pacuvce -> RE: Килограмите за време на бременоста (22.2.2010 22:46:20)
|
ВОДИЧ ЗА ТРУДНИЦИ Од каде доаѓаат сите тие килограми? Обемот на вашиот струк е 110 сантиметри. Тешко се движите, тешко станувате, ви претставува проблем да си ги врзете патиките. Со стомакот, јасно дека доаѓаат и килограмите, но колку килограми навистина е нормално да се добијат? И на што отпаѓаат сите тие силни килограми?Фактот дека жената во текот на бременоста на вагата добива сe поголема тежина има оправдани причини: самата матка тежи околу еден килограм, постелката околу 500 грама, плодовата вода еден килограм, а бебето пред самиот чин на породување меѓу 3.000 и 3.500 грама. Освен тоа, растат градите, се зголемува волуменот на крвта во телото и ткивото ја задржува водата. Резервите од вода служат како сигурност за да може да се земаат во итните случаи од ткивото, на пример за да се надомести акутното губење на крвта. Резервите служат и за да може жената да дои по породувањето без да зема многу течности. Трудниците обично се здебелуваат речиси за еден и пол килограм месечно. Од тоа, во првите три месеци само околу 50 грама отпаѓа на нероденото дете. Сето друго се распоредува на поддршката на феталниот состав, значи на постелката, плодовата вода, матката, тешките гради и на зголемениот волумен на крвта. Во текот на второто тримесечје од бременоста жената ќе се здебели цели шест килограми. Од нив речиси еден килограм отпаѓа на детето. Во последните месеци ќе добие уште дополнителни пет килограми. Просечно тоа е речиси 14 килограми, што е сосема нормално. Внимание: за да ги исклучите заболувањата поради зголеменото добивање на тежина во текот на само неколку дена, треба да направите контрола на крвниот притисок и на урината. Од каде доаѓаат килограмите? Тежина на детето 3.500 грама Резерви на мајката 2.000 грама Постелка 500 грама Плодова вода 1.000 грама Матка 1.500 грама Зголемување на градите (секоја 250 грама) 500 грама Зголемено создавање црвени крвни зрнца 2.000 грама Задржување на течности 3.000 грама Вкупно 14.000 грама
|
|
|
|