|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  29 30 [31] 32 33   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Ортопед
25.7.2013 8:35:59   
JovanaJ
Ovaa tema e za bebinja ama ne najdov druga.
Majka mi se snimala i i rekle deka ima nekoj seriozen problem so prslenite i deka verojatno treba da nosi nekakvo pomagalo/pojas, i deka treba da se javi na ortoped sto pobrgu. No koga barala maticnata da i zakaze nikade nemalo termin pred Oktomvri.
So ogled na toa deka verojatno ke treba da nosi nekakov ortopedski pojas, koj sto mozebi moze da se zeme so kartoni, moze li da mi kazete dali poznavate nekoj ortoped privaten koj raboti so fondot.
Sekako ne ni bega privaten, zatoa sto ke odime sto moze poskoro, no sakav da prasav da ne slucajno poznavate nekoj sto raboti so fond.


_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 751
   RE: Ортопед
9.8.2013 11:03:35   
marija/
Здраво мамички, јас само да кажам дека бевме на преглед и поминавме супер , дури докторката не пофали дека има совршени колкчиња, ан еоној од градска болница ни рече дека треба да носи некакви ортопедски гакички, доборо е што не сум и ги земала, значи според мене треба да се обара и друго мислење user posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 752
   RE: Ортопед
9.8.2013 11:07:28   
sandriana RR
/marija баш ми е мило што е се во ред. Браво за вас user posted image
Ете, човек не треба веднаш да се помири со првичното мислење, секогаш е добредојдено да се слушне и второ.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот marija/)
Непосредна врска до пораките: 753
   RE: Ортопед
9.8.2013 11:21:14   
marija/
Така е user posted image поздрав до вас user posted image user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 754
   RE: Ортопед
8.9.2013 11:24:59   
Melanija RR
КОга прв пат се оди на ортопед и предлог доктор за во Мајчин дом,како оди таму со закажување или кој доктор ќе се погоди тој?Совети.Фалаuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот marija/)
Непосредна врска до пораките: 755
   RE: Ортопед
8.9.2013 11:36:43   
Hunny
Јас ќерка ми прв пат ја однесов кога имаше 2-3 недели. Докторот ни рече дека е најубаво да ја однесеме , затоа што на ГАК не ги прегледувале. Па и подобро што ја однесов тогаш, бидејќи се спасивме од широк повој. Инаку за они деца што се прегледани по раѓањето првиот преглед треба да биде на 3 месеци, па на 6 итн.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 756
   RE: Ортопед
8.9.2013 11:36:51   
rina13
Ние бевме на 3месеци прв пат.Нз како е во мајчин дом, може да им се јавиш сигурно ќе ти кажат како функционираат со закажување прегледи.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 757
   RE: Ортопед
8.9.2013 14:59:16   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

КОга прв пат се оди на ортопед и предлог доктор за во Мајчин дом,како оди таму со закажување или кој доктор ќе се погоди тој?Совети.Фалаuser posted image

Во мајчин дом е со закажување, и се чека отприлика 1 месец, така беше до пролетва, кога ние бевме последен пат. А прв пат бевме негде на 2 месеца, значи можеш да се јавиш веќе, да ти закажат.
Ние одиме кај др. Марта Фотева, зошто од првиот пат,кога не знаев кај кого да закажам, ми закажаа сестрите кај нејзе. Не е многу зборлива докторката. Има една постара жена, професорка - случајно ја имам среќавано по ходниците, и ми има остаено прекрасен впечаток. Не и знам име, ако некој ја препознае, нека пише име. Прегледите се на 3 месеци потоа, до проодување.
Мој предлог е др.Темелковски, на приватно, од причина да не малтретираш дете по ходниците во Мајчин Дом, бидејки е ужасна организацијата таму. Темелковски е во Н.Лисиче на почеток и не е многу скап - до кај 1000 денари е ехо и преглед, а човекот е стручен.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 758
   RE: Ортопед
8.9.2013 15:31:30   
zzaa

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

КОга прв пат се оди на ортопед и предлог доктор за во Мајчин дом,како оди таму со закажување или кој доктор ќе се погоди тој?Совети.Фалаuser posted image


Da vo majcin dom e so zakazuvanje,jas zvoniv vo april da mi zakazat za vo maj ama mi zakaza za avgust,zboram za pred edna godina sega neznam kako e mozebi ide pobrzo.
Prv pat ja odnesov na 2 meseci,ja nosam vo Remedika kaj Ivanka i sum mnogu zadobolna,sega malku e skapo 1300 pregled,ama pak ne e mnogu cesto ja nosev na 2 meseci na 6,10 i sega narednata kontrola ni zakaza na 2 godini.

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 759
   RE: Ортопед
10.9.2013 22:46:54   
Nadia
Ќе може ли некој да ми каже број за контакт на Др.Темелковски, која е цената на преглед со се ехо и дали треба упат за кај негоuser posted image

(Одговор на членот pepuska)
Непосредна врска до пораките: 760
   RE: Ортопед
10.9.2013 22:59:10   
sandriana RR
Надиа, за кај Темелковски не треба упат, само закажување по телефон, а преглед со ехо чини околу 1000 ден. Контакт ќе ти пратам по пп.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Nadia)
Непосредна врска до пораките: 761
   RE: Ортопед
26.9.2013 10:22:31   
bebuv4eto
Na moeto bebe glavceto se uste mue splesnato t.e ramno se macime da go vrtime na strana ama stom go zavrtime toa pak si legnuva pravo i taka celo vreme i nikakov efekt a veke ima 4 ipol meseci, e sega mm prebaruvase na internet edni pernici kako so dupce vdlabnatina na sredinata za kaj so treba da lezi so glavceto i demek taka ke se oformelo ama do 6 meseci ako se stava e nasiov veke napravi 4 ipol i nexnam koj efekt ke go ima xa mesec ipol uste a i neznam voopsto dali se efikasni vakvite pernicinja, ako imate nekoja od vas nesto slicno so bebusite i ako znaete za pernicinjava i ako ste gi koristele ve molam kazetemi kolku se efikasni i ako se da poracuvame oti nemame veke vreme da mislime...

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 762
   RE: Ортопед
26.9.2013 11:02:37   
sandriana RR
bebuv4eto, најдобро консултирајте ортопед по ова прашање. Лично немам искуство со вакви перничиња, можеби некоја мамичка ги користела, но сепак, јас би се обратила уште еднаш кај лекар. Можеби нема потреба од нив, едноставно, со тек на време ќе се оформи главчето.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот bebuv4eto)
Непосредна врска до пораките: 763
   RE: Ортопед
2.10.2013 16:35:11   
Елен
До сите мајки што се размислуваат каде да го однесат детето на преглед кај ортопед
Мој совет- НИКАКО КАЈ МНОГУДОБРИОТ стручњак Видоевски
Докторот работи во тотално НЕХИГИЕНСКИ услови, кога ке влезеш пд врата започнува веднаш со нападни разговори кои немаат крај и глумење како во Драмски театар а детето за тоа време го соблака и седи голо за да настине.. Раце миење пред преглед што беше тоа... За да ми објасни како детето се потело, пред мене и сопругот си го излижа прстот показалецот и му дуваше на прстот и со такви раце ми го фаќаше детето кое има месец ипол... Не знам како луѓево со цел памет закажуваат кај него и нема термини од презафатеност... Мене на се ми личи али на доктор не личи... Ни мантил не носи... По фармерки шета... До сите оние кои се разумни мајки и сакаат детето да го однесат во нормални услови за преглед да не го носат кај Др Видоевски зашто само може да се разболе од таа гадна ординација... Кога се подразбира ординација а поготово приватна каде пчлаќаш 1400 денари за шпреглед треба барем да биде чиста и хигиенски нормална... Се каам што послушав препорака од пријатели да го однесам детето и дури се прасувам како можев да бидам неодговорна мајка да го малтретирам детето по такви гадни места... Згрозена сум и забезекната од непријатното искуство... Срам ми е што во Македонија таквите доктори се сметаат за најдобри...

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 2.10.2013 21:50:17 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 764
   RE: Ортопед
2.10.2013 16:58:07   
rina13
Прво човекот е беспрекорен професионалец.Непосреден и секој апсолутно секој збор му е издржан со факти.Ординацијата е чиста и не сум слушнала дека некој фатил зараза.Баш добро што не носи мантил нема потреба и онака работи со дечиња кои многу често имаат уплав од истиот, сигурно не се валкал во кал пред да иде на работа.Подобро секој ден во различна гардероба одколку цел месец во еден ист мантил.Како и да е не може сите да бидеме задоволни од секого,но штом е толку гужва и 99,9% од пациентите се задоволни тоа говори за каков калибар на ортопед станува збор.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 2.10.2013 17:26:23 >

(Одговор на членот Елен)
Непосредна врска до пораките: 765
   RE: Ортопед
2.10.2013 17:33:09   
vezilka RR
Здраво Елен. Најпрво сакам да ти посакам добредојде на нашиот форум и се надевам ќе се читаме и по другите теми. Навистина ме зачуди со постот оти до сега немам слушнато ниту еден лош збор за човекот, и баш ми е жал за лошиот впечаток. Се надевам ќе си најдеш посоодветен ортопед за твоето бебче.

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 766
   RE: Ортопед
2.10.2013 21:46:28   
Hunny
Секогаш кога сме биле кај Видоевски и кај докторката што работи со него било чисто. Баш ме чуди коментарот. Моето дете баш и не сака бели мантили, па и не ми пречеше што е по фармерки. Моите комшии имаат дете со церебрална парализа, кое мораше да биде во количка. Благодарение на вежбите кај овој д-р, сега оди со помош на родителите.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 767
   RE: Ортопед
2.10.2013 22:28:20   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Елен

До сите мајки што се размислуваат каде да го однесат детето на преглед кај ортопед
Мој совет- НИКАКО КАЈ МНОГУДОБРИОТ стручњак Видоевски
Докторот работи во тотално НЕХИГИЕНСКИ услови, кога ке влезеш пд врата започнува веднаш со нападни разговори кои немаат крај и глумење како во Драмски театар а детето за тоа време го соблака и седи голо за да настине.. Раце миење пред преглед што беше тоа... За да ми објасни како детето се потело, пред мене и сопругот си го излижа прстот показалецот и му дуваше на прстот и со такви раце ми го фаќаше детето кое има месец ипол... Не знам како луѓево со цел памет закажуваат кај него и нема термини од презафатеност... Мене на се ми личи али на доктор не личи... Ни мантил не носи... По фармерки шета... До сите оние кои се разумни мајки и сакаат детето да го однесат во нормални услови за преглед да не го носат кај Др Видоевски зашто само може да се разболе од таа гадна ординација... Кога се подразбира ординација а поготово приватна каде пчлаќаш 1400 денари за шпреглед треба барем да биде чиста и хигиенски нормална... Се каам што послушав препорака од пријатели да го однесам детето и дури се прасувам како можев да бидам неодговорна мајка да го малтретирам детето по такви гадни места... Згрозена сум и забезекната од непријатното искуство... Срам ми е што во Македонија таквите доктори се сметаат за најдобри...

Елен,добредојде на форумов.
Да те прашам само дали прв пат воопшто носиш дете на ортопед,или си имала искуство на друго место? Дали можеби си била во Мајчин дом на преглед? Мила,таму ако одиш,плачеки ке си заминеш - верувај!!!! Прво закажуваш три месеци однапред,одиш таму се убиваш од чекање,го регледуваат детето како кутре ( 1 мин ) ти пишуваат на лист и ти викаат пријатно. Ако ти свртат еден муабет треба да си среќна. А за зарази да не правиме муабет. Во мајчин дом ако не се разболиш,никаде нема да се разболиш..Те молам не се обидувај да го ругаш овој доктор,навистина не држи вода. Да не е во ред она што ти го кажал,да ти дал погрешна дијагноза,да направил лекарска грешка - да,ке те сватам,ама заз неговата стручност никој не му е рамен. Се што кажува овој човек,држи вода, Не те спречувам да имаш лошо мислење а него,но еве нареден преглед оди на друго место ,па напиши споредба. Поздрав

(Одговор на членот Елен)
Непосредна врска до пораките: 768
   RE: Ортопед
2.10.2013 22:58:27   
mommy_angels RR
И да се надоврзам на миана пристапот му е навистина добар и со дете и со родител и пред се отворен,можеш да му поставиш 101 прашање и на сите ќе ти одговори,а тоа го нема дури ни кај другите ортопеди во некои од поголемите приватни болници,а за државниве да не ни спомнувам

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 769
   RE: Ортопед
21.10.2013 18:54:00   
Melanija RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Надиа, за кај Темелковски не треба упат, само закажување по телефон, а преглед со ехо чини околу 1000 ден. Контакт ќе ти пратам по пп.


И мене ми треба контакт и каде точно се наоѓа ,се откажав од мајчин дом.sandriana RR кога ќе можеш пиши ми ПП

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 770
   RE: Ортопед
26.10.2013 14:01:18   
Melanija RR
Се јавив да закажам кај др.Темелковски и ми викаат дека работат само поладне,демек па зависи од 18 часот???
Може некој да ми потври а штом ги најдов во сабота тогаш од колку работат?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 771
   RE: Ортопед
26.10.2013 14:19:46   
sandriana RR
Работат само попладне кај Темелковски, зш човекот посабајле е во Мајчин Дом ангажиран, ако не се лажам. Веројатно сестрата седи, за да закажува.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 772
   RE: Ортопед
26.10.2013 21:53:25   
Bela rada
Драги р-раjkи. Минатата недела бевме во на прв преглед kaj д-р Роза Толевска Дзолева (Маjцин дом). Од пристапот и прегледот сум задоволна, ама беше прекратко (2-3 минути) цел преглед. Бидеjки е за нашите наjмили би ве замолила доколку некоj има искуство со таа докторка, да го сподели. Ви благодарам.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 773
   RE: Ортопед
6.11.2013 14:47:36   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: tnade

mislam deka malku zalutav ama ajde pomossssss, kade da ja najdam temata za ortoped, potocno vcera koga ja oblekov kerka mi za vo gradinka gledam kaj kolencata vo toj pravec vnatresno uste izrastok kako caska od koleno....krivi noginja, uff ne zanm kolku me razbravte ama mm me ubeduva deka e mala ke se sredi a jas pusta majka sakam da se konsultiram so lekar i da procitam vasi iskustva na ovaa te



_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Luci)
Непосредна врска до пораките: 774
   RE: Ортопед
28.11.2013 8:20:12   
mommy_angels RR
Вчера ја носевме А на ортопед и се си е супер user posted image user posted image на мама
Само ми рече да ги допие перлите што ги имаме,а потоа да и купам некој од сирупите со витамин Д во комбинација што се со други витамини. Така било подобро,па ајде да го послушаме user posted image

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 775
Страница:   <<   < Претходна страница  29 30 [31] 32 33   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  29 30 [31] 32 33   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?