Hopeful RR -> RE: Спонтан абортус (29.3.2015 15:03:28)
|
wanna be mum, ми се скрши срцето кога те прочитав... [sm=smiley19.gif] знам колку ти е тешко, нема зборови со кои можам да ти олеснам или да ти помогнам. Можам само да ти го кажам е моето искуство, односно како ние со мм решивме да ја сфатиме нашата биохемиска бременост после четвртата инсеминација - ни беше голем чекор напред тоа што воопшто се фатило, што воопшто дошло до интеракција меѓу нас двајца, и јас искрено верувам дека ако се случило еднаш, ќе се случи пак. Нашата биохемиска не знаеме зошто се случи, и си викаме сигурно телото знае повеќе од нас, имало некоја причина, не бил ок плодот или којзнае што. Докторот апсолутно се согласи со нас дека ова е добар знак. Од тогашна перспектива, ни се гледаше дека се фаќаме за сламка, но токму тоа ни даде сила да продолжиме понатаму. Иако тоа така заврши, бевме среќни дека ете, две - три недели сме биле бремени, се создало едно мало чудо од нас двајцата... Кај вас ова е уште позначајно, бидејќи беа две, и бидејќи имаше и срцева акција, што е мноогу многу важно. Хематомите се опасни, знам, и јас имав еден голем, но тоа е, не можеме да знаеме како ќе се одвиваат работите. Немој да дозволиш ова да те обесхрабри и да те депримира, и обиди се да го сфатиш како знак дека телото си препознало дека ете, нешто не е во ред, не бил сега правиот момент, ама следниот пат ќе биде поинаку, сигурна сум. Тука сме за тебе [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|