AnnaMolly RR -> RE: Спонтан абортус (1.10.2014 9:03:46)
|
Лукас, мила, најпрво што треба да направиш е убаво да си се исплачеш! Јас три дена без престан плачев, викав, цело време плачев! Мене ова ми се случи во 16 недела од бременоста, ама тебе во бајаги поодмината бременост, па сигурно и твојата болка е огромна! Најмногу што можеш поминувај време со Лукас, НИКАКО не седи дома, излегувајте, шетајте... Болката никогаш нема да се изгуби, но полека ќе научиш да живееш со тоа. Леона никогаш нема да си ја заборвиш, НИКОГАШ. Немој да се откажуваш од друга бременост, советувај се со гинеколог и повторно обидее се, ќе му подариш на Лукас братче или сестричка. Точно знам како ти било тие денови на клиника, јас 4 дена го раѓав таму моето мртво бебе (и тој си имаше име, ќе се викаше Димитар). Пак ќе ти повторам, НИКАКО немој да се откажуваш, гледај си го Лукас, тој е здрав, прав, само да си и ти здрава и жива и ќе си имаш пак бебенце. Сиииииииииилно те гушкам и се надевам дека ќе помине и овој пеколен период што поскоро!
|
|
|
|