Ешерихија коли (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Во очекување на детето



Порака


mami -> Ешерихија коли (27.5.2009 11:10:53)

Дали сте се соочиле со оваа бактерија за време на бременоста и како ја излечивте?Колку е штетна за плодот?




Sanja -> RE: Ешерихија коли (27.5.2009 12:14:28)

Во случај да се појави оваа бактерија, најкорисно е да се пие чај од брусница и тоа по можност над 80%, бидејки ги има во аптеките и со 20% ама не се толку ефикасни! За лекарства незнам, најверојатно треба да се консултира доктор!




Еца -> RE: Ешерихија коли (28.5.2009 9:39:49)

Трудницата не смее да пие толку концентриран чај од брусница.Нјдобар е 30 процентниот и по неколку чаши увин чај, подобро, отколку антибиотици, но во случај да не се повлекува, тогaш во консултација cо доктор ако е неопходно и антибиотик.Инаку е честа уринарна инфекција, која знае да се повлече.
"Досега се сметаше дека  киселината на овошниот сок на брусницата е заслужна за уништување на бактеријата Ешерихија коли од уринарниот тракт, но најновите истражувања покажаа нешто друго. Хемискиот состав на проантоцијанидин (PAC) ја  спречува бактеријата Ешерихија коли понатаму да се размножува."




Nikolina -> RE: Ешерихија коли (26.6.2009 12:52:40)

дечки пак јас само што ги зедов резултатите од брисевите и на двата пиши Ешерихија коли значи неможам повеќе со се пробав ама  ме предупредија дека оваа бактерија подолго време се лекува пиев антибиотик амосиклав и едни таблети од брусница пиев по кило ипол увин цај и по неколку чаши еден чај специјално за таа бактерија позната во народот како„коњско опавче“денес попладне кќе одам на гиниколог па најверојатно ќе ми дади Зинат таблети бидејќи мислам дека само тој ми одговара колку што успев да разберам,па незнам се мислам видов во Зегин има цај од Брусница 100% околу 300ден па незнам дали да купам,го прасав матичниот а тој ми вика дека подобро таблетите од брусница незнам што да правам.Кажете ве мозлам дали некој имал ваков проблем и колку е штетен за плодот?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]





Лала -> RE: Ешерихија коли (28.9.2009 9:31:07)

Прво морам да кажам една работа: Увин чај не е баш добра идеја за бремени жени.
Не знам дали бактеријата може да го оштети плодот, ама во секој случај треба да се исчисти пред забременувањето.
Еве еден корисен линк каде што може да се прочитаат многу информации за оваа досадна и упорна бактерија, а и совети во врска со употреба на чаевите:

http://eserihija.com

Поздрав




profesorica -> RE: Ешерихија коли (28.9.2009 9:38:12)

не сум имала ваква бактерија во бременоста но пиев многу увин чај баш по препорака на мојот гинеколог и ми делуваше добро на секретот.Лала дај кажи некоја информација плус за увиниот чај зошто не е погоден за бремена жена[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image].Баш ме интересира




Лала -> RE: Ешерихија коли (28.9.2009 10:17:56)

Profesorica,

Не знам точно какво е дејството, ама верува дека ако се зема во умерени количини, нема да има проблем. Штом си го земала по препорака на лекар, сигурно ти кажал колку често и во која доза. Големи количини Увин чај можат да предизвикаат контракции кај трудниците. Јас не сум голем познавач, ама на линкот http://eserihija.com/terapije.html има многу информации за употребата на чаевите.

Поздрав [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




kiki_riki -> RE: Ешерихија коли (28.9.2009 10:38:05)

nemav problem vo bremenosta ama kerka mi fati kako bebe, kolku se iznamaci dusickata, potoa mi kazaa da se somelat isuseni semki od dinja i od niv da se napravi caj, stvarno i pomogna




Лала -> RE: Ешерихија коли (28.9.2009 11:03:30)

Сум слушнала и за семките од диња, а и за други тревки. Луѓе, што да ви кажам, лекот е секаде околу нас, а ние сме се фатиле за антибиотиците како слеп за стап... А со нив едно лечиш - друго оштетуваш. Мојата пријателка имаше само уринарна инфекција, ја наполнија со антибиотици, вагиналната флора ја снема и инфекцијата се пренесе и таму. А не можам да сфатам како на еден лекар, кога препорачува антибиотик, не му е како „Оче наш“ да препорача и форсирање на јогурти (оние со разноразни култури внатре) и некои вагиналети... барем малку да се заштити организмот од несаканите придружни појави што ги има секој антибиотик. Мислам, пази, не сум против употребата на антибиотици, ама се знае кога и како, а не за секое нешто да се препишуваат...




ivche -> RE: Ешерихија коли (28.9.2009 11:54:27)


Еве како јас си поминав со ешерхија коли. ја имав додека бев бремена и матичната пошто не сакаше да ми препише антибиотик, ми даде една потврда да ја видат докторите кога ке се пораѓам. Арно ама кога се породив, се пораѓав по природен пат, бактеријата се пренесе на бебето и го отруја со антибиотици од прв ден. Од ‘ефикасните терапии‘ на нашиве специјалисти од доктори неможевме да ја откачиме уште 2 месеци, додека не најдовме една одлична педијатарка која ни препиша соодветна терапија, со антибиотик, само сега ич не ми текнува сто ни препиша. Мене ми исчезна без антибиотици, ама тоа зависи од организмот, пошто е досадна треба антибиотик и подобро да се прима за време на бременоста отколку да го гледате бебето како ви се мачи. Така да сите што имате проблем со оваа досадна бактерија, консултирајте се со повеќе доктори, сите разлицно си казуваат како да сме предмети а не луѓе.




Лала -> RE: Ешерихија коли (28.9.2009 13:00:35)

Лелеее, Ивче... Сироткото твое бебенце...
А за тоа докторите... има многу од нив што се неодговорни и незаитересирани... Ама стои една работа: медицината не е егзактна наука и се случува и врвни специјалисти и стручњаци да не се сложат... едноставно тоа е тоа.
Она што нам ни останува е упорно да бараме чаре.
Како е сега бебенцето?




ivche -> RE: Ешерихија коли (28.9.2009 13:21:27)

сега сме супер, кукличката Мартина се вика и има 1 год и 9 месеци.
само што и останаа малечки незабелезливи лузни на рачињата, од иглите, што ја боцкаа првите 5 дена




Лала -> RE: Ешерихија коли (28.9.2009 13:23:40)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] срцушка [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Значи, чиста уринокултура, мирни сте?




Saturn -> RE: Ешерихија коли (28.9.2009 15:19:42)

Јас (за среќа) не сум имала ешерихија коли во брисевите, но знам дека тоа е една доста упорна бактерија. Знае некогаш на брисот да покаже дека веќе ја нема и следниот пат пак да се појави. Знам дека најмногу ја препорачуваат брусницата (чај) или брусница како сушен плод. Има и некакви вагиналети на база на брусница, но тоа најдобро со гинеколог да се консултира. Една моја пријателка имаше ешерихија коли за време на бременост. Се породи природно и дел од бактеријата премина и кај детето. Веројатно е подобро да се оди на царски рез за детето да не  биде изложено на бактеријата. Не беше нешто страшно за животот на бебето (во смисла да остави некакви трајни последици или да биде фатално), но мораа да останат неколку недели во болница, бидејќи бебето беше третирано со антибиотици. Нормално, не е убаво уште како новороденче да се труе со антибиотици, и сигурно колку и да не е стражно е трауматско искуство за родителите, но понекогаш е потребно и така да се третираат малите срцушки [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image].




Весна -> RE: Ешерихија коли (28.9.2009 22:22:59)

Ааааа чек да ви кажам нешто!!!
Веќе си знаеме колакава паничарка сум станала [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image], па нели правев уринокултура зашто ме маваше параноја дека имам некое уринарно бактерииште (мислев на е.коли, зашто ја имав година дена пред да забременам). Е денес ги земавме резултатите на коишто пишуваше: „Уринокултурата е стерилна по инкубација од 24ч“ [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image]





mis. -> RE: Ешерихија коли (28.9.2009 22:24:02)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mother 29 -> RE: Ешерихија коли (17.11.2009 15:13:26)

Брусница - Изобилува со антиоксиданси, органски киселини, провитамин А( бета каротин), витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3), витамин Ц и многу други минерали (К, Ца, Мг). Содржи и многу фитоматерии и омега 3 масни киселини. Свежата брусница, сокот, замрзната или сушена е природен антибиотик кој ги уништува штетните бактери и габичните заболувања во телото. Биофлавонидите имаат посебно антибактериско дејство, така да брусницата може да спречи појава на инфекции на уринарниот тракт, (Е. Colli бактерија), исто така состојките на брусниацата делуваат и на уништувањето на Helicobacter pylori, која што е причинител на чир на желудник, го намалува ризикот од појава на болести на забите и забното месо. Состојките на брусницата го намалуваат ризикот од различни карциноми, како што е рак на дојката и дебелото црево, го спречува растот на ќелиите на ракот и неговото ширење. Плодовите на брусницата се доста ценети во храната кај луѓе изложени на стрес, делуваат како заштита кај кадиоваскуларните болести (срце и крвните садови).  





caci20 -> RE: Ешерихија коли (9.1.2010 22:04:13)

Jas imav eserihija koli duri bev bremena. Ja lecev so caj od brusnica i antibiotici soodvetni na mesecot na bremenost. Pred porogjaj ja nemav, ama ginekologot mi kaza deka pri porogjaj se prenesuva na deteto ako ja ima. Taa bakterija ako ednas ja zakacis sekogas ke ja imas. Pri mal pad na imunitetot pak se javuva.




Калина28 -> RE: Ешерихија коли (21.1.2010 12:15:31)

Имам ешерихија од дете.. Ја снема период па пак... со првата уринокултура во бременоста ми се појави ама немав симптоми никакви....пиев панцеф, па пиев сумамед - заради уреоплазма од брисеви, и сега ешерихија нема, има стрептококус аел... незнам точно...се изначудив...а два антибиотика пиев...ич несакам набрзо д а ги пијам, знае ли некој за оваа бактерија повеќе.... поздрав




Еца -> RE: Ешерихија коли (21.1.2010 12:22:31)

Калина стрептококуси има многу, види го точното име.




Enika -> RE: Ешерихија коли (21.1.2010 12:41:28)

ИЗВОРНА ПОРАКА: caci20

Jas imav eserihija koli duri bev bremena. Ja lecev so caj od brusnica i antibiotici soodvetni na mesecot na bremenost. Pred porogjaj ja nemav, ama ginekologot mi kaza deka pri porogjaj se prenesuva na deteto ako ja ima. Taa bakterija ako ednas ja zakacis sekogas ke ja imas. Pri mal pad na imunitetot pak se javuva.


очигледно мене ми се случи тоа...инаку ешарихија коли е дел од нормалбата флора на нашиот организам, ама при имунокомпримитирачки состојби се размножува енормно...еве јас пак се мачам со неа...пијам по литроипол увин чај и литро брусница...и ми препишаа 3 антибиотици, терапија од 20 дена [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Иначе не сум бремена ама страв ми е да не стане хронична [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Калина28 -> RE: Ешерихија коли (21.1.2010 13:22:16)

Еца стрептококус алфахемолитикус е бактеријата 75000 илјади [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] ми рекоа може да е од околина од кожа или слично, ако најдете пишете ... се надевам ке помине...




Enika -> RE: Ешерихија коли (21.1.2010 13:57:09)

А мојата мила ешарихија коли е раширена вака - на 1 милиграм=1 000 000 микроорганизми....милионче [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]






Enika -> RE: Ешерихија коли (21.1.2010 13:58:54)

Калина ти препишаа антибиотик? претпоставувам да...ама исто така мислам дека и чај од жалфија нема да ти шкоди...добар е за прочистување!!!




caci20 -> RE: Ешерихија коли (21.1.2010 14:01:19)

Би требало да се реши со антибиотик и чај од брусница . Не треба да се користат и средства за интимна нега. Многу е незгодна. Напаст жива,




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>