога ќе пораснат светот ќе биде толку различен што ако не ги следиме помеѓу нас и нив ќе се создаде генерациски јаз многу поголем од оној помеѓу нас и нашите родители. но тоа е веќе друга тема...
|
|
|
|