Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Променливо расположение во бременоста 7.12.2009 0:49:11
alex_mo
Ви се случило ли во бременоста да сте супер одлично расположени и за кратко време нешто или некој да ве растажи или расплаче,па повторно да го смените расположението. Хормони или карактер?
< Поракaта ја уредил Палешка -- 8.12.2009 0:52:15 >
RE: Променливо расположение во бременоста 7.12.2009 0:55:37
alex_mo
Веќе ви пишав дека деновиве сум настината и некако денес не сум баш расположена.Вечерва син ми се бањаше ,а јас го слушам мм во кујна како си мрмори дека денес имал напорен ден,да оди да купи нешто за ручек,дома нешто премесувавме и сл. и во истиот тој момент така се растажив и почнав да плачам.Доаѓа тој ,се чуди ,ме прашува што е ,а јас неможам да одговорам.Некако се совземав да не ме види син ми и као очите насолзени од настинката,а тој доаѓа среде соба и почнува да пее и игра гол.....Од срце се изнасмеав....знам дека за глупост ми беа солзите,ама е те така ми дојде.Се изгушкавме ,тие си легнаа ,а јас си се смеам на ситуацијава и ви ја пишувам.............Хормони.......
< Поракaта ја уредил Палешка -- 8.12.2009 0:52:29 >
RE: Променливо расположение во бременоста 7.12.2009 20:10:22
Snowhite RR
Мене често ми се случува во бременоста онака сама да помислам на нешто или на некого и така ме фаќа жал и почнувам да плачам, да липам на глас, а и сама не знам зошто. После кога ќе се смирам се смеам и се прашувам зошто плачев, хехе тоа е..хормони - да!
< Поракaта ја уредил Палешка -- 8.12.2009 0:52:47 >
RE: Променливо расположение во бременоста 7.12.2009 20:21:38
Mihaela
Јас сум во овој период многу живчана,како пред добивање,ама 10 пати повеќе и не ми се верува колку сум невозможна,а на моменти знам да се смеам за ништо,па да се расплачам.Мм неможе да поверува дека сум тоа јас
< Поракaта ја уредил Палешка -- 8.12.2009 0:54:07 >
RE: Променливо расположение во бременоста 7.12.2009 20:22:58
mami
ух..јас мислам дека он стоп менував..час бев екстра расположена а во следниот момент лута на сите..не верував дека хормоните может до толку да сменат некого
< Поракaта ја уредил Палешка -- 8.12.2009 0:53:24 >
RE: Променливо расположение во бременоста 7.12.2009 20:33:47
alex_mo
Другарка ми месец и повеќе пред да се породи ,а тоа беше на почеток на септември,ке ми раскажува за промената на расположението,а јас со недоверба ја слушав.Си викам чудно ,не ми беше така во првата бременост,ама сега ако ми е така сигурно нешто ми фали.И еве дојдов на нејзиниот муабет.На моменти неможам никого да трпам,а потоа си викам ,а како мене ме трпат?.....Навистина се ме нервира и што е најлошо ,лутката ме држи.Секоја чест на мм од кај го наоѓа ова разбирање за мене да бев јас незнам колку пати ке реагирав,а тој си се смее,знае дека по некое време и јас ке му се придружам....
< Поракaта ја уредил Палешка -- 8.12.2009 0:53:51 >
RE: Променливо расположение во бременоста 9.7.2010 14:26:27
jasmina 25
jas ionaka sum mnogu cuvstvitelna po priroda no od koga ostanav bremena uste poveke sum...mnogu sum nervozna se mi smeta i samo privikuvam gi zalam tie sto se okolu mene,ponekogas znam bez pricina da se rasplacam i toa se kako sto velite hormoni.....
RE: Променливо расположение во бременоста 25.4.2012 11:09:10
arh_diz
ИЗВОРНА ПОРАКА: meU87
Кои беа убавите промени физички, психички кои ви ги донесе бременоста. Кои се благодетите на бременоста, за вас???
За оваа тема бев поттикната од фактот што постојано нешто не ми чини од кога сум бремена. Се нервирам што се осеќам како балон, се нервирам што ништо не ме собира, рацете ми испукаа, како лишаи ми се појавија, зглобовите ме болат, на нозете ми се појавија капилари, по цел ден го преспивам, неможам да се движам слободно, се во тренерки и широка облека ми е смачено и сл...
Но, денес кога ја миев косата сфатив дека еднаш неделно ја мијам, за разлика од порано кога ја миев преку ден, сега не ми се мрси и покрај тоа што ми расцвета преку ноќ, сега ми е убава и права. Порано користев преса за да ја исправам, а сега нема потреба. Градите ми се зголемија, а одсекогаш сакав поголеми гради , е сега се гледат и на нив вени, но кога е деколте ов прашање вени нема, а изгледот е прекрасен Никој не ми замерува и не ме прави луда кога ќе кажам дека ми се јаде некое овошје или нешто за што уште не е дојдено време, туку бараат да ми најдат и донесат. Ова не дека сакам да се лигавам, туку навистина ми се пријадува од време на време чудни работи .... До крај ќе видиме што се ќе биде
Како е кај вас, кои се убавите, позитивните промени кои ви се случуваат???
RE: Променливо расположение во бременоста 25.4.2012 12:21:31
meU87
Па добро, ако во ПРОМЕНЛИВО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО БРЕМЕНОСТА спаѓа дел од моето мислење кое е преместено, тогаш да си наведам уште нешто што ми текна. Освен она што го забележав со косата, тоа што престана да ми се мрси(но брзо пука), друга позитивна работа која ја забележав е тоа што пред бременоста ми излегуваа акни на грбот, додека сега нема ни трага од нив. За сметка на ова пак сега имам на лицето, како прав пубертетлија сум
RE: Променливо расположение во бременоста 12.3.2013 8:44:36
Mihaela 2010
Jas pak nemav nekoi drasticni promeni vo bremenosta...vo raspolozenieto..dali deka si bev na patoloska,pa studirav,si idev na polaganja so koleskite na kafe mafe i taka do posledno si ucev nemav vreme da mislam na raspolozenieto
RE: Променливо расположение во бременоста 30.3.2013 20:43:35
idnata_mama
Мамички дали сте запознаени колку стресот, нервозите и лошите ситуации во кои се наоѓаме во текот на бременоста можат да вилјаат врз здравјето и развојот на бебето? Јас имам многу лош период и во бракот, во потесното семејство (болести, смрт, безизлезни ситуации) и постојано сум под стрес и никако неможам да се заштитам од нервози самата себе а и бебето! Како целокупното мое ментално здравје влијае на плодот? Цело време размислувам што се може да му се деси на бебето и дали тоа ќе излезе здраво, право и нормално Сеуште сум во рана бременост (13 недела) во која се оформуваат сите витални органи на бебето и невистина сум исплашена.
RE: Променливо расположение во бременоста 31.3.2013 13:00:16
masa
Nekoja rrka imase napisano deka peresrn moze da se pie vo bremenost,pa so ogled na situacijata ti preporacivam da pocnes da si pies!Normalno deka stresot vlijae na se,no mislam deka stom veke napreduva bremenosta,pomalku misli na toa I bebeto neka ti bide povod za radost,koga mislis na nego misli pozitivno da se otrgnes od sekojdnevnite problemi I pravi poveke raboti sto te ispolnuvaat , sto te pravat srekna,druzenje I razgovor so pozitivni licnosti..ti posakuvam se najdobro mila
RE: Променливо расположение во бременоста 4.7.2013 20:57:45
masa
На моменти добивам такви напади на нервоза што неможам да се конторлирам.Дури понекогаш промените во расположението што ги чувствувам потсеќаат на она што го имам читано за постпородилната депресија.Има денови кога одлично се чувствувам,но има и денови кога немам желба за ништо,се ме нервира и кога ќе ги растерам сите околу себе со часови седам и ништо не правам и тоа пак не ми помага.Дури ни ќерката неможам да ја истрпам ,а и навистина е напорна.Мајка ми ми вели дека мојата беменост влијае и на неа и дека иако секој ден прашува кога ќе се роди бебето и кажува дека го сака е на некој начин љубоморна.Мислите ли дека 3 годично дете може на таков начин да ги доживува овие промени?Навистина неможам доволни внимание да и посветам,барем не како пред бременоста,еве денес сакаше да возиме велосипед,а јас неможам од стомакот да се наведнувам,сопругот неможеше исто и почна да досаѓа,пискаше и плачеше за банални работи,на крај ја удрив.Сега требаше да испаднеме сите,а јас неможев и останав дома да се нервирам уште толку.А можеби и променливово време влијае зошто и останатите околу мене се жалат на промените на времето.Навистина неможам да се справам со промените во расположението,ако има некој некој совет што ќе ми помогне?
Искривените заби кај децата и кај возрасните се честа појава која може...
Анкета
imeto za moeto vtoro maze vanessa30
Aj ve molam za pomos okolu imeto za moeto vtoro detule, koe spored terminot treba da se rodi vo avgust - okolu praznikot uspenie na Sveta Bogorodica i sega sakame imeto soodvetno i da mu go dademe
Marijan (17%)
Marin (18%)
Martin (20%)
Marko (45%)
Број на сите гласови: 179
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!