|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Најважни особини што треба да ги развиеме кај...
3.12.2009 13:48:20   
Saturn
Пред неколку месеци на ручек со мм му го поставив ова прашање: Кои особини се најважни за нашето дете, што најмногу сакаме да развиеме како особина кај детето преку воспитувањето?
Ако знаеме конкретно што сакаме да постигнеме преку насочување и воспитување веројатно полесно ќе дојдеме до вистинските методи и начини како да го направиме тоа.
Според мене најважно ми е кај моите деца да развијам позитивно размислување (позитивен став кон работите и проблемите, а не со „црњаци“ и лоши мисли) и самодоверба (не мислам овде на поголемо его и самобендисаност, туку на онаа здрава самодоверба).
Сигурно има и други работи, но еве според мене овие 2 работи најмногу би сакала да ги поседуваат моите деца.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Најважни особини што треба да ги развиеме...
3.12.2009 14:02:30   
Anushka
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image  така е Сатурн!
1. самосвесност
2. ум
3. добрина
4. храброст
5. воспитание
„ДОБРИТЕ РОДИТЕЛИ НА СВОЕТО ДЕТЕ ВО ЖИВОТОТ ТРЕБА ДА МУ ДАДАТ ДВЕ РАБОТИ: КОРЕЊА И КРИЛЈА“

(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Најважни особини што треба да ги развиеме...
3.12.2009 14:07:45   
Iva
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

„ДОБРИТЕ РОДИТЕЛИ НА СВОЕТО ДЕТЕ ВО ЖИВОТОТ ТРЕБА ДА МУ ДАДАТ ДВЕ РАБОТИ: КОРЕЊА И КРИЛЈА"


Ова многу ми се допаѓа.
Самодоверба, истрајност, храброст, воспитание, според мене.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Најважни особини што треба да ги развиеме...
3.12.2009 14:14:28   
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

„ДОБРИТЕ РОДИТЕЛИ НА СВОЕТО ДЕТЕ ВО ЖИВОТОТ ТРЕБА ДА МУ ДАДАТ ДВЕ РАБОТИ: КОРЕЊА И КРИЛЈА"


..многу добро кажано мислам дека ја опфаќа задачата на родителите во целост..user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Најважни особини што треба да ги развиеме...
2.1.2010 13:37:07   
ripce
Како да го развиеме самопочитувањето кај своето дете?

1. Пружете му безусловна љубов и почитување

Кога вашето дете ќе ве налути со своето однесување, обидете се да се воздржите од навредливи коментари. Доколку сте трпеливи и достоинствени, ќе успеете да го ограничите, а притоа да не ја нарушите неговата самодоверба.

2. Бидете му вистински другар кога сте заедно
Без оглед на тоа дали си играте, разговарате или вршите некоја од домашните работи, настојувајте со вашето дете да останете да иста "бранова должина". Дури и ако времето кое го поминувате заедно е ограничено, посветувајќи му целосно внимание, ќе направите комуникациската врска помеѓу вас да остане отворена, а вашето дете да се чувствува почитувано.

3. Прифатете го такво какво што е
Кога го подучувате на добро однесување, земате го во предвид фактот дека вашето дете е специфична личност - дека е зборливо, срамежливо... Не го принудувајте да го прави она што е во потполна спротивност со неговиот/нејзиниот каректер, зашто во тој случај ќе има впечаток дека нешто му/и' недостига. Вашиот позитивен пристап ќе го зајакне неговата/нејзината самодоверба и ќе го поттикне да биде по прилагодлив/а.

4. Дисциплинирајте го на примерен и доследен начин
Потрудете се точно да знае кои граници не смее да ги премине и да научи да превзема одговорност за она што го направило. Пред да го казните, секогаш дадете му шанса да го корегира своето однесување.

5. Кажете му што мислите за неговите постапки
Можеби вашето дете би сакало да биде сосема друга личност. Но тоа ќе почне да ја почитува својата индивидуалност ако му понудите објаснувања за неговите постапки и му ставите до знаење дека тие се главно исправни.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Најважни особини што треба да ги развиеме...
30.10.2015 16:27:51   
marchi
Јас мислам дека почитта спрема родителите е она првото на кое детето треба да се научи.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Најважни особини што треба да ги развиеме...
30.10.2015 19:57:07   
MamaKiki
добрите манири одат комплет сите заедно според мене, ништо посебноо не се издвојува

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 7
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?