vektor -> RE: Килограмите за време на бременоста (17.3.2010 16:31:51)
|
Ставањето тежина во бременоста е нормално...но секако мора да биде постепено... до крајот на бременоста околу 12 кг... Секако, како и во се друго и тука има варијации...некој повише, некој помалку... И ненапредувањето во тежина може да биде знак за нешто... не треба да правиме паника, но треба да се следи редовно тежината... зголемената тежина пак исто така треба да се следи...таа може да значи дека трудницата јаде повеќе, но може да алудира и на задршка на течности (бубрежни проблеми, зголемен крвен притисок, ризик од прееклампсија) Гинекологот на секој преглед ја мери трудницата...и доколку не се става тежина треба да открие дали има причина за тоа... Делумно, поправањето зависи и од склоноста на организмот...како и пред бременоста некои жени се поправаат полесно, а некои и да сакаат неможат...Овој тренд најчесто се пренесува и во текот на бременоста
|
|
|
|