Heartbeat -> RE: Спонтан абортус (5.9.2013 2:06:46)
|
Не можев да си замислам дека ке ми се случи ова никогаш не помислив на ова,но го доживеав за жал како многу од вас. Толку долго го посакував,толку долго го замислував и кога најмалку очекував ми соопштија дека сум бремена,просто не знаев дали сонувам или навистина е тоа така,колку бев среќна никогаш не сум почуствувала таква среќа никогаш. Но на мојата среќа брзо и дојде крајот,за само три дена и тоа кобно утро кога видов крв и знаев знаев дека нешто не е во ред!!! Отидов во болница,ме прегледаа и ми рекоа дека се е во ред,го видов и неговото срценце како трепка толку ми олесна,и си реков уф добро е фала боже,ја примив терапијата но ме оставија во болница за да проверат дали ке биде се во ред. И останав,крварењето престана,се смирив си реков готово ке лежам нема прст да помрднам само се да биде во ред,но не беше се во ред не беше! Ноќта се разбудив беше апсолутна тишина сите спијат и сетив дека нешто не е во ред кога се видов колку крв ми протекла не можев да издржам пукнав знаев знаев дека толку е се чуствував празна одвратно грозно зоштооо зоштоо те сакам бебенце многу те сакам,зошто мораше да те нема...[sm=smiley19.gif] Толку бев среќна што ке те имаме сакав сите да знаат,сакав сите да ја почуствуваат нашата среќа,успеав да им кажам,но после ова се прашував сега што да им кажам на моите блиски како да им кажам,но тоа е реалноста,сурова,грозна што те крши на милијон парчиња,што физичката болка не е ни најмалку битна кога душата ти гори од тага кога го нема тоа нај убавото битие на светот .........Која судбина .. И не мора да се обајснувам за ужасните доктори не сакам ни да ги спомнувам,само колку не се хумани колку се нечуствителни,дали некогаш ке се замислат и ке се запрашаат како и е на оваа жена...Но не тоа не е битно,ти си само една од илјада и нема потреба од драми...Срамота!!!Те остават на милост и немилост ти ја уништуваат психата со нивните моронски разговори кој едвај успеваат да изустат нешто.... И сега го нема моето бебенце што требаше со пролета да пристигне,како ке живеам со ова како? Од една страна едвај чекам да можеме повторно да пробаме,од друга многу ми е страв од повторно да не го доживеме истото не длабоко во мене знам дека нема,нема ова пак да биде никогаш,но сепак последици остануваат пред ова не се плашев ниту малку не размислував на лошо мислев само да можам бремена да бидам само да дојде до тоа и се ке биде во ред,но не било така,еве осетив и се надевам никогаш вејќе не!!! П.С Нема утеха но мора да се замижи и да се продолжи полека полека[sm=smiley19.gif]
|
|
|
|