|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
27.11.2012 21:17:03   
niki
mislam deka previduvate edna rabota
decata vo grupite vo gradinka ne se site na ista vozrast,
vtora rabota e deka ne se site ist pol i veke posle 3-4 godini vozrast momcinjata se mnogu posilni fizicki od devojcinjata
koga se zakacaat ne biraat kogo zakacaat
gledam i na kerkite im sovetuvate da se branat, potocno da vratat
no me interesira kako zamisluvate da se odbrani devojce od momce godina postaro, posilno, povisoko i povesto vo borenje?
i kako znaete deka ke zavrsi na vrakanjeto, kako znaete deka drugoto nema da vrati na vratenoto?
taka nauceni da vrakaat sto ke se sluci koga ke trgnat vo prvo oddelenie koga ke izleguvaat na odmor?
kako togas ke se odbrani prvace od cetvrtoodelenec na primer?
nasilstvoto ne e resenie, ucete gi decata da bidat miroljubivi, da se druzat i da si pomagaat a ne da vojuvaat megu sebe


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
27.1.2013 17:44:58   
Pepelaska *
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR

Вчера бевме на роденден каде нормално имаше многу деца, поголеми, помали.Бидејќи прв пат одиме на тоа место ( ресторан) во кој имаше импровизирана игротека за децата ( кош, коњчиња, лизгалки и сл) на син ми не му беше познато а и не познаваше ни едно од децата додека се опушти ме бараше да седам со него, да ме има на видик.
Додека си играше поточно си возеше едно велосипедче, (мора да кажам не дека се фалам , ама никогаш не се задира прв, не зема ништо од никого , ) видов како едно дете помало од него му удри шамар го турна и му го зеде.
Мартин дојде кај мене и почна да плаче дека детето го удрило.Навистина не знаев како да реагирам.Никој не виде дека тоа дете го удри моето( нели сме во кафана и сите си тераат ќеф) .После тоа си се лизгаше за лизгалка , повторно му дојде друго дете го истегна за уши му ја турна и лизгалката и него.Пак почна да плаче и дојде кај мене да се жали,а на другото дете никој ништо не му кажа оти никој не виде повторно.Детето веднаш избега, кога ме виде мене.
Како реагирате вие во вакви ситуации? Моето дете е мало сеуште има 2 години и скоро 5 месеци.
Дали требаше да отидам и да им кажам на нивните мајки ? Дали треба да му кажам на син ми дека кога ќе го удрат да врати и тој или да му кажам да се пожали од децата кои така прават на соодветната личност ,мајка, учителка и сл?
Да напоменам јас не стоев до него цело време, туку си седев на страна колку само да ме има на видик, а секако дека некогаш ќе треба и сам да си игра со деца.Што тогаш ако некој го удри?

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Јас на детето би отипла да му кажам дека не треба да удира други деца и дека тоа не е културно.
Еве кај Филип во градинка има едно дете од кое сите родители се жалат. Се што прави дома Филип лошо - го научил од него. Плука, тепа, се пика под тепих... Ми вика „Мамо вака прави ...“. Прво не му верував, мислев дека зборува глупости. ама во градинка до сега со неколку родители сме разговарале и навистина било така. Пред некој ден мајката на едно девојче ми вика „Да те прашам, дали дома Филип го спомнува..., дали прави вака и вака“ и се што ми кажа беше истото Филип што го прави. После јас друга мајка прашав и таа истото ми го кажа.
Не знам дали да ја прашам воспитувачката дали навистина детето е толку лошо. Ама не ми се допаѓа ова воопшто, во последно време многу лошо се однесува дома.




_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
10.6.2013 15:51:36   
mama78
Zdravo ringerajki
Vo posledno vreme se soocuvam so eden problem so komsiite. ima edno mnogu zadrgaze dete i non stop se zadeva a negovite cela familija se raspravaat so ostanatite vo maaloto. Em se vinovni em sucat mustaki. Nivnoto dete ima 6g a moeto 11g . Kolku i da go trgam moeto nastrana da ne igra so nego toa samo idi i mu pravi samo sopki vo sekoja igra i site deca placat od nego. Voopsto ne sakam da se karam za deca ama tie idat kaj nas i si baraat raspravija. Stvarno ne znam sto da se pravi. Da ne si raat duri i vo sopstveniot dvor. Ako go izbegavaat decava tie idat i se karaat zosto nikoj ne igra so nego. Teska situacija zosto se mesaat i vozrasnite. Dali ima nekoj vakvi problemi.....
PISETE!!!

_____________________________

Always look on the bright sight of life :)

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
10.6.2013 16:02:48   
vezilka RR
Па еднаш убаво поразговарај со родителите и објасни им дека или треба да обрнат повеќе внимание на тоа што прави нивното дете или нека не доаѓаат отпосле за расправии.. Впрочем твоето е поголемо и објасни му едноставно да го избегнува детево за да не доаѓа до расправии.

(Одговор на членот mama78)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
27.8.2013 13:56:35   
Bethany
Едно е ситуацијата во градинка, каде се мали деца, другачии се околности, и тогаш највероватно би го советувала да и каже на учителката/воспитувачката, или лично јас би реагирала кај неа...
Инаку, со став сум дека детето треба да знае да се одбрани (ама не и да се одмаздува), посебно понатаму во школските денови, не да биде насилник, ниту да се тепа, ама да се одбрани во случајот кога сам мора да реагира - да!

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
29.8.2013 2:01:22   
Snowhite RR
Јас го советувам ако некој го удри да ми каже мене или за во градинка да им каже на учителките, дека удирањето, тепањето не е добро и не треба тоа да го прави, макар што тој си го практикува и ако некое дете му врати и дојде кај мене да ми се пожали, ич не го галам, му кажувам дека го удриле затоа што и тој не е мирен, зашто и тој мава

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
4.10.2013 9:25:31   
Felly RR
Мамички, јас си имам многу голем проблем на оваа тема. М не е дете што се тепа, дури и некој од раце да и грабне играчка, нема никако да изреагира. А во градинка нон стоп кажува дека некое дете ја удрило т.е. се некој ја тепа user posted image Еден ден кога спиеле со бокс в око ја удрил некој, друг ден па некој друг ја удрил... А што е уште полошо, баш со тоа девојче што најмногу си игра, и за неа цело време кажува дека ја тепа. И реков - па немој да си играш со неа. Кажи кога ме тепаш, ти сум скарана и не сакам да си играм со тебе. Исто и велам ако некој те тепа, кажи и на учителката. Ама некогаш кога спијат учителката не е тука. Почнав веќе и да ја советувам, ако те тепа некој да му вратиш, оти гледам дека со поинаку нема никаков ефект, и пак исто се случува. Ама, знаете што ми рече - Па не сме таму појдени за да се тепаме. Е па како, велам, другите деца цело време се тепаат. -Па, јас - вели - не сакам да бидам лоша. Е па велам ти од што не сакам да бидиш лоша, па само тебе ќе те тепаат.
И веќе стварно не знам каков совет да и дадам.user posted image Вчера и кажав и на една од учителките дека се жали оти другите деца ја тепаат. Таа ми вели - многу е нежна.user posted image
Дајте некој совет, оти веќе не знам што да и речам и како да реагирам кога ќе ми каже дека некој ја тепал.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
4.10.2013 9:35:27   
Mihaela 2010
znaci ako e deteto nezno ajde site da go istepaat...bog da cuva ,se uste nemozam da sfatam kako moze eden prosveten rabotnik taka da se izrazi...pa i moeto dete e nezno i sitnicko pa sega treba site da ja tepaat i maltretiraat vo gradinka??i sto ako e takvo da prodolzat i u skolo koga ke trgnat...ej svasta
jas mislam da razgovaras so roditelot na toa devojce,neka porabotat malku doma na toa pole,ako nema efekt togas pravac kaj direktor

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
4.10.2013 9:42:59   
miana
Ние имавме ваков проблем,сличен. Кај керками во групата едно дете ги млатеше сите деца.. Ке ми дојде со шкртана блуза,со искинато џемперче,изгребана..И само се жали дека и удрил шамар,дека ја клоцнал и сл. Многу пати се пожалив,учителките зборуваа и со мајкаму ,а одговорот нејзини беше - што сакате правете му,јас неможам веке. ( мисллам дека случкава веке ја имам пишано )
Јас керками ја посоветував - Колку што можеш,вракај!! Кога ке те плесне,плесни го и ти и оди кај учителката.Немој да му стоиш...Детето ми се промени ,сега на сите враќа,па дури и на сестричка и мала user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
4.10.2013 9:49:32   
Felly RR
Ама не е само тоа девојче Михаела, туку и за други деца кажува, само зборот ми беше - ем си игра со неа, ем ја тепа user posted image Миана, и јас пишав дека веќе сменив тактика, и јас и велам да враќа. Прва да почнува НЕ, ама ако некој ја удри да му врати. АМа на тоа ми вели - не сакам да бидам лоша/ не сакам да се тепам / па тетка Х мене ќе ме тепа

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
4.10.2013 9:54:27   
Tanjat7880
Dobro sega moeto e mahko I jas go ucev da ne napagja I netepa I se po red I se slucuvashe od gradinka da dojde natepan se do onoj moment koga mi pokazaa dve-tri tehniki za samozashtita koi nie doma gi vezbavme I so koi znaeshe da spreci udar I da se odbrani a sepak da ne napadne,eve I vo shkolo istata taktika ja ima,zakackovcite gledaat deka nema efekt nego da go zakacaat I se lepat na drug,pak ke kazam moeto e mashko,dvizenjata se od nekoja borecka veshtina,mnogu mu beshe interesno dur doma gi vezbavme,jas ke go napadnam on ke me blokira,no da imam kerka istoto ke go napravam!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
4.10.2013 9:58:03   
Mihaela 2010
Lani M bese izgrizana od edno devojce,vi pisuvav tuka mislam ,jas utre denta so dete pravo kaj upravitelkata,koj aostana sokirana...posle taa slucka majka ta na deteto bese povikana na razgovor,pa pratena kaj pedagogot mislam i fala mu na boga posle taa slucka vekje nemase nikakvi problemi...M znae da mi kaze:mamo Jovana me udri,i vikam ti sto napravi?nisto vika si otidov so drugite decinja da si igram..ne ja ucam seuste da vrakja,tuku da gi kazuva na ucitelkite tie sto ke ja zakacaat...a i dosta komuniciram so drugive majka i sto po FB sto vaka vo zivo ,pa i decinjava gore dole i nadvor od gradinka se druzat ,taka da mislam deka vo nasava grupa i na nekoj nacin si se cuvaat..
sepak neprijatna situacija Felly,ama jas sepak bi odela do direktorot

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
4.10.2013 10:39:30   
sandriana RR
Ситуацијата на Фели се случува и кај нас, иако сме помали (во групата се деца на возраст од 2-2,5 год.). Има неколку дечиња кои се потемпераментини и ги задеваат другиве. Учителкиве кажуваат дека Т не се брани ако ја удри или искубе некое дете, туку веднаш оди кај нив и им се жали. Дури и самата воспитувачка, пред мене, и рече следниот пат да му врати на детето што ја задева.
Дома секогаш сум ја советувам да не се тепа, ако ја задеваат сама да им каже дека тоа не е убаво однесување , ама во последно време и давам поддршка за да се одбрани физички. Што е симптоматично, она што го гледа во градинка - удирање, кубење - го повторува дома (врз мене и татко и). а таму не сака да се брани. И таа вели - не се тепам, јас сум умна user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
4.10.2013 11:34:03   
vezilka RR
Јас сеуште немам цврсто утврден став по ова прашање. Во недоумица сум дали детево може да направи разлика што е тепање во самоодбрана или тепање ако некој не му ја даде играчката што ја сакал. И затоа сеуште не сум го советувала, да тепа ако го тепаат. И плус не знам што се случува во градинка, Никола не раскажува скоро ништо, освен неколку оскудни неповрзани детали. Можам да видам само кога имало физички последици, како еднаш кога беше гризнат. Тогаш и самите учителки ми кажаа дека се спречкале за некоја играчка и дека другото дете го гризнало, и дека било прекорено. Како и да е јас сеуште го советувам да не си игра со тие деца кои го закачаат и да им каже на учителките.

Felly, јас не би се помирила со одговорот дека е нежна, би и кажала на учителката, што таа предлага, бидејќи е нежна да ја испишеш, или? И би и кажала доколку таа нема предлог, или идеја како ќе се реши, дека сакаш заедно да одите кај директорката за да најдете решение.

Кога јас бев мала, и јас бев во тие „нежните“ кои честопати се мета на другите деца. Кога моите ме советуваа да враќам, и јас не сакав, едноставно не сакав. Потоа ме советуваа, да ги игнорирам потполно, воопшто да не им правам муабет, и така ним нема да им биде интересно да ме закачаат. И јас тоа го правев, и ми успеваше. Кога другите ќе го примат тој цврст став на незаинтересираност, ја губат самодовербата.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
4.10.2013 12:16:20   
Felly RR
Vezilke, ај да ги игнорира, и јас пишав некогаш и велам да не си игра со тие што ја тепаат. Ама често се случува дури спие, некој со бокс да ја разбуди - ко што пишав погоре. Е тогаш, ем удрена, ем разбудена. И што да ја советувам во таков случај??? И тоа на воспитачката и го спомнав, а таа вели - вистина е, има деца кои не спијат и ги разбудуваат другите, и дека разговарала со родителите на тие деца. А сигурно во тие моменти таа не седи во занимална. АКо седи, нема да се тепаат и разбудуваат едни со други. А кога М не е наспана, дома е многу нервозна. Мм вели да ја земаме пред спиење, па да спие дома. Ама и тоа не е решение, некогаш ќе има денови кога ќе нема кој да ја чува.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
4.10.2013 12:24:54   
vezilka RR
Е како тоа разговарале со родителите, па родителите не се во тој момент во градинка па да им речат на децата да спијат. Ете повторно излегува проблемот со децата кои не сакаат да спијат а на сила се терани да спијат. Тоа мора да се измени. А ти прашај ја кое дете ја удрило додека спиела, таа бидејќи нема да знае, оти не била во училница, ќе треба или да измисли или да признае. Јас мислам дека тие не би требало да не се во училница во тоа време. И за тоа треба да се поведе иницијатива со директорката.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
23.9.2014 8:44:55   
Mila mamicka
Општо, сум против секаков вид на насилство. Син ми, кој сега има 2г и 5 м, е многу мирно дете. Кога пред година дена можеби, се најде во ситуација да биде удрен, тој само се повлече, и се чудеше што е работата. Јас оттогаш па наваму, во секоја прилика му кажувам дека не треба да се тепа и да удира, и дека сите проблеми со другарчињата треба да ги решава мирно. Не знам колку ми го разбира муабетот, ама сепак го повторувам често. И така до пред некое време, кога мм почна да се нервира затоа што син ми, било кој да го удри, си стои или се повлекува. Па така, мм почна да го советува, доколку некој го удри да врати, а во никој случај да не започнува прв. Сепак, детето не си е такво, и покрај советите на мм, не враќа кога ќе го удрат. Додека се учат со татко му дома, нему знае да му врати, а на другите деца не. Сега почна да оди во градинка, па ќе видиме дали ќе остане така или нешто ќе се смени.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
23.9.2014 9:54:06   
Mihaela 2010
Koga decata se mali, kolku i da im zboruvame deka ne trebaat da se tepaat i karaat i na miren nacin da resat sigurno deka nema da sfatat sto im se kazuva...na taa vozrast najlesno im e da se udiraat, no sepak ke kazam deka i domasnoto vospituvanje igea najgolema uloga kakvo ke bide deteto.
Kako sto pominuva vreme i kako sto si raste kerka mi bi sovetuvala od se po malku.fala bogu nee ni glupo ni povleceno pa da ja ucam na povlekuvanje koga gledam kakvi djambazi ima vo grupa- zboram konkretno za vo gradinka.a i samoto dete ne e takvo da se povlekuva.vo odnos na odbrana i odmazda ova odmazda zvuci malku grubo kako da e oko za oko, no ja sovetuvam vo ista mera da vrati normalno ako stanuva zbor za kavga okolu igracka i slicno, no ako e seriozna povreda ne daj boze e togas reakcijata ke bide upatena kon ucitelkata.

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
23.9.2014 10:04:00   
blue_blue
Јас никогаш, ама НИКОГАШ ВО НИТУ ЕДНА СИТУАЦИЈА не сум ги советувала да вратат назад со сила (удар, штипење, гризање, гребење, кубење) од проста причина што не гледам што ќе постигнат со тоа. Детето кое удира ќе продолжи да удира освен ако од дома не го научат поинаку, а со тоа врати назад само може некој (вкучувајќи го и моето дете) да биде сериозно повреден. Ниту расправијата решена ниту децата среќни. Секој пат се обидувам да укажам на тоа и имам цврст став дека насилство со насилство не се решава. Денес ќе биде еден удар од дете, утре ќе биде бокс задутре ќе биде нож. Зарем кога детето ќе е поголемо и некој ќе го тресне со бокс ќе го советувате и тоа да тресне со бокс и да си скржат глави, носеви...Јас секогаш кажувам дека без разлика дали ги удриле како реакција на нивното однесување (на пример од рака му зеле играчка на дете па ова се изнервирало и ги удрило) или пак како реакција на тоа дека детето не знае друг начин оти дома го учат да удира, дека они две не смеат да удираат, туку да му кажат со строг глас дека тоа не е убаво, дека нема да си играат со тепачи, дека возраси кои удираат одат во затвор и да се тргнат на страна. Своите работи да не ги даваат ако не сакаат но ако има некој што насилно сака да им ја земе нек му ја дадат и нек му кажат дека се попаметни дека немаат намера за едан играчка да завршат со скршена глава и дека со удирање ништо не се постигнува. До сега немам впечаток дека се тепани, но исто така и не тепаат. Знаат да искубат, да изгребат и некогаш иштпап и секогаш ја добиваат истата прича - дека тоа не е во ред, дека не смеат да го прават и дека така ништо не решаваат а може да завршат со дупната глава и скршен нос.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
12.1.2015 10:07:24   
mommy_angels RR
Детево ми е навистина мирољубиво.Таа е темперамент невиден,арно ама поправо би ги чувала помалите деца и се што е најзина играчка дели со сите,отколку да ги тепа.Е сега видов кај нејзе реакција што воопшто не ми се допаѓа и пробувам на секој можен начин да ја искоренам.Кога некој ќе ја удри или искубе (а тоа често и се случува дека на дечињата им е интересна нејзината лудо кадрава коса) , таа ниту се брани ,ниту вика,ниту кажува туку се повлекува во себе и плаче без глас.Ако ме види мене или татко и се гушка со нас ,а ако не седи така преплашена.Ова го приметивме многу пати во игротека или во игра со други блиски дечиња.Ова верувале или не ме боли ужасно.И ама баш најискрено,повеќе би сакала детето да се брани отколку да биде жртва.Може дека во наша околина никој никого не тепа и за нејзе тоа е непозната реакција,па не може да разбере зошто кога таа убаво си игра со детенцето,тоа да ја малтретира??? Како и да е во последно време со мм постојано и зборуваме дека ако некој ја удри ,таа да се брани.Е сега ова е 100 % меч со две острици,зашто откако ќе разбере дека вака подобро и доаѓа ,ќе почне да се тепа и прва,па ќе имаме расправии и за тоа.Ама сега би била пресреќна кога ќе ја видам да се одбрани сама.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
12.1.2015 10:15:42   
LoveableMe RR
Ниедно дете нема да стане насилно ако знае да се брани, тоа е добро школо и за во иднина и за цел живот, така што дома јас со неа би повежбала одбрана да ја удриш онака малку кколку да и покажеш и да ја натераш да ти врати, па да и објасниш до која мера се прави тоа и само кога некој ја напаѓа, а не постојано да го прави тоа како другите и да напаѓа туку-така.

Очигледно децата што се агресивни и ја напаѓаат неа имаат домашни проблеми, но ти не можеш да ги решиш затоа научи ја да се брани. А мислам дека е доволно паметна и бистра и ќе сфати кога треба да се одбрани....

Ако не ја научиш сега, цел живот после може да и останат последици и да ја шуткаат ваму-таму. Агресија НЕ, но одбрана ДА!!!

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
12.1.2015 10:29:09   
mommy_angels RR
Ете така, баш кон тоа се стремиме,да се научи да го одбрани своето ,па макар понекогаш и да се употреби сила ,ако е потребно.Како и што веќе кажав погоре,нема да воспитувам дете -жртва,ќе се потрудам да стане борец за сопствените права и потреби.
Малку во ситуацијава ме плаши тоа што кога удира ,навистина здоболува дури и возрасен човек,а не детенце мало,ама секој по своите заслуги.user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
12.1.2015 10:38:20   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

....Малку во ситуацијава ме плаши тоа што кога удира ,навистина здоболува дури и возрасен човек,а не детенце мало,ама секој по своите заслуги.user posted image


Јас со исто такво раче убаво средив едно другарче кое ме закачаше во градинка и потоа до крај на школување се однесуваше со мене нај -најuser posted image user posted image


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
12.1.2015 15:32:53   
Hopeful RR
Ќе видам допрва што ме чека, здравје, но сега за сега можам да зборам за себе, односно како ме воспитуваа моите како мала.

Иако уште од мала бев повисока од сите други деца, често и долго време бев предмет на силеџиство, класичен bullying, од кој долго време носев трауми. Никогаш не враќав, никогаш не се карав и нормално, не почнував конфликт, едноставно не сум таков човек, отсекогаш сум била интроверт. Притоа, дома не ни кажував за ваквите ситуации!

Ова се случуваше се додека татко ми не виде како позади зграда ме кара едно девојче дупло помало од мене, а јас стојам како глупава и плачам. Ме седна и ми кажа дека во таки ситуации, морам да се бранам, односно никогаш да не почнувам јас прва, но ако некој ме нападне, да вратам без да дозволам да ескалира ситуацијата. Тоа толку добро и мирољубиво ми го објаснија моите, што од сегашна перспектива, сосема правилно го спроведував. Ако некој ми каже нешто и ме повреди, кажував и јас, или барем се трудев (никогаш не сум имала зла уста па да смислувам гадости, но ајде, бар ќе се потрудам да се одбранам), а ако некој тргне да ме тепа, одма станував и блокирав, со некои основни потези на кои ме научи татко ми.

Никогаш не повредив никого, но и не оставив простор да мислат дека можат да си играат играчки со мене, и фала богу, еве не станав насилник user posted image Дотолку повеќе што и денес знам да се заземам за себе во ситуација ако сум обесправена, и сметам дека е баш добро воспитување да се учи дете да не оди низ животот со наведната глава и да го влечат за нос, туку да се бори за себе. Моја девиза не е "наведната глава сабја не ја сече", туку конструктивен дијалог, па и конфликт, но со аргументи и без агресија.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Би советувале одбрана и одмазда или повле...
12.1.2015 23:59:46   
deluxe
Jas kerkata ja sovetuvam da se odbrani vo dadneni situacii .No taa e mnogu miroljubiva,duri I koga e vo pravo ne saka da kaze glasno,da se odbrani,sto vo mnogu situacii si go vlece podebeliot kraj...Mnogu me nervira toa ,za razlika od nea jas bev dete koe se stitese od napadi (verbalni,fizicki),znaev i da plesnam nekoj samar,ama ke si se odbranev.Imase pred nekoe vreme slucka na uciliste ,koga devoice od oddelenieto si gi izbrisalo racete so UFO lepak od bluzata na kerka miuser posted image I mojava normalno reakcija nikakva,nitu se razvikala nitu plesnala po racete....user posted image Iako sovetuvam da se odbrani,nejziniot karakter e takov sto taa ne znae da udri, da vika I SL...taa samo ke zaplace tivko bez glas I tolku...user posted image No ne se otkazuvam,mora da rabotam na nejzinata samodoverbauser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?